Што се однесува на караткерни особини, не сум на никој, своја си сум. А во физичкиот изглед и од двајцата имам по нешто. Формата на главата ми е на татко ми, очите ми се исти како на мајка ми, а носот ми е копија на татко ми, само во многу помало издание. Устата ми е како на мајка ми. Татко ми има кадрава коса, кога сум се родила, се до мојата втора година и јас сум имала кадрава коса. Потоа ме исшишале на 0 бидејќи сум фатила вошки од поголемите деца во комшилук, што си играле со мене, и од тогаш ми расте права коса. Во телото не сум на мајка ми, таа има широки рамена, широка коска како маж, а на татко ми не можам да речам дека сум од причина шо татко ми е маж а јас сум жена. Така да незнам на кој сум во телото, можеби татко ми да бил жена би имал тело како моето.... кој би знаел....
Јас сум микс (на најдоброто ) од мајка ми и татко ми. На изглед сум неверојатно иста со мајка ми - од бледиот тен, па до градба, движења, говор на телото, цртите на лицето ни се совпаѓаат многу, дури имаме и бемки во исти облици на исти места од телото, до најситен детал значи. Ама, русокоса сум на татко ми, имам усни како неговите и табиет како неговиот - малку сум своеглава и се придржувам кон неговото „мото“ - низ животов си правам само работи кои не ми се наметнати и кои сметам дека треба да ги правам за да бидам среќна. Единствено бојата на очите не ми е како на некој од родителите - мајка ми има црни очи, а татко ми преубави зелени за кои и до ден денешен сум му лута, заборавил да ми ги нацрта и мене, баш убаво би ми стоеле на светлава коса. И стандард на секоја слава - роднините од страната на татко ми ми велат дека сум плукната на него, а оние од страната на мајка ми се колнат дека сум слика и прилика на неа.
Како татко ми иста и по карактер и на изглед. Татко ми секогаш вика: Аха, значи вака ќе сум изгледал ако сум бил женско А мајка ми често ми вика дека сум имала црти и на тетка ми (сестра на тато), што значи дека цела сум како фамилијата на татко ми.
Мешана. Очите, ушите, косата на мајка ми. Носот, устата на татко ми. По карактер не сум на нив, сосема сме различни.
На татко ми и по карактер и по изглед .. ништо немам на мајка ми секогаш сакала да личам на неа ама сеа пуста среќа хихихих
Мешана сум. На лик личам малку на мајка ми, а очите и устата ми се на татко ми. Карактер- цела на тато. Proud of that !
Јас не знам дали повеќе личам на мајка ми или татко ми. Секој различно ми вика. Имам запиметено дека некогаш некои движења ги правам како мајка ми, а суровата смисла за хумор ја имам наследено од татко ми. Лошотилокот ми е наследен од баба ми по на татко ми страна. Мило ми е што немам виткана коса како татко ми туку права како мајка ми и што имам коцкесто лице како татко ми. Мислам дека карактерот не може да се наследи, зависи од периодот кога сте родени, јас сум во Јарец па можам да кажам дека воопшто не го поистоветувам мојот карактер со тој на родителите.