Ама у парфимерија се прснав, колку долго го барав и го најдов баш кога сум невработена, цела заштеда ми отиде во гардероба... Ќе почека.
Оваа зима, после не знам колку години му се вратив на мојот некогашен најомилен парфем. Толку ми е совршен, што да не имав остатоци од Лајт Блу-то на Долче, убедена сум дека ќе го користев и во текот на летото, гајле ми е што е потежок, битно има нота на кокос.
Се изненадив од трајноста . На една маичка имав прснато од пред 4 дена и сеуште мирисаше, дури и поубаво
Јас го имам Premiere Luxe и ми е преубав и траен. Ме интересира овој Premiere Luxe Gold Blush што излезе подоцна каков е, прилично поразличен од претходниот?
Јас не сум го имала Premiere Luxe така да неможам да коментирам. Но за овој новиов можам да ти кажам дека трае скоро цел ден на мене а на алишта трае се до наредно перење, искрено мн ме изненади. Главна нота на Premier Luxe Golden Blush е розата. Најдов интересна страна која ја користам при детерминација на парфем кој би сакала да го купам. Па може ке ти биде од корист. Повели линк. http://www.fragrantica.com/perfume/Avon/Premiere-Luxe-Gold-Blush-29163.html http://www.fragrantica.com/perfume/Avon/Premiere-Luxe-22208.html
Premier Luxe Gold Blush e dosta porazlicen od predhodniot. Obicniot Premier e pojak poblag i mi e nekako za ova vreme dodeka Gold Blush e nezen cveten i e za prolet/leto. Vistina e deka se istaknuva najmnogu rozata, no ubavo i nezno.