За на одмор не сакам големи друштва. Еднаш во годината ми е одмор, не сакам да биде замор. Сакам да си правам се што ми е по кејф без да се прилагодувам на нечии желби или потреби. Сум одела и со помало, и со поголемо друштво-во вториот случај имаше толку многу караници и несогласувања што и одморот ми се одмили. Може звучам себично, ама барем кога сум на одмор сакам целосдно да си се опуштам и да се одморам во вистинска смисла на зборот. И со мало друштво може да биде и те како забавно, само треба да се погодат вистинските луѓе.
секогаш одам во големо друштво моментално сум во црна гора со братучетките,ама после ќе одам во охрид со друштво позабавно е така
Да ви раскажам случка од пред 3 години бев на одмор со дечкоми со кој сега сме верени.Тргнавме во Охрид ама неорганизирано со негово друштво и со женската на еден од неговите другари и плус 1 нејзина best friends да не одила сама и се утрупа се со нас . Е врвот беше што поради "исклучително добрата организација" распоредот беше да се расплачеш уште од старт и да добиеш претстава каков craizy одмор ќе се случи наредните 10 дена.Имено немаше доволно соби ни дадеа 2 а ние бевме 8 души од кои 2 пара.И сега замислете си го само распоредот дечкото на госпоѓицата која ја водеше другарката спиеше со останатите негови другари вкупно 4 во соба. Мојот најмил ја доби таа ЧЕСТ да има харем од девојки (современа верзија на Султан Сулејман).Во соба бевме со двете лепотици кои спиеа на едниот кревет, а ние 2 на другиот.Јас цел одмор ја имав фаца па да ти се плукна во одморот.Ни да се гушнеш ни да се залапаш како што треба, а за друго можевме само да фантазираме.Ако се земе во предвид дека тогаш бевме помлади и хормоните полесно ни вриеа тоа беше првиот период во оваа моја врска да останеме без секс буквално 10 дена и тоа на одмор кај што батериите ти се пунат и којшто треба да се одвиваат маратони на долги стази, а не како 12 годишнаци да се држеме за раце и да се гледаме во очи. Шлагот беше што имаше постојани кавги помегу султанките од големото друштво со останатите кои беа под нивен ранг и кои не ги исполнуваа нивните желби покорно и послушно.На крај половината си отидоа предвреме меѓу нив бевме и ние и така заврши нашиот незаборавен одмор. Е сега поука НИКОГАШ АМА БАШ НИГОГАШ НЕ ОДЕТЕ СО ГОЛЕМО ДРУШТВО МАКАР ТОА ДУШТВО ДА Е ТВОЕ.НИКОГАШ ДА НЕ НОСИ ДРУГАРКА КОЈА ТИЕ БЕСТ ФРЕНД САМО ЗАТОА ШТО НЕМА СО КОЈ ДА ОДЕ НА ОДМОР ДАЛИ ТВОЈА ИЛИ НА ПАРОТ КОЈ Е СО ВАС И НЕ ДОЗВОЛУВАЈ СО НИКОЈ ДА ЈА ДЕЛИШ СОБАТА АКО СИ СО ДЕЧКОТО. Јас имав микс од овие 3 работи и си поминав посрано во права смисла на зборот. Е следниот одмор беше Турција Јас + Тој= ФЕНОМЕНАЛНО.Кавги нема сретнавме луге од нашиот град со кои се упознавме и со кои ден денес контактираме(планирам да ги викам и на свадба).Со тој пар го поминавме целиот одмор, и 99% одевме секаде заедно само на моменти ни се разделија плановите.Значи сегде одите заедно, ама не си обврзан да одеш некаде ако не ти одговара само за да нема :'( :'( :'( и кавги оти сте друштво и да не се делете.
