@Orchidea и јас носам спреј со солена вода. Мене морска вода ми прави проблем на ушите. Односно цел живот ми правела проблем. После секој одмор на море јас гнојна ангина добивав. Често сум се враќала од море со воспалени синуси (тогаш ми велеа ти се чистат синусите), болки во уво и слично. Коцките ги споив тек лани кога цело лето после повеќе денови на море почна да ме боли увото ама многу. На ОРЛ ми дадоа куп терапија меѓу другото и Синомарин. На моето прашање зошто Синомарин кога нели на море бев добив одговор овој спреј е со контролирана количина на сол и прочистен. Морската вода содржи многу други нешта освен сол и не годи секому. Ова лето пазев да се нуркам и да не ми биде глават долго под вода. Да не се урочам немам проблем со синуси или болки по враќањето од море годинава.
Да си носам и друг пат тогаш ние досега не сме имале такви проблеми, ама ти благодарам на ова што пиша.
Здраво, може ли предлози од каде купувате храна или што им готвите на дечињата ? Конкретно на одмор сме во Лептокарија, толки е пребирлив со јадење што и овде не ми се готви ко дома, па проверени места за јадење ме интересираат. Или брзи идеи за оброк, пошто нр ми текнува на ништо...малото е скоро 3 години
Во маркет имаше готвени јадења, пиле печено, зеленчук и слично. Кофтиња зачекавме. Гиро/помфрит, пица. Ова од аспект на дете што не е пребирливо. Од пекара јадеше или крофна или како бурек со јогурт. Во соба максимум што и варев, супа или макарони. Лепче со намаз, кашкавал и јогурт.