Ako sakate pomirno mesto odma na plaza razgledajte na booking za ezerski lozja, imate apartmani na prv red pred ezero, no i da ste ponazad plazata e na 2 min. Nekoi apartmani si imaat lezalki svoi, no ima i so plakanje okolu 300 denari se, ima i del za bez lezalki. Centarot isto vi e blisku so kola za neceli 5 min. Spored mene podobar izbor za pomiren odmor
Ние годинава за 1ви Мај бевме во Врњачка, 5 ноќевања и можам да кажам дека пак би сакала да одам таму, за деца е рај, зеленило, паркчиња, таман е за шетање, ниту големо ниту мало, многу убаво местенце, ептен бевме задоволни. Во Соко бања не сме биле за да направам споредба ама за Врњачка да ти ја препорачам, вреди да се види. Јас баш одморив таму а и малава моја уживаше во паркчињата.
Врњачка е поголема и има парк по цела должина на шеталиштето. Сокобања е помала, ама во пешачката зона има исто парк. Поголема ви е Врњачка бања и следствено на тоа има поголем парк и повеќе активности.
Предлог тука во Македонија нешто за викенд ама да има нешто и за деца, има некоја бања каде што може и деца да да влагаат?
Баш бања не знам ама со базени, Хотел Тино во Охрид пример. Панорама и Монтана во Крушево. Изгрев Струга, како Аква парк
во врњачка бања во кои хотели се сместувате и дали водата е термална? А во апартмани, во кој дел од местото?
Врњачка бања нема термални извори., Најтоплиот е 36 степени кај изворот. Има минерални извори. Јас колку што знам вистински минерална вода има само Меркур. Сме биле и таму и ОК е хотелот ама има и дел лечилиште и спа дел. Опција за минерална вода е и да се уплати во делот позади Меркур во кралевската бања и таму е супер атмосфера во спа делот. Исто се влегува во стара зграда што е делумно лечилиште и дел спа. Инаку неколку пати сме биле во Тонанти и тој е топ хотел. Одма над паркот. Нема минерална вода ама има супер локација и супер спа. Добра опција е и хотелот од А хотели кој на само шеталиште (не знам точно како се вика ама моите беа таму и супер им беше). За топли извори ти требаат бањите околу Копаноник: Луковска (водата малку мириса од минералите), Пролом, Куршумлиска бања.
Една од бањите во Дебар има аква парк. Само таму водата си мириса малку на сулфур. Инаку убав Спа има Монтана Крушево каде што пуштаат и деца. Исто изгрев во Струга има Аква парк.
Прв пат на одмор со мали деца. Дали може да ми пишете што се треба да носам? Да не испуштам нешто и да не оставам на случајност
Облека за секој ден по една и плус нешто екстра, омилените играчки што се малечки. Капче за сонце обавезно. Од патна аптека: топломер, електролити, пробиотик за деца, нешто за симнување температура и против болка (парацетамол или ибупрофен сируп), сируп за алергија, спрејче за против комарце и нешто за убоди (обично она на Фрезидерм и плус Синопен). Козметика за децата: четка и паста за заби, гел за туширање и млеко за тело. Ако одите на плажа крема со највисок СПФ и крпи за плажа. За по пат доволно вода, сокови и грицки. И секако нерви за по пат.
Само немој како мене да земеш спреј за нос морска вода а на море отидовме. Купачи со ув заштита, не знам колкави се децата, ама раат бев. Патички за во вода, не сакаше на песок да гази бос. Гази и физиолошки раствор за секој случај.