Дали има кај нас некој антихистамин за деца 4-5 години, а да не е сируп, таблети за лижење или за џвакање? Може и од Грција да ми донесат, ако знаете таму да има нешто такво, или од Хрватска. Сакам да имам со мене на плажа, а не можам сируп да носам на топлото. Па и за антипиретик ме интересира, да не го мислам сирупот во кола дали му е топло или ладно, долг пат имаме.
Јас во Хрватска купив антипиретици,се имаат таму,многу добри сирупи за деца имаат си изнакупив за дома,а мислам дека имаат и антихистаминици во форма на капки,таблети и како спреј,знам пребарував што имаат на нет и затоа сум сигурна дека има.
Ние кога патоваме со кола за Мк пример имаме од оние торби кои држат ладно, во едната е храна во др се лекови и долу кај нозе и онака имаме клима. За купување има да се докупи се секаде али зашо на плажа да носиш лекарства?
Ги чувам и јас во термо торба, ама пак ми е мисла, знаеме да седнеме на ручек да остане кола на сонце и сл. Затоа што некогаш знаеме да направиме екскурзија каде нема локална аптека/амбуланта, а имала разни алергиски реакции, дефинирани и недефинирани, лекот ми го чува стравот.
Нема многу избор на хотели со затворен базен - Инекс Олгица, Тино и Нова Ривиера - за други јас не знам. Отворени има уште некој - Лаки, Метропол, Unique. За кој период ти треба? Ако е за август, езерото си е супер за бањање.
Aqualina hotel, odma na ezero. Vila Aleksandar e ubava za so dete no za na plaza mora da odite so kola, no sepak plazite se mnogu blisku
Може да ми предложите хотел Грција што е на самата плажа, сум била на Тасос и Крв само немам искуство со Халкидики.
За во Струга сместување кај да барам а да е блиску до некоја плажа со лежалки. За следниот продолжен викенд би оделе.
Струга скоро се ти е блиску, ако си сместена во центар плажата во хотел дрим е супер плус има и лежалки кои од 8 до 11 наутро не се плаќаат и од 17 навечер. Па ако децата се малку поголемки можеби ќе сакаат да скокаат во дримот. На 15 минути е кампот ливадишта, па плажата кај изгрев е со лежалки, плажата кај хотел Бисер исто со лежалки
Дали некој бил на одмор со тодлер 2г во авион искуство летот е 2 ипол саати ...прв пат ми е и мене незнам што да очекувам во септември како би реагирал што да понесам што да очекувам некој совет
Ако можеш да темпираш да заспие ти е најубаво. Земете грицки, некоја игра боенка, лепенки, нешто што сака ама најлесно е бар саат време да поспие.
е тоа не знам. Бев лани во јуни и без проблем наоаѓавме лежалка иако хотелот беше полн, ама лани не се плаќаа лежалки, а годинава да
Резервиравме Chrousso Village Hotelot, не е на самата плажа ама е ептен близу. Има ли некој искуство? Ете и на плажата Chrousso ( Paliouri) како одат цените со лежалки, дали може свое пример да си носиме?