1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    прв пат одам на одмор со керка ми,без мажот ми,и малце или малце повеќе сум загрижена.
    сакам да ми каже некој што е нај потребно кога се оди на одмор со мало дете,керка ми има само 3 и пол годинки,и сум збунета или да речам разсеана,и само планирам ова да носам она да носам,и знам на крај ќе земам работи што не ми се и баш нај потребни
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Вака.. направи си список -плажа, шетање, средства за лична хигиена, храна, лекови

    За на плажа-Гардероба...пр. фустанчиња за на плажа, маички-памучни со кратки ракави за да ја заштитиш од сонцето, капче или шеширче, купаќи се подразбира, папучки или апостолчиња за на плажа, играчки (кофички) за во песок, можеш и гума за пливање да земеш , млеко за сончање со фактор 50-ка.
    За шетање-гардероба, сандалчиња, чорапчиња, потопла облека-пр. тренерчиња, некое пролетно јакниче и сл.
    Лична хигиена-знаеш што си користите, па тоа ќе си земеш.
    Храна-за по пат, и за првиот ден на пр. додека се снајдеш со локацијата.
    Лекови-се` :lol: ...за температура, дијареа, алергии, земи си и Аутан против комарци, фластери, памук топломер,...
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    ^^^ и на крај целиот тој куп пред тебе преполови го и тргај :)
     
    На senjorita-v и simona12 им се допаѓа ова.
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Баш така, носиш, м`кнеш да не ти фали нешто...а уствари пола ќе искористиш :D :D а дали и толку :?:
    Како и да е, јас м`кнам се` и сешто, подобро да имам, него да немам. Никад се не зна :lol:
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    Па не е мала, јас првпат појдов кога малиот имаше само 6 месеци. Добро, не бев сама само по патот бев сама а таму ме чекаше мажот.
    Освен ова горе што ти е напишано, најбитен детал за мене се кремите со заштитен фактор, кофичка со сите пропратни средства за во песок за малата :) и лекови. Другото и да ти зафали се може да се купи.
    Не се оптеретувај со носење на се и сешто за да не влечеш багаж безпотребно, направи си список за тие денови додека си на одмор од летна гардероба и задолжително бар 1-2 пара со долги ракави за да во случај да залади времето.
    Убаво да си поминете
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Според мене за одмор со дете најважно е да се носи сируп антибиотик,Парацетамол ,Линекс и Електролит прашак.Од моево досегашно искуство можам да кажам дека децата се најнепредвидливото нешто.Доколку твоето дете спие со некое мече или некоја друга играчка обавезно земи ја и нејзе.За другите работи ти кажале останатите феминки.
     
  7. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Што мислите, дали дете од 3-4 месеци е доволно големо да се носи на одмор? Зборувам за блиска релација (во земјава) или сеуште е малечко?
     
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Од моето искуство со мали деца ќе ти кажам дека колку е помало ,толку е полесно за носење било каде. Јас син ми на 2 месеци го однесав на едно навистина долго и далечно патување и супер поминавме . Затоа на една година кога тргнавме на одмор до Халкидики душата ни ја извади ,што по пат па и таму ,качи температура ,доби дијареа ,повраќаше на неколку пати ,не сакаше да спие и уште еден куп други работи. Еве и сега кога треба некаде да се оди коса ми се дига ,затоа што секогаш нешто му се случува .
     
  9. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Син ми беше 5 месеци кога го носев на одмор во Охрид супер поминавме. Кога шеткавме си ги ставав во кенгурот и шетавме и по неколку саати , бевме сместени во хотел не губев време за готвење да требаше да готвам не бре не би одела за жива глава тоа ќе беше умор за мене доволно беше што станував по 2 пати на вечер за доење. Немавме никакви здравствени проблеми а цело време го шлапкавме во вода , се шеткавме на вечер ., знаеме колку е Охрид ладно навечер. Добро кажа AIT колку помало толку подобро барем нема да се тегните за во вода... Е годинава нема шанса да одам никаде на одмор ниту 2 дена познаваќи го син ми кој сега има 1год. и 4 месеци нема да седнам раат ниту минута. За мене годинава ќе биде умор а не одмор.
     