Јас годинава ќе одам на одмор фамилијарно,со мама тато и брат ми. И така ни е најубаво.Сами кога сме само ние. Пред 2-3 години,бевме со уште едно друго семејсто,ама знаете убаво беше навистина.Ама сепак,кога ќе ти речат стануваш,заедно одите на плажа,на јадење,шетате.Едноставно не е тоа одмор за мене,туку замор. Кога си сам дефинтивно е поубаво. А со поголемо друштво би тргнала само кога одам на одмор и на забава.Поголемо друштво само за ноќен живот според мене, 3-4 другарки ајде бидуват ама 10 е тоа на се личит само на одмор не Мое мислење
Значи и сами е убаво и со друштво Малку со друштво е проблем затоа што едни сакааат да одат некаде други не сакаата а така сами како и да е си имате најдено средна точка... Па ние лани бевме 5 семејства овде само две и преубаво си поминав а лани и се делевме и се едни не сакааат други сакааат...абе тоа не е одмор тоа е замор...А пак полани цело друштво на моите некаде 15 семејстваа ама деца бевме 4 деца и преубаво си поминавме т.е. само на две семејстава ....пошто доручек имавме од 7-9 наутро накај осум одиме послето одма на плажа накај 12 доеме си од плажа имаме пучек до 2 ч...полсе се одмореме кој сака оде на плажа и полсе вечера од 7ч и шетаме....... или карти играме...абе милина преубаво поминато ...ама многу е важно да ти се погоди друштвото..
Ма било како ми одговара, само да е одмор и луѓето да си ги одберам сама! Со нивна согласност Сум била и со дечко и со маж ми сами, со другарки, со парови па и како привезок еднаш на мојата другарка и нејзиниот дечко !!! И секогаш убаво сум поминувала. Сепак фала богу било тоа со луѓе кои ми се доста блиски, бидејќи не прифаќам да тргнам на одмор по било која цена и со било кој само поради фактот што во спротивно би останала дома. А бе кога ќе видиш дека со некои луѓе уште при договарањето за одење заедно на одмор, започнува тензијата-замислете само што ќе се случи ако сепак тргнете со нив. Аааа, не фала! Некои луге дури и ми се лутат и приговараат дека премногу селектирам, ама за доброто на сите. На друштво од 10 лица заминати заедно, доволна е само една личност од нив да им го загорчи одморот Така, ако веке некој е проблематичен, јас со него(неа) не одам на одмор, макар и сите од друштвото да се лутат. Убаво ми е и сами со маж ми, ама повеќе сакам кога има повеќе луѓе, ама сепак одвоено сместени и по можност со сопствен превоз Така ем си заедно, ем не зависите едни од други. Тоа ми е добитна комбинација!
Порано многу сакав со друштво , но сега веке не. Јесте да е забавно кога сме повеке, но со душа чекам да отидам некаде, да избегам од секојдневието, и ми треба малку мир. Доволна ми е една личност со кој ке се опуштам и уживам максимално. За досадно, нема да ни биде секако
Сами, со уште двајца најмногу Си имаме “одморско друштво“ и стандард ние одиме. Никој никого не го замара, тоа е убавината на одморот. А не сите мора се истовремено да правиме. Вака ако се погодиме - супер, ако не - пак супер. Кој кога сака спие, кога сака станува, кога сака на плажа оди, ако не сака не оди... неколку пати имам згрешено со повеќе луѓе да одам, па ќе се погоди некој лигав цело време не му чини, мора сите да шетаме, мора сите да јадеме, сите на плажа да одиме... Налет.
Сами најдобро, без замарање кој, каде сака да оди и што сака да прави, па од куртоазија да мора да го дружиме, а одморот е ограничен на некои 7 дена, кои не би ги жртвувала за да угодувам спротивно на мојата волја и потреби. Евентуално со помало друштво, ама максимум +2.
Odime skoro 2 godini,pa ovaa godina prv pat se odlucivme da odime na odmor.No,toj ke odi so drugarite vo odmaraliste,pa i jas ke odam tamu no sama(sekako ke izberat so koj da bidam vo soba,nema sama da sum).Pa si velam,dali e glupo toa sto toj odi so drugari tamu a jas kako da se "butam" i jas odam tamu?Toj veli deka saka so mene da e tamu i ne mu se bitni drugarite.
Јас така не би одела. Не би се чувствувала пријатно. Нека бира ,ако му се оди со другари нека оди со нив, ако му се оди со тебе одите само вие двајца. Или парови. Ако не му се битни што оди со нив? Ти ќе одиш таму сама или сите заедно ќе одите?
Poso od doma ne ni dozvoluvaat samo nie dvajca da sme,mene me pustat sama od doma da odam nekade kade sto ima i drugi,no sami so decko,ne.I zatoa mora taka.
Можете во парови да одите, можете машко- женско друштво да се соберете да одите.. не знам има многу начини. На твоите родители во ред им е сама да одиш некаде, а со дечко не?. Јас не би одела така. Не знам. Освен ако сум спремна сама да си го поминам одморот, бидејќи не верувам дека би поминувал баш цело време со тебе. Но ако тебе тоа не ти смета, тогаш само напред