Убаво мириса и на Зара овој, траен е со оглед на цената, 500-600 ден. мислам беше. Кристал ноар на Версаче, ми е премногу јак, траен е океј, ама за парите не дека нешто многу вреди.
Дааа, истиот мирис на Бекутан е Од Зегин е 279 денари на акција, го има и по маркетиве знам, сигурно и у Дм. Е сеа не е траен ама па за тие пари шо друго, барем убаво ми мириса.
Ја за овој парфем периодов имам добиено комплименти, како за ниеден друг поскап. А едно 2 години на полица ми стоеше и не сакав да го користам, не знам шо ми текна, си викам ај ќе го исшприцам вака за секој ден. Толку комплименти во живот немам добиено. Не знам ни дали уште го продаваат, ама ако го има, ќе си го нарачам пак.
Наназд неколку години само овој. Го најдов дека е чист без штетни материи и ми се допаѓа како мириса на ружа и пудра.