Годинава првпат ќе одам на одмор со дечкото, и се организиравме со негов другар и девојка му да одиме во парови. Мене дечко ми ме праша дали сакам сами или да викне некој другар, јас му реков дека ми е сеедно, и натака он испланира се. Додека не пробам не можам да знам, ама мислам дека сами двајцата ако би оделе, неизбежно е да се растури калимерата. Мислам 10 дена првпат нон стоп заедно, кад-тад ќе се зарчкаме Вака барем има уште некој, the more - the merrier За феминките што пробале и вака и така, прашањето е: сами со љубениот или со уште некој пар на одмор?
За одмори сум секогаш за поголемо друштво без разлика дали се парови или не, од причина што секако ќе е позабавно кога се повеќе, а ако сакаш романтики нема да ти избегаат-не мора да си врзан со останатите, можете да одвоите и време за себе кога имате потреба. Ама обавезно да сте во свое студио или апартман
Не сум за големи друштва, не сакав ни кога бев сингл така ни сега...Колку и да сакаш моменти насамо, време за себе обавезно ќе се јави некој да те моли да шеташ со него по продавници на 40 степени да си купи нешто, или некој добил идеа да играме некоја супер забавна игра па ако одбиеш се чувствуваш како party breaker и такви ствари...Си го сакам мирот дури сум на одмор а ако сакам навечер некаква дружба, пијанка и сл. се запознаваме со некој на плажа или во хотел па не е проблем друштвото...
јас едвај чекам да заминеме... сами раат и лани бевме сами и ни беше супер да има уште еден пар е ок ама друштва no way на одмор сум појдена не на замор
Уште еден пар со нас. Сосема доволно. Не сакам гужви, караници и недоразбирања. А кога си со големо друштво тоа е неизбежно.
Од одмор со друштво се откажав пред некоја година. Првите неколку денови е ок, после веќе станува замор, секојдневно договарање, чекање за плажа, еден сака да искача, друг не итн итн. На одмор со големо друштво веќе не, а НИКОГАШ повеќе со женски во соба/апартман. Моите нерви тоа не можат да го поднесат Одиме сами со дечкото, најубаво ни е така сега за сега. А убедливо најлоша комбинација ми е и со дечко и со друштво, а особено ако не сте друштво што е заедно со години.
Како бе девојки ви е напорно да идете големи друштва, па сега ако не одиме по такви одмори, особено женски собрани, кога?!
На одмор би одела во секоја можна комбинација со пријателки,со друштво поголемо ,сама и со дечко.Не одбирам многу со кој би одела ,важно е да се оди надвор од градов и да си бидам со позитивни личности и тие што си ги сакам .
Сами, сами, сами. Во тие 10 денови имам очајна потреба да избегам од светот и од сите познати и непознати луѓе кои секојдневно ме опкружуваат. Доволен ми е тој. Или евентуално ако тргнувам во женско друштво, но не повеќе од 4 девојки. И во таа ситуација не сакам голема багра, едноставно е - колку повеќе луѓе, толку повеќе вкусови и карактери и повеќе потенцијални ситуации за нервоза и кавги. Лани бевме сосема сами и не ми беше досадно ниту секунда, напротив, уживав и се опуштив максимално. Дури немав ни потреба од куртоазно запознавање во автобусот или во хотелот, на плажата, поасоцијална не сум била во животот и супер ми беше. Вкусот со текот на времето се менува. Поминаа времињата кога делев камп со уште 5 луѓе во Љубаниште, или кога тргнавме во Бугарија вкупно 22 на број. Можеби тогаш ми било интересно (за волја на вистината не ми беше сосем ок, беше напорно и ужасно при крајот) сега веќе немам желба за такви егзибиции. Се' би било ок ако да речеме паровите со кои би тргнале на одмор се опуштени и незамарачи, ама на одмор си ги покажуваат сите вистинските бои, и увидувам дека се напорни стенкачи и кенкачи. Сакам да станувам рано за на плажа, и не ми е гајле ако другите си спијат до подоцна на пример, ги оставам и си одам. Не, господата се лутеле зошто не сум ги чекала. Или зошто не ми се одело таа вечер во дискотека или во кафиќ или обратно - зошто не сакам да играм карти и да гнетам гирици... мислам човече - на сите ни е одмор. Ќе правам што сакам јас, нема да ги прилагодувам моите желби на групата. Доволно го правам тоа во сите останати 355 денови од годината. Мора ли по дифолт сите да правиме едно те исто? И притоа некој да се лути кога друг сака да се оддели малку од групата? А со мојата среќа да ви кажам искрено, со право сум истрауматизирана од одмор со парови или голема група на луѓе. Па тука се случува кавга помеѓу дотичните љубовници, па трескање врати, па солзи, викање, па ајде ти теши ја момата, за некоја банална ситница, а ти доаѓа косата да и ја искубеш, додека момакот ги собира останатите младичи и киднуваат на локање... па сепаришење на машки и женски, малтене браќата, и завршуваш со куп моми околу тебе квакнати ко некои стринки, божем те спремаат за во харем... ма јок бе!
