Не личам на никој по изглед, на сестра ми едино, само што имам дупчиња на образите кога се смеам исто како татко ми, и по карактер сум на татко ми. А за изглед уникат сум, најубава од цела фамилија.
Физички личам на мајка ми, иако нормално дека тоа не можам сама да го забележам добро бидејќи кога се гледаме самите се гледаме до ситници и ќе најдиме разлики. А, сите ми викаат дека многу сум личела на мајка ми. На мајка ми исто така ја имам наследено емотивноста, кога ќе седниме двете и гледаме некој тажен филм или све за љубав си плачиме заедно, исто многу лесно може да ме расплаче некоја неправда или нешто што ќе ме изнервира. Ги имам и нејзините зелени очи. А, на татко ми имам наследено тоа што паничам при одредени ситуации, се да е средено, на друго не ми текнува...
По карактер на татко ми, фала богу. А со никој не си личам. Ниту сестра ми ниту јас не си личиме со родителите, ама ние две сме ептен исти.
Не личам на никој посебно, малку повеќе на мајка ми ама и многу личам и на братучед ми, мешано. Кадрава коса имам на дедо ми. А во карактер незнам сепак мислам дека карактерот неможеш да го наследиш од некој, освен некои карактерни особини од парадедо ми- штедам многу .
На мајками оригинал имам нешто и од таткоми ама многу малку и однесување навики изглед се на мајками како јајце на јајце
повеке на таткоми и неговата фамилија.... висока девојка, очи, усни, облик на лице, нос--татооооооооооооо
Мислам дека имам по малку и од двајцата, ама од друга страна си имам и нешто свое Посакувам да можев да ги искоренам сите негативни особини, од која и страна да доаѓаат.
Кога станува збор за физичкиот изглед, имам црти и на мајка ми, и на татко ми. Комбинација од двајцата. Инаку, кога станува збор и за однесувањето и карактерот, можам да кажам дека исто така делам некои од мислењата со моите родители, иако некои од моите ставови се разликуваат од нивните. Јас имам друг поглед кон некоја одредена тема, додека тие имаат друг.
Тело,очи,усни и тен на мајка,а вилицата на татко..У карактер не сум дефинитивно на мамјка ми ...незнам дали сум на тато оти немав време вистински да го запознаам Spoiler Почина кога бев мала
Јас тотално во ништо не сум како нив. Тие обожаваат месо- јас вегетаријанец Тие се дебели- јас слаба Тие мразат читање- јас обожавам Тие се спанковци- јас можам без спиење и неколку дена Тие здрави ко дрен- јас барем еднаш во месецот се разболувам Туе мразат дречливи бои-јас ги обожавам