Сум идела и со дечко и со друштво и двата вида на одмори си имаат убави ствари но сепак одморот со дечко е далеку поубав Не се заморуваш со глупости и мн поубаво го доживуваш местото Едино не предлагам да ги споиш тие две заедно(друштво идечко) оти тебе ке ти биде преубаво со дечкото ама ке има љубомори поради тоа .па дојде ваму не дојде онаму и триста замарања.... Оваа година ке идеме со уште два пара таман ке има време и за луди забави и добар одмор
Со друштво. Можеби е и до годините, можеби затоашто и никогаш не сум била со дечко.. Ама тоа друштво да не брои 20 особи од кои секој има различен карактер, потреби и така натаму. Ете на пример во моето друштво сме 6-7 персони и ептен добро се сложуваме, лани бевме на одмор и искрено одлично си поминав. И фала богу немаше расправии од типот мене ме мрзи да мијам садови преска ја измив краставицата а ти само ја затвори чешмата, ти да миеш сеа! И тука кубење коси и викотници Уште кога стигнавме се согласивме да си седнеме убаво на маса и да се договириме. Сите ќе имаат нешто да работат, секако машките повеќе беа по вадање шпорети надвор или нешто во тој стил додека ние фини домаќинки мирно си ја вршевме својата работа. И летово иста прича ќе биде. Ние сеедно кога излегувавме наоѓавме некој па ајде една таква бурна ноќ, пиење, денсање во диско. Не бевме она апла сами са собом. Исто така, и кога седевме сами, во ниту еден момент не ни беше досадно. А да не зборам пак за одење на плажа или некој слуга да изиграва. Ќе станат тројца души, ќе испијат кафе и на плажа, ќе станат другите четворица и иста прича. Ма немаше никакво замарање!! Баш бев на одмор за да се одморам, и тоа со најблиските.
Кога бев немажена ,на одмор одев со друштво,и имам различни искуства и мемоари можам дури да напишам Кога е поголемо друштво навистина е тешко да се согласите околу се ,од кога се оди на плажа ,до што ќе се јаде денес,,, Но кога е човек помлад па и не му сметаат некои работи. Сега со семејство дефинитивно гласам да се оди сам.Па нели е тоа одмор семејството да биде заедно.Да се посветите едни на други.Сум била неколку пати со едни пријатели кои се многу подобро ситуирани од нас.И многу ми беше непријатно со нив.Зошто?Па не можам јас на децата денес да им дозволувам по 6 сладоледи,5 шишиња сокови и плус не знам колку конзерви пиво на плажа,зачинето со милион грицки.Просто ми беше непријатно некој да части и кога сакам и кога не сакам.А и да не го спомнувам запивањето на мажите Кога после еден одмор,му израчунав на оној мојон колку пари сме фрлиле на грицки и остали глупости,и поучена од алкохолизираната состојба на мојава појака половина,реков јас повеќе не одам на одмор со друштво.Оттогаш еве веќе 4 години сме сами и навистина се одморам,не сум оптоварена со готвење,спремам само тоа што ми е полесно и што сакаат моите деца,не се замарам со правење на кафиња во ниедно време и сецкање салати.
На одмор и со дечко и со друштво до душа сега прв пат идам со дечко на одмор а и друштво од 5 души со мене се надевам ќе биде интересно за карање сигурна сум дека за нешто ќе се срчкаме ама барем ете и друштво имаме не би требало да има големи компликации. Ние првин требаше сами да идеме ама ете и 3 другарки и 2 другари се решија исто за Бугарија па така да би требало убаво да се помине. А оние што ќе идат само со дечко на одмор нека не мислат за карање такви ствари нека гледат одмор да го поминат убаво и без расправии и исто така со тој одмор сигурно ке се зајакне врската и ќе бидете поблиски повеќе
Ако сакаш пријателите да ти останат пријатели - не оди со нив на одмор. (мој совет) Јас сум за сами! Јас, маж ми, син ми и доволно ми е. Тие се многу дружељубиви, па кај и да се, брзо стекнуваат нови пријатели. И јас можам, но не сакам. Јас сум дивјакот или стручно - асоцијална личност (со асоцијално поведение ограничено само во текот на летниот одмор).