Па ако се плашиш да не се искарате,ондак плаши се еден ден кога ќе се земете што ќе се случува. Во пар,сами. Таму секогаш сме наоѓале друштво и при тоа без да ни биде гајле дали ќе се налутат или не ако посакаме да отидеме некаде на друго место,а во спротивно мора да балансираш,на сите да им угодиш. Се знае,никој со никого не е отиден и сите си прават како што сакаат, не ми треба блискост од не знам каков вид со тие луѓе за да си поминеме убаво. Сакаш сам,сам,сакаш со друштво,имаш друштво, без наметнувања и стеги. Вака багра,немој да мислиш дека ќе бидете имуни и ќе наидете на разбирање за потребата да бидете сами на момент колку и да ви се блиски луѓето. Па дури и јас би помислила - ако сакале да бидат сами, што не си одат сами на одмор,а не тука да држам тампон зона они да не му ја спукаат. Ако се оди со друштво се знае шо одмор е тоа. Со друштво е друга прича. Веќе ако решавам да одам со друштво,по дифолт се знае дека нема да се оди со пратња. Летово ете така.
На одмор за одмор, сама со него. На одмор за журкање - со него и со друштво. Уходани ни се друштвата, толку сме 6-7 души што сме блиски и кога ми е до журкање не ми е проблем да одам со нив некаде на неколку дена. Ама вака на одмор каде што планирам навистина да се одморам (колку пензионерски и да звучи, на мои 23 години досадни ми станаа лудувањата до наредно утро, хронична ненаспаност, повраќаници и караници), одам само со него и со никој друг. Плус ако ни недостига друштво, секогаш можеме да си најдеме таму некој. Господ не дал двајцата комуникативни, тоа би било најмал проблем. Огромен плус ми е тоа што имаме слични биоритми и навики за одмор. И двајцата сакаме што порано да одиме на плажа, не сме толку по рејџање на журки и сакаме да си правиме романтични излети. На иста фреквенција сме, и навистина нема потреба да се натегам со други кој каде сакал да оди и слично. Е после овој одмор ќе одиме на неколку дена во Охрид, да го фатиме Армин ван Бурен, ама ќе одиме со друштвото. Мило ми е што и во друштво нормално функционираме, не сме онаков пар што се лапа и лигави на секоја секунда игнорирајќи ги останатите, знаеме кога да сме другари а кога да разменуваме нежности. Како и да е, сами или не, летово ќе биде незаборавно.
Големо друштво, големи проблеми. Овој сака у 10 на плажа, тие до 12 сакаат да спијат, едни сакаат во тоа ресторанче, други во оноа. Јас апсолутно секогаш сум за колегијалност, никогаш не правам проблеми кај да се оди, сеедно ми е кога сум со мои луѓе. Арно ама црни овци секогаш има кои водат инат. А па караници помеѓу паровите, па не прават муабет, па смирувај, па нервирај се ... и за што? Одиш да се замориш од твоите пријатели. Сами, тука има мали проблеми. Проблем зашто ми попуштил да победам играјки табла. Јас и онака знам да победувам и без негова помош Најубаво е, организирани сме, си одиме рано на плажа, уживаме, се одмараме зашто баш тоа ни треба и онака имаме доста обврски и проблеми останатите 350 дена во текот на годината, ми треба одмор, не замор. А навечер сакаме си јадеме во ресторанче, сакаме коктелче, сакаме идеме во клуб и си се журкаме. Имав само на првиот одмор пред едно 5 години страв од тоа дал ќе ни е досадно, што ќе правиме сами, леле да не се скараме па спиеме на различни кревети А сега одвај чекам да отидам со него, најубаво, едноставно најубаво!
Има многу парови што кога ќе одат на одмор се караат. Фала богу што немам дечко и не мора да се замарам за одење на одмор со него. На одмор оваа година ќе одам со една другарка со која совршено се сложувам и знам дека нема да има кавги и глупости. Требаше да бидеме повеќе девојки ама не може сите не се сложувавме за на истото место, за некои парите беа проблем, за некои датумот. Затоа вака мирна глава и уживанција. Секако кога ќе се стигне во Лаганас сите ќе бидат со статус сингл... мислам не се оди таму со дечкото или девојката
Сами, зашто очајно ги сакам тие неколку денови кога нема да имам ламби над глава, кога нема да прашувам некој друг дали му се пие кафе, кога нема да мијам тенџериња од десетмина, и кога нема да исполнувам нечии желби за шопинг во 11 пред полноќ И згора на се, најмногу мразам кога тие со нас едвај чекаат да не видат насабајле и да не прашаат зошто синоќа креветот крцкал (искуство, пет години по ред) А бе сакам романтика, ќе имам, сакам карти да фрчат до ниедно време, ќе играм, ако сакам да се тепам, со него ќе си се тепам ама нема никој да ме мати цел одмор па да ми го направи замор Патем, од толку луѓе таму, секоја вечер ќе имам и со кој да си правам муабет и со кој да седам на тераса, и кој да го частиме пијачка, ама барем нема да има замерки кога ќе посакаме да си легнеме во 10.