  10. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    ние отидовме кога малиот имаше 3 месеци,се плашев како ќе го дојам како на плажа ќе седам ќе плаче вака така ништо од тоа :) дали дека го смени воздухот абе на плажа спиеше како топ од можни 10 часа дали седеше 2 па и тоа дека бевме сместени кај боровите елките абе милина, и навечер му беше интересно дека разни светла луѓе само гледаше во количка го шетав и ќе гледаше ќе гледаше и по некое време заспало.Јас мислам дека што помало тоа поубаво на почетокот кога немав деца ги гледав другите и им се чудев како успеваат со деца не одмор замор :lol: ама не било така
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Нешто вакво да не сте виделе низ Скопје?
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  12. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    И баш тоа што нема да го понесеш ке ти затреба :D Ова ми се случува скоро секогаш,без разлика кај и да појдам :@
     
  13. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
  14. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Гледам ова алиекспрес често се користи. Имаат достава во МК?
    Иначе јас имам нешто слично, поклон ни е. Врска немам од каде и личноста веќе не е тука да ја прашам
     
  15. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Да имаат достава до Македонија , често порачувам од таму. Сега некоја достава се доплаќа , некоја не.
     
  16. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Мене прв пат на 5 месеци ме однеле во Охрид на одмор,имам слики :$
    Колку сум било слаткооо :inlove: :inlove:
     
  17. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    26
    Феминки сега се ближат одмори ,освен основни препарати што си носиме пишете како се снаоѓате со јадење на малите (2 год) ? Што готвите и што би понеле со вас за на плажа на пример да руча,дали зготвени јадења носите (домашни) во фрижидерче мало или сепак тие денови би поминале со купечки? Фала однапред феминки :*
     
  18. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Uste sega me faka panika sto kako veke vo glava imam film nesmeam da komentiram zatoa sto znam da napinjam uste nepocnato letoto a znam deka ke odime dalecna destinacija so 2 god. Dete okolu 12 saati vo kola pa sreka navecer ke patuvame kolku ke mi bide stresno of a í prv odmor ke mu bide. Taka da sekoj sovet ke mi bide dobrodojden. Nekako ne me plasat alistata í igrackite poveke koj antibiotici sredstva za losenje í takvi raboti .... iskustva
     
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.752
    Допаѓања:
    324.243
    Пол:
    Женски
    Не се плаши.Ноке подобро се патува,по свежо е и мирно.Ако има потреба и пауза ке правите.Може да го преспие патот.
    Антибиотик ке земеш онаков каков досега што си давала(нерастворен).Ако не дај боже има потреба ке го спремиш ти таму.Јас против лошење давам драмиме (мислам така се викаа) ама мојата е голема.Прашај кај матичен дали можеш и ти.Обавезно нешто против Т,ханзапласт,завој и нешто против изгореници на сонце.
    Ке се радува на водата мн нема ни да приметиш кај ви одат деновите.Полесно облека и капче секако на плажа.
     
    На senjorita-v и karak им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.430
    Допаѓања:
    200.999
    Пол:
    Женски
    Не му ја мисли. Се ќе биде во ред, посебно ако патувате ноќе, детето ќе спие најголем дел од патот.

    А за аптека - еве ќе ти пишам јас што носам обично:
    сируп/чепчиња за температура и топломер
    антибиотик нерастворен за секој случај
    пробиотик (линекс, пролајф, нормиа, дармфлора... кој било од овие)
    медицински јаглен за проблеми со стомакот
    лоратадин/авил ако имате проблеми со алергии
    фластери, завои, антибиотски масти (гарамицин, хлорамфеникол)
    средство против убоди (аутан, бекутан - ама колку помагаат...)
    средство за после каснување од комарци или повреди од медузи (камагел, фенистил)
    средство против комарци за во штекер или какво преферирате
    јекодерм, алое гел против изгореници
    средство за сончање со спф какво што сакате.
    Ако е уште детето со пелени, има специјални за во вода, ако одите во хотел со базен, не оставаат голи деца во базените.
     
    На karak и Kitten им се допаѓа ова.