Да не се фалам..но имам многу парфеми... па би сакала да ви ги кажам искуствата...Имам Келвин Клајн, Долче и Габана - The one , Би-ју љиљаков, Би-ју Црн (портокалов) Бон Бонс , Долче и Габана - Лајт Блу, Дејвид Бекам мислам дека интиматели се викаше , Цитру љиљаковв.. и други.. е сега.. овие што се Долче и Габана убаво мирисаат .. да ван е појак , а лајт блу е понежен.. ама и обата не траат долго... ми се чини дека по 10 минути од ко ќе се напрскам не мирисам на ништо..За Келвин Клајнот немам зборови.. предобар е .. има мирис на лимон а и многу долго трае.. Би-ју-то љиљаков не е нешто посебно , а црниот е топ.. Цитру-то е многу јак а исто и Бекамот..не се мој вкус... глава боли од јако што мирисаат..а Бон Бонсот..е топ .. иако Бон Бонс се децки .. овај е преубав...има мирис на ванила.. многу е свеж..и секаде кај што поминува човек напрскан со него , мириса... иначе е синотемен со бели облачиња.. Бидејќи не секој може да си дозволи скапи и оригинал парфеми би ви го препорачала.. цената му е до 200 денари максимум.. пробајте го.. по мое , нема да се покаете..