Копија од Прада - Парадокс. Свеж, цитрусни ноти. Ама ќе видиме колку ќе трае. Засега не ветува трајност
Земав и јас копија од Бутик, и... Има иста трајност како оригиналот (ги имам двата). Многу ме изненадија, повеќе од тука ми се исплаќа да зимам.
Значи и оригиналот нема јака трајност? Мене многу ми се допадна копијата, и добив денес комплименти за парфемов
Повеќе комплименти имам добиено на копииве одколку оригиналите.. Мислам ова се должи на фактот дека дизајнерските парфеми со текот на годините се реформулираат да станат послаби, забележав дека во копииве на Бутик има многу голем процент на масла, а не алкохол, од тука ќе продолжам да нарачувам, стварно се исплаќа и ниски им се цените. Камо да можев сите пуни тегли да им ги зеам
Мене искрено не ми се допаѓа, не ми е јасен мирисов. Ни благ, ни свеж, ни унисекс, ни жествен, ниту една нота не препознавам, ќе да е до мене
Гледам многу го фалите ова на форумов, може да ми кажеш од кај го набавуваш? Ако знаеш од странство дали го има во некоја продавница, иначе од интернет не ми се нарачува оти незнам дали ќе ми се допадне мирисот.
Кај нас по моловите ги има. Ваљда на нивниот сајт пишува, би требало. Таму имало еден куп нивни продавници. https://www.lush.com/de/de/shops