Физички мешана сум. Еден вика на мама, друг дека личам на тато. Карактерски, кога ке размислам на никој Како мала си мислев дека сум посвоена оти не личам само на мама или само на тато
Физички изглед - копија на мама ама карактер копија на тато , и сум горда на тоа а понекогаш ја излудуваме мама со тато
Физички како мајка ми,значи copy-paste Ама карактерно цела на татко ми,и позитивни и негативни особини све негово
На двајцата по малку. А какви промашени карактери се и двајцата, страшно. На лик не личам на никого, имам некои црти по мајка ми ама не се приметува многу.
Физички на мајка ми, а карактерно ни на едниот ни на другиот Не знам што е, веројатно влијанија од надвор, ама јас си немам допирна точка со нив.. Чудна работа...
Па карактерно на мајка ми, а физички ни на едниот ни на другиот (некој изрод сум јас во фамилијата ).