Што би рекол Андрија од Andrija i Andjelka, имаме болест куповања парфема. Парфемититис Фала ти. На фри шоп ти е поевтин, да знаеш ако те носи пат за Грција. Сега видов, 98.90€ е 50 мл.
Хаха го обожавам овој розевиот и сите ме прашуваат кој парфем го користам, предобар е па сакам и други да пробам од нив.Светлорозевиот убаво мириса, треба и него да го купам ама ми е понежен за зима некако
Нема на што! И фала ти многу за инфото! Леле штом е така, или јас трчам натаму или ќе ги пратам моите со список да ми купуваат чим ме носи пат натаму хахаха! Фала ти пак, супер зделка е!
Уффф, нешто ми мириса дека нема да спијам вечерва, туку само ќе ја полнам мојата wishlist! Утре сабајле ќе ме најдете во Schatze хахахаха. Како тргнавме со муабетиве, гледам дека ќе излезам оттаму со полни кеси. Картичката кутрата ќе блокира, ќе треба на третман да ја носам со себе после ова за да ѝ направам еден добар ресет!
Дали во МК може да се најде или дамо Грција ги има? Задоволна си од трајноста? И предлог некоја друга копија на овој парфем?
Да, во Ист Гејт и во Дајмонд имаат продавница. Презадоволна сум и од трајноста и од проекцијата, имам и други парфеми земено од нив и мирисот е идентичен како оригиналот. До сега најокеј ми се нивните копии. Предлог за друга копија - Boutique de la parfumerie во Ист Гејт или Економик 335, само од Економик потешко се наоѓа бројчето така да гласам за Dust и за Boutique.
Сега ме збуна, на сликата го имаш ставено Интенсот, а предлозиве за Boutique и Економик се за обичниот Парадокс... Мирисите им се доста различни, овој интенс многу ретко го наоѓам во копии, никол го има, но само лоши коментари читам за нив. Исто и ола го имаат, но некако скапи се за да ризикувам да нарачам. Овој што го имаш е интенс? И ако знаеш дали online може да се нарача?
Извини, сега ми текна дека Економик само класичниот го имаат. Овој јас што го имам е Интенс, да. Не би знаела да ти кажам дали можеш онлајн да нарачаш од Dust, немаат сајт колку што знам. Евентуално да им пишеш на инста да ги прашаш дали праќаат. Boutique го имаа и интенсот порано, сега може моментално го немаат на залиха. Од Никол и Ола немам нарачувано. @MiloMalo мислам дека имаше нарачно од Ола?
@Rovena @Panda00 да да јас имам нарачувано од Ола и тоа 100мл,, се исплаќа искрено, помаслен е и многу долго се осеќа и проекција има ептен јака
@Rovena Сега прашав, сајтот на Dust + Cream моментално не е во функција. Можело да се нарача само преку Wolt.