Ние имаме резервирано за Несебар, од 11 август, уште од сега ми е страв по пат што ќе прави, знае да досаѓа и да бара напред да седи, планирам да му снимам цртани да гледа. Сепак едвај чекаме да одиме Од лекови ќе понесам Далерон ,Бруфен, Лоратадин, Камагел, Пробиотик, Електролити, Хидроген 3%, Алкохол 70% без него не функционирам ни дома , газички.. Нешто друго треба?
Искрено не сум сигурна за возраст, треба да има во упатството дозирање според возраст и во аптека може да ти кажат. Сируп е да, ептен ми заврши работа мене лај син ми еднаш кога го фати во охрид стомачен со премногу чести проливи и повраќање
Ние лани на 6 месеци собравме сили и заминавме 4 часа скоро со авион плус пат за и од. Се плашев многу, се плашев да не настине да смени редот итн.. Но испадна спротивно од стравовите, бебе спиеше, се бањаше, седеше у количка, лежеше на лежалка и најбитно иако смени клима не настина, чудно што не и во мк кога одиме таму секогаш беше настинат. Единствено е што одбиваше каша и млеко многу малку пиеше Ама се на се прекрасно поминавме 12 дена. И позадоволна од очекувано
Да ја мачкам ли малата со крем со заштитен фактор со оглед дека од 11 до 17 ч. нема да бидеме на плажа туку во апартманот?
Ентерофурил и Реглан на деца не давам, освен ако има ептен ептен јака индикација и препорачано исклучиво од лекар. И при појака дијареја и повраќање давам елктролити и пробиотик, и диета. На своја рака на одмор никогаш, не ми се ризикува, особено не со Реглан @Espadrila, може да предизвика конвулзии.
@Annath кои екектролити и пробиотик би ми препорачала да ги земам..мислев електролити на хип оние растворени во шишенце како сокче само не знам дали се добри, а практични ми се видоа плус со вкус на јаболко..
Благодарам Ана, досега за баткото го имам употребено Регланот, контрареакција немавме, а се покажа ефективно Ќе имам предвид
Јас не мачкам. Само еднаш сабајле пред одење на плажа, демек превентивно, а имало денови кога воопшто не сум мачкала. Досега, фала Богу, ни двајцата не изгореле.
@forumce јас не мачкам така. Ако во останатиот период кога не е јако сонцето детето е под сенка, кратко се бања и пак назад тогаш не мачкам а ако седи сепак на спнце тогаш да. На пример, кога и да дојдеме на плажа малиот прво седнува меѓу лежалки и игра со песок, под сенка и не го мачкам. Кога ќе почне да оди накај вода тогаш ставам на раце, лице, малку на труп и одиме да се бањаме. За наредните бањања некогаш повторувам али у принцип не. Бел е како сиренце ама не изгорел, повеќе проблем ми е капа што не трпи на глава, таму се има зацрвенето
Педијатарот ми рече кога ќе отидеме рано наутро на плажа да не го мачкам одма да прими малку витамин д, после да го намачкам и попладне исто. Додека сме во соба не. Исто ми рече до 11 најкасно на плажа да седиме. Јас сакав да прашам дали носите дијазепам со вас, за недај боже конвулзии, на листот даден од педијатарот стои да се дава половина дијазепам од 2мг за тт над 39. Пишува и далерон, бруфен и антипиреа лепенки да земам, не знам не е многу сето ова? До сега сме немале тт па не знам баш што се треба..
Дијазепам чепчиња ОБАВЕЗНО носам. Имав и случка со грчеви од тт па ставив. Само не знам дали ке ги најдеш, до пред месец дена беа дефицитарни по аптеките, евентуално од 10 мг се наогаа. И се друго од наброеното носам освен лепенките, досега кај нас се покажале неефективни.
Не пишува чепчиња туку дијазепам таблетки, ама сестрава ми спомна како сте немале до сега тт нема потреба да даваш, сепак ке појдам до докторката да ја препрашам уште еднаш. А во однос на сирупиве, бруфен се дава ако не се симне тт од далерон?