17 месеци е веќе големо дете. Не би требало да имате никаков проблем. Ако сте на блендирана храна носи блендер со себе или нарачувај супа за него. Друга опција е да купиш теглички за бебиња од тука и тоа да јаде додека е таму. Јас за патување никогаш ништо посебно не сум му давала. Сме го носеле на 7 месеци во Охрид на одмор па на 8 и пол во Грчка, па на година дена во Боровец на зимување и на многу места после година. Никакви посебни припреми не сум правела освен што сум носела додека беше бебе храна за него. Лани на 19 месеци јадеше комбинација од ресторантска храна и кашички од тегличка. Со себе на одмор носам пробиотик, парацетамол и крема за ублажување на чешање од убоди.
Убаво што искоментирала феминката мене ми се најде мислењето. Исто главните оброци ни се блендирани а во мегувреме си каснуваме и неблендирани работи. Јас планирам и таму да правам кашички тогаш кога ќе одиме ќе сме скоро 18 месеци. Сакам да прашам кои креми за сончање сте ги користеле за оваа возраст и колку често ги мачкавте, дали да купувам специјална крема со заштитен фактор за лицето или не мора, сепак е многу мало дете. Исто така од оние спрејови за спречуваењ убоди од комарци колку често да се ставаат? И уште нешто, освен сируп за температура а и чепчиња ќе носам, сируп антибиотик, капки за нос и пробиотик дали ми треба уште нешто од лекови?
Еве ме пак мене. Јас сеуште го мачкам со Eucerin30. Истата крема ја ставам и на лице. Сега е над 2 години ша ќе видам годинава со што ќе го мачкам. Мачкање често со кремата. Пред излегување од соба еднаш па неколу пати додека сме на плажа. Кај 11 прибирање во соба па потоа после 4 пак на сонце со мачкање. јас спреј за убоди од комарци не сум ставала не ми се става јака хемија на мало дете. Имавме кремче за ублажување на чешање од Бекутан и со тоа мачкав ако го касне некој комарец. од лекови се си имаш. Јас дури ни антибиотик не носам. Матичната ми рече нема да знаеш дали му треба антибиотик или не за тоа секако ќе ти треба лекар да го прегледа.
Најважното прашање- како да седи мало дете од 17 месеци на плажа дали да носи памперс цело време или не вистина ќе ви звучам смешно ама ова ми е прво искуство и најосновни работи незнам. и дали некоја купувала костим за капење за оваа возраст
Ke patuvam vo Svedska bez maz mi so bebce 7 meseci dali mi treba pismena soglasnost dali baraat na aerodrom
Мојот седеше и уште седи со поленеа за плување на плажа. Не обична пелена зашто се полни со песок. Костим за капење не ти треба освен ако не сакаш место со пелена да седи со гаќички. @Sivata не ти треба согласност ако детето патува со тебе. Согласност треба само ако патува без родителите.
Какви се тие пелени и каде можам да ги купам? Ако можеш и слика да ми покажеш ќе е супер. И по колку има во едно пакување
Ги има вобило кој ДМ маркет. Еве слика од бројчето М. Мојто сега носи L големина. Тие се во различно пакување ама се едно до друго во било кој маркет.
мајки ми треба предлог за одмор во грција за со 3 год дете.досега немаме одено натаму а и не сме нешто со многу финансии ама ни препорачаа да одиме на море заради проблеми со крајниците
Јас минатата година на син ми му ги облакав само додека е во вода. Надвор не му ги ставав зошто ништо не упиваат . А обичните пелени во вода многу се полнат со вода и тежат .
Јас не го оставам гол да биде на плажа па затоа му ги земав овие пелени. И оваа година ке земам од иста причина . Сега и оди , голо дете не пуштам да се шета низ плажа.После бањање ставам сува пелена . Така сметам дека е најдобро . Овие пелени минатат година и ми останаа па ги фрлив на крај .
Зависи колку ке се бања детенцето. Моево беше 9 месеци кога бевме на одмор и барабар со нас се бањаше. Едно пакетче е малку ако му облакаш на секое бањање .
Па и овие за пливање многу се полнат со вода. Како да нема разлика од обичните пелени, барем јас не приметив. Имав земено со првото, со второво не зедов лани, ни годинава не планирам. На плажа на суво со обична пелена може да седи, за во вода голо или гаќички за капење.
Да и јас купив купачи . НЕ се секавам дали се полнеа мнг со вода. Ама првиот пат кога му ги облеков ми се искака во нив Сегде имаше каки само не во пелената
Јас не го оставав со пелени на плажа, жешко е и се спуруваше. А не сакав голо да седи зошто прљав е песокот. Затоа, во вода се бањаше голо, а на плажа седи во купачи или интересни гакички. Па и да направи беља во нив ке му ги сменам, имав многу пара на залиха.