Годинава требаше да одам со сестра ми сама на одмор, меѓутоа излезе големо друштво, така да...шта ќеш Се надевам нема секојдневно да мијам тенџериња и да правам кафе за десет души
Тотално се согласувам со Трендафилка. Постојано со дечко ми одиме сами на одмор и си поминуваме пре преубаво. Иако тој ќе рече а да одиме со друштво, јас нормално негативно ќе одговарам токму од тие заморувачко-папсани ситуации што ги наведе Трендафилка. Тој на шала ќе ми рече ти па со никој не сакаш да се дружиме. Напротив, јас сакам дружење но на дистанца, во никој случај на одмор, да ми се лигават и да ме заморуваат. Некако и дечко ми сега веќе сфаќа и дека не е баш јако да се оди со друштво, откако се изнаслушува од некои што биле на одмор со екипа па после тоа си се оговараат меѓусебно, па овој вака ми направи, оној нака. Нормално колку сето тоа мизерно звучи. А сами двајцата на одмор - РАЈ НА ДУШАТА (што е и главната цел од одморот).
Тип сум што секаде знае да се прилагоди и не би ми сметале и големи друштва ако знаат да се прилагодат и они како сите, а не да ми изиграваат памтни и лидери на групата на одморот. Ама прашањето е зашто бе баш на одмор да не си праам што сакам да морам да се прилагодувам на некој Кој како ги сфаќа одморот зависи, ја на пример идам за да легачам на плажа од 8 сабајле до 8 вечер, не ме интересираат некои си посебни журкања, и сеа ради некој да станам од плажа у 5 за да се смремам шминкам и замарам за у 8 у диско да бидам не планирам едноставно, и тука сите ќе почнат да мрчат, епа затоа е најдобро со што помалку луѓе да си на одмор. Што повеќе поглемо ќе биде и замарањето и се, сум била и со големи и со мали друштва, а убедливо најдосадни одмори ми се оние кај што се собрани 3-4 пара, а жениве една со друга не се мирисаат. Срање у боја! Лани со сестра ми и братучедка ми убедливо најубав одмор истерав, се согласувавме сите, горе доле исти желби си имавме и без расправии си го протеравме одморот. Сакаш поглемо друштво ќе запознаеш таму, ќе искочите во диско пијачка и толку, немора после цел ден на глава да ви висат. Сама со дечко не сум била на одмор досега, ама и немам некоја паника во врска со тоа, сме била по викендици на неколку дена сами, заробени на планина штом не сме се заклале добро е, ќе издржиме и едно летовање Оваа година одиме + со брат му и жена му, не ги знам баш што карактери се зашто не живеат тука, ама и нема да ни биде проблем ако сакаме да правиме нешто сами. Досадно во секој случај нема да може да ми биде бидејќи ќе бидам презафатена со шетање и разгледување
Зависи колкаво е тоа поголемо друштво. Лани бевме доста луѓе заедно, меѓу кои и парови и супер ни беше. Оваа година се очекува да бидеме некои шестмина и плус таму со уште некои пет дена ќе се гледаме, ама ќе видиме засега само двајца сме сигурни. И сами да одиме, нема да ми смета, првпат ќе биде, значи и така и така ми одговара секако ќе си поминам убаво, двете си имаат свои предности и маани, најважно е прво ти за себеси да си поминеш екстра, да си се изнашеташ, да се изнабањаш, изнасунчаш, изнасликаш, изнаискачаш, изнаодмараш, изнакупуваш... се се што сакаш да си праиш без други да ти го кројат планот
Се вика одмор, значи одиш да се одмориш, да полниш батерии, а не дополнително да се заморуваш, што за жал, се случува ако оди поголемо друштво. Како помлада, сакав одмор со поголемо друштво, а сега, дефинитивно сами... само така би се одмориле како што треба, а со поголемо друштво, макар биле парови со деца - не можам, едноставно не можам да се прилагодувам на нивните навики и планови, како што не очекувам тие да се прилагодуваат на моите. Ако ни треба друштво, секогаш се наоѓа некој расположен за дружба
За мене одмор стана sci-fi поим од кога сум со дечко ми, со оглед на тоа што мајка ми ми има ставено вето, едноставно не ме остава да одам со него. И за тоа се жртвувам и јас и он, три години веќе не сме биле на одмор, дека не сакам без него, а не сака ни он без мене. Зашто е битна информацијава? Зашто одговорот е дека посакувам одмор со него, тоа би ми било одмор во вистинска смисла на зборот,опција без него ми е незамислива. Секако плус пар-два, кои воедно ни се најдобри пријатели,исти карактери сме и воопшто не би ни било лошо сите заедно, нема распар личности во нашево мини друштво, така да дали сами ние двајца,дали плус со нив, исто е. Но,ова е све хипотетички. Тешко ми паѓаат ваквиве теми, ќе морам да одморам од форумов летово.