Јас цела аптека носам, не дај Боже нешто да ми затреба, ќе ти го пишам списокот. Ефералган сируп за тт, Парацетамол таблети за тт, кафетин (за возрасни), антибиотик (обично Цефаклор од 125 за мали деца до 5 години), фластери, газа, памук, медицински алкохол, 3% хидроген, пробиотик, спреј за комарци, синопен, јекодерм или алое спреј (што имам, за изгореници), клизми, сируп за алергија, електролити.
Иста сум и јас,прашав за евентуално да не пропуштам нешто Носам лекови како да одам во пустина. А во Грција на секој чекор аптеки . Ама ајде да се најде
Јас носам само топломер, сируп за температура спуштање, пробиотик, електролит, кремче за убоди, фластер. Антибиотици не носам зашто тоа сепак треба лекар да го одобри за користење.
Јас од страв се прибирам... Не ми се има случено до сега да треба да давам нешто за темп или некој друг лек . Ама за секој случај
Majki dali imate odeno so malo dete vo ksamil? Nie sakame da odime pocetok na avgust pa bi sakala da slusnam iskustva?
Бил ли некој на вергиа бич ( во близина на неа каликратија) со мало дете. Каква е водата, плитко длабоко, гужва?
И јас носам еден огромен несесер со све и свашта од лекови, само антибиотик не носам. Во грчка на пр може да се купи и без рецепт мислам да не зборам дека се пофтини од кај нас на приватно кога ѓи зимаш. Пред тргање правам проверка што како имам, ако прошло на нешто рок заменувам, дополнувам. Поарно нека има. Еднаш во ох заради стомачен вирус мм едно 10 пати го трчав во аптека. Едит: од лани мкнам и инхалатор со физиолошки, вентолин у дексаметазон, поради опструкциите на синко
Drzete mi sreka utre trgnuvame za Saranda. Ili ce letuvame ili ce zimuvame Treski mi se tresat koga pomisluvam so site tri 9 saata pat. Ce vi pracam sliki vo soodvetnata tema.
Мајки мм сака да одиме пак Охрид но водата е мн ладна и не ми се оди баш со децава..Сакам Грција се надевам ке се убедиме некако..Па ако може некој совет каде е убаво чисто со мали деца и плитко да е..Како се цените сместување, храна..? Дали одите на закажано или може и таму да се најде кога ке стигнеме..?
И ние сме со контрадикторни ставови дал Грчка дал Црна Гора? Јас би поблиску, во однос на патување, потопла тт, вода, би си спремила и јадење за синко зошто он си сака готвени манџички, ама мм е решен за Црна Гора, башка тежок патриот е( името не го дава ) а и реално, Јадран си е Јадран. Мислења и искуства би ми биле добредојдени.
Море дур не потпораснат дециве мои не се нафакам подалеку од грција ,и тоа поблиските места, да мрднам па колку сака нека сум издаица свога народа. Штом имаш граница да поминеш се може да се случи, а не па повеке граници да поминувам. Последниот пат чекавме еден саат на граница ( што и не е така страшно во сезона нели ) ама мене со децава во кола рогови ми израснаа. Рипаа преку седишта напред, назад, плачки, вриштење, жалење, хаос.
@blessed.an бевме минатата недела во Охрид, не беше воопшто ладна водата. Малата на 20 степени надвор се бањаше, фала богу ништо не и бидна. Јас ги носам во Охрид од бебиња. Мада ќе речам море си е море, знам дека ти беа доста болни па супер ќе им дојде. За цени скапо е, ако имаш шанса ептен на крај на август или почеток на Јуни поевтинко е. И ние како @irena.1 гледаме веќе што поблиску, лани утепавме 8 саати и не фала, веќе ни дојде памет. Нека пораснат па после. Нема утка Грција, сите места што се во близина се добри.
Лејди ние сега бевме во Јуни Црна Гора со ќерка ми ,супер поминавме ,патот не го ни осетивме ,немаше гужви по граници,она си спиеше натаму 4 саати ,а за враќање пак воопшто не заспа ,цел пат збореше,пееше и само поставуваше прашања за се што ќе видеше,ама не беше напорна . Се на се ако сте решени да одите ич да не те плаши патот,а и ти најдобро си го познаваш детето,мојава дека е научена да се вози и ужива ,ние секаде сме ја носеле и Грција,Бугарија никогаш не сме имале проблем за патување со неа.Сакавме Хрватска ама за проба решивме оваа година Црна Гора ,ама Јадран за ништо не би го мењала,дури можам би одела,искрено не ради патриотски побуди,тоа не се замарам толку колку што ради тие убавини од море,зеленило,култура.. Плус за готвени јадења ич да не му ја мислиш на секој чекор во Црна Гора има такви ресторанчиња со готвени јадења со оброк од по 4,5 евра што вклучува салата,ручек и десерт .
Исто и јас...плус обавезно и некој сируп за алергија како на пример Лоратадин, и Ентереофурил сируп за дијареа. За тт Блокмакс или Далерон, и Реглан за желудниче, повраќање... Леле баш цела аптека и јас...
Мм веќе уплати, в сабота ноќта тргнуваме. Немам никаков проблем за во кола, авантурист голем е, па се го интересира, иако на одење ноќта верувам дека ќе спие. Фала ти.