Па би сакала да одам со друштвото на одмор .. веќе имам одено ама сакам пак.. ај наредното лето.. сега со мама и тато
Јас со мојов не можам да се договорам кога за на плажа, не пак со 10 души плус Спанко е, сака да спие до ниедно време, а јас сум ранобудна и сакам да го искористам денот максимално. Па ќе станам, ќе си го наместам креветот, ќе отидам до продавница, ќе доручкувам, ќе го прочитам цел весник, ќе сварам кафе, а он уште не е станат! И веќе тука почнувам да преземам други мерки, да му го тргам чаршафот и да го плискам со чаша вода за да стане На одмор секогаш одиме сами, ама таму си шириме познанства, па ја продолжуваме дружбата и кога ќе се вратиме во Скопје. Со нив не одиме заедно на плажа, туку најчесто излегуваме заедно навечер, си делиме такси и такви ствари. Одмор во вистинска смисла ми е оној на планина - кога немаме контакти со никој друг, освен по телефон, затоа што на километри од нас нема жива душа. Па можеме да се наспиеме убаво, да одмориме и да прошетаме на чист воздух. Нема интернет, фејсбук и такви ствари. Отсечен си од цивилизација, ама па некогаш таков одмор е се што ми треба. Одмор со уште некој пар - не. Имам другарка што имаше многу лошо искуство со тоа, на крајот се испокараа и сега воопшто не контактираат. Причините веќе ги навеле повеќето феминки во темава, па да не се повторуваме
Сосем точно. Мојот одговор, дека сакам друштво е од аспект на годините што ги имам-21. Не разбирам како моја генерација или уште полошо помали, се толку живчани да не можат да издржат повеќе луѓе или пак да им е проблем излегување во диско. Или јас покасно ја преживувам младоста, или овие помалите се многу порано проживеале, па на 19 години имаат потреба од пензионерски одмор со дечкото. Кога си веќче повозрасен нормално дека различно гледаш на поимот одмор и друштвото што го бираш.
^^ Ја не сфаќам што тебе толку ти е чудно во тоа некој да не сака низ соба да има уште 3 женски, да чека саат време за да се истушира секоја, да чека два саати дур да одлучат што ќе носат, уште два дур да се нашминкаат, да мора секоја вечер да се искача за другарката без дечко да бркне нешто, друга вечер да седиш у соба затоа што другата раскинала со дечкото и треба сите да ја тешиме, едната добила и не сака да иде на плажа нити да седи сама па мора некој со неа да остане, а да не зборам и за фактот што многу поголем број од женските се такви (со извинение) смрдли, што ги мрзи да си го измијат сопствениот тањир, а да не збориме за да си го средат куферот или купот облека што го расфрлиле вчера коа се спремале. А да не збориме ако идете големо друштво во кое сигурно некој со некого „не се мириса“ или се бивши или во најлоооош случај уште идат. Не, јас не сум изживеана пред време, нити толку живците ми попуштиле пред време, туку јасно и едноствано идам на ОДМОР, а не на ЗАМОР. Собирам цела година пари за да идам на море и плажа и да се одморам. Не собирам пари за да си дојдам преморена од одмор затоа што сум миела нечиви садови и не сум спиела 3 вечери затоа што некој од друштвото се начукал па мора да му држам леген за да не морам после да рибам што избљувал на тепих. Не верувам на никој што ќе рече дека на одмор со друштво никогаш не направил ниедна жртва, да не излезе или да излезе кога не го сака тоа, да иде на плажа покасно/порано исто кога не сака, се со цел да се ухода со некој друг од друштвото затоа што нели, идете заедно нема смисла да се двоите и да правите проблеми. И кога идеш само со една личност пак мора да има договор и ќе падне по некоја ситна кавга, а не па кога сте повеќе. Тие 300-400 евра што сум ги кратела од пари за јадење што ми давале нема да ги потрошам за да се вратам полна со негативна енергија затоа што сум преќутувала за да не се скараме таму, или како што пишав да си дојдам уморна од одмор! Ако имам случајно вишок пари еден таков викенд со друштво може да истераме, ама 10 или више денови не, фала. Што ако имам 20 години, тоа ли значи дека морам по дифолт да идам со друштво на одмор затоа што сум млада и покрај тоа што за мене одмор е скроз друг поим? Може моите искуства со друштва биле посебен случај, ама дека ако некој одлучи да иде само со дечко е намќор, изживеан пред време и без живци нема смисла да се збори.
Сама на одмор со дечко не сум била, секогаш сме оделе во пар со другарка ми. И секогаш сме се сложувале. Ќе си готвиме, средуваме, излеземе, се по терк и секогаш убаво сме си поминале. Од друга страна пак и не сме оделе некое големо друштво. Последниот одмор во друштво ми беше лани со уште 4рица и пак убаво си поминав. Најбитното е да си го правиш тоа што ти сакаш и да не се замараш со желбите на другите. По некоја среќа ми се погоди едната другарка да го сака истото што и јас, па одморот ми летна по очекуваните планови и замисли. И плус, плажата ни беше преку улица, па и да не беше она ранобудец како мене, сама ќе си одев на плажа Е сеа, јас убаво си поминав, а за другите незнам битното беше што си го истерав одморот по замисла, без журки, гужви, брзања и такви ствари. Башка моиве другарки не се како на Крејзи другарките не се замараат со секакви глупости, идат за истата намена, одмор, а ете се погодивме сите 3 да имаме добиено додека бевме таму, па пак си седевме на плажа, си читкавме книги и си учевме шпански Зависи сепак и од друштвото и никој да не тера никого на било што Со дечко сама не сум била и незнам дали би одела сега. Мене нешто меракот многу брзо ми поминува, па страв ми е ако останам сама со него 10дена, кога ќе се вратиме ќе раскинеме (ова од изминати искуства, можда со правиот човек обратно би било )
Сум била на одмор и со цела “банда“ , сум била и со 3,4 луѓе...а и со дечко, па си поминав најмизерно на свет, едноставно за 10дена, ние не се расправавме се на се 3ч .... за тоа како сум поминувала, претежно зависеше од карактерот на другите. Јас лично се сметам за прилагодлива личност, кога сум на одмор не сакам никому да сметам, да му наметнувам кодекси на однесување и правила како треба да се одвива одморот, а истото го барам и за себе. Е сега секогаш кога правев што сакам и како сакам си поминував најубаво на свет, додека моментите кога требаше да се ускалдиме се дешавало да бидат напорни. Сега би сакала да одам на одмор сама со маж ми, без друштво, да се изнауживаме. Едноставно знам дека би си поминала прекрасно. Може и да имаме таму друштво, но да не сме врзани со тоа друштво, пак сами да си го организираме времето, без да треба да се договарам со некој нешто, туку кој сака знае каде сум , кога сака нека дојде.
