Здраво Дајте предлог за хотел во Грција кој нуди полн пансион или ол инклузив. Ги знам големите ресорти, но се прескапи. Барам нешто со прифатлива цена. Конкретно Симантро и Тоска се од тој тип, и се со прифатлива цена, но читав негативни рецензии. Доколку сте биле или знаете некој што бил, споделете искуство.
Свекор ми и свекрва ми беа ова лето во Olimpicos Zeus all in, реновиран е скроз и ново е, си имаа приватна плажа, собата по слики што сликаа преуба. Ние бевме во Chrousso Village Hotel исто ефтино поминавме all in, само нема приватна плажа туку е на 800м.
Нема превоз, ногу одеа пешки, ние со кола за минута таму, паркинг места има еден куп на плажата. Искрено ние одиме секогаш со приватна плажа, па ова ми беше напорно ама кој е навикнат може.
Alexadros palace, бевме годинава. На база полу, ама имаат опција и полн. Пријатели беа во Аристотелс на база ол инклузив и ептен задоволни беа. За следна година мм е за таму да идеме. Бевме една вечер до кај нив, ми се допадна. Имаат дел за деца за играње.
Ние бевме во новите соби. Јуни и немаше гужва. Храната беше преубава, разновидна, топла. Гужва на плажа ич. Ми се допадна ептен.
Ако мислите на александрос исто, горе кај детскиот базен. Собите се мн поубави од на аристотелис на пример
Ние сме бидени пред 6 години и преубаво беше, не бевме со деца тогаш ама хотелот е на самата плажа, песочна, имаат базен за возрасни и мал за деца. Храната беше убава, собите нови и чисти.
Ние бевме лани со едно крај на јули, ама син ми беше баш бебе.... ни три месеци немаше и супер пројдовме. Има супер плажа за мали деца инаку, фамилјарно место е и доста мирно. Бевме сместени блиску до плажа и одевме само таму, еднаш отидовме и до Неос Мармарас, ама многу мрцварење за со бебе ми беше по тоа угорниците...Годинава со едногодишно дете одморот ми беше доста потежок, за вгодина со две, се плашам да помислам
Ние лани бевме со бебе 9 месеци, екстра пројдовме. Преубава плажа, немаше нешто специјално за шетање, али па со бебе 9 месеци и кај да шеташ. Единствено што маана најдов е премногу комарци.