На My way. Предосаден ми е а ниеден друг не ми одговара. Ко ќе умрам со овај ќе ме закопат да им бидам повкусна на црвците.
Го има на фри шоп на аеродром и на грчкиот, а и во Викторија Сикрет продавницата во Белград. Имаат стално акција плати две, третото гратис. Кај нас го немам сретнато. Ама ич не трае, подобро парфем земи си.
Може точно називот на копијата или така да го барам? Го имам магнолија боди мист и ептен ми се свиѓа за сега.
Не е со кокос, ова се нотите: Мириса така летно, ко на креми за сончање, ама кокос нема во мирисов. Од Yves Rocher у Сити мол. Со кокос мене моментално спрејов ми има врв мирис Баш е кокос. @ancebanance да не те бунам, кокос има наведено, но не се осеќа воопшто. Мирисни го сама ќе се увериш. За Монои ова. Доминираат цветовите Тиаре и маслото Монои.
Па на кожа поише ми трае за разлика од некои овошни спрејчиња. Се осеќа ванилесто помешано со кокос. Шо знам, околу 2 саати интензивно, онака го осеќаш, не проектира лудо, тоа не очекувај, спреј е, откако ќе се исуши го осеќам на кожата ко мирисна трага.
Ај те молам сподели колку си задоволна од трајност и интензитетот. Оти Bright crystal ме разочара додека пак crystal noir ми е врв