Завршив 4та година гимназиско образование и бев на смерот јазично-уметничко Б. Јас сум креативна личност и сум заинтересирана за секаков вид на дизајн, уметност, музика, филм, пишување и психологија. Најпрво сакав да се запишам на графички дизајн, но скоро сите факултети за тоа се приватни Се мислев за Универзитетот во Охрид, но гледам дека е повеќе насочен на математика, физика, кодирање и некако не ме привлекува толку многу. Во слободно време пишувам песни, книги и сценарија. Во план сум да го научам FL Studio. Исто така дизајнирам интериори, логоа, облека и сл. Не знам што да запишам, а и не можам да најдам соодветен факултет. Помош!