Овде ќе морам да се согласам со Peppermint. Лани ја имавме таа "среќа" да се срчкаме со една другарка, и колку детски и да ви звучи.. ситуацијата го достигна тој врв што таа сакаше да си оди предвреме. Оваа година такви глупости со сигурност можам да ви кажам дека нема да дозволам да ми се случат. Секој ќе рече "ех, епа ако им е, не се оди со секој на одмор"... верувајте ми, една од најблиските другарки ми беше а ете сега не зборуваме скоро една година. Оваа година, некаде крајот на август или почетокот на септември ќе одиме со лепотано сами без грижи ко на пример : - леле шо ќе правиме сами 24/7; - сигурно ќе се караме; - а шо ако ми стане досадно; Луѓе... затоа секогаш имаме избор. Ако вакви работи ме секираат воопшто нема ни да одам на одмор со него. Голема среќа што скоро никогаш не ни се косат интересите. Сакаме исти работи, имаме исти очекувања за тоа каков треба да ни биде одморот а и двајцата сакаме да се направеме парче.
Јас искрено не се ни дружам со женски или машки што ги прават работиве што ти ги наброја, дал на одмор, дал не на одмор, сеедно-ако некој се однесува вака ти како што наброја, можам да замислам општо каков карактер има, па таков некого не би договарала макар сама требала да одам на крај. И не, не значи по дифолт дека ако си млад треба да ти е друштвото забавно, туку треба природно да ти дојде таква желба. Сум била со 6 другарки на одмор, со сите нив се знам многу добро и се дружиме долго време и сме поминувале неверојатни и сложни одмори. А реално, жртвите кои за ти збориш, не дека нема да ги правиш ниту со дечко-еден ден ни со него нема да се погодиш на која плажа да одите или дали да излезете. Па, можно е и неговите садови да треба да ги миеш. Ако некој сака одмор скроз по негова мерка, без ниеднаш да се изнервира или жртвува за ништо, постои и опцијата сам на одмор. Не знам, тешко да се разбереме, веројатно е до карактери и искуства.
со поголемо друшто нажалост оти е ептен поголемо ...баш би сакала да имав дечко со него да го поминев одморот..
:И со друзство сум била само девојки и супер сме си поминувале,и со децк ми,последните 2 години со децко ми сами одиме на одмор и супер ни е
Според мене најубаво е да се два до три пара, или ако е друштво,а не парови тогаш не е проблем да е големо. Додуша се си е до карактерот на луѓето еве ќе зборувам конкретно за парови пред некоја година бевме апрови на одмор ние и уште еден, а таму се удруживме со уште два паре се беше убаво зезање смешки али ќе признаам дека мене ми беше поубаво со паровите што таму ги запознавме одколку со овој нашиов. Зошто? Зошто спрема овие немам никава обрска да ги чекам, да се договарам со нив туку фино лепо еј ние одиме таму и таму саката? Ако сакаат идат, ако не секој по својт пат без лутиш, а спрема оној нашиов пар не беше така треба да се договараш, па да се чекаш па доцнат ти туфкај се нервирај се они си се трткаат и така. Друго мислам дека овде и финансиите можат да бидат кочница, сте тргнале заедно на исто место тие сакаат луксуз, а вие тоа не можете да си го дозволите, неможете да си дозволите секој ден јадења по ресторани, секој вечер излегување и не за друго вас ќе ви биде глупо и незгодно.
Искрено-сами. Може ќе звучам недруштвена,несоцијализирана ама баш ми е гајле Сами од причина што сакам што сакам да правам,да одам,да јадам,да спијам како мене ми одговара. Сме биле и така и така,и дефинитивно цел живот би оделе сами. Не можам да се замарам за секој поединечно кој што му одговара.
јас од искуство секогаш би одела сама, но секоја година истиот проблем со дечкоми,,,, а срц сами ли ке одиме? да одиме со уште некој, што ке правиме сами? ... итн , утре ќе му ги покажам сите овие кометраи на фемина , да види дека не сум само јас таа недрузељубивата, дека повекето од вас го делат моето мислње,,,,
Ако одам со дечкото -сами(најубаво ни е) не зависам од никој одам кај што сакам, станувам кога сакам.. а не некој да ме тера да одам некаде каде што несакам или сл. А иначе за со поголемо друштво да- али со другарки само... а повеќе парови - не баш