Овој парфем Enigmatic - Elode ми стоеше неотворен долго време, бидејќи имам отворено повеќе и сакам да ги искористам отворениве. Подарок ми е, а бидејќи имам специфичен вкус за парфеми, бев скептик за него. Денес се намирисав со него и се изненадив како ме погодиле со мирисот. Не е нешто траен, ама мириса добро.