Има некои доктори препорачуваат пола таблетка диазепам од 2 мг дс му се здроби во лажиче и да се даде ако детето има висока тт. Можеби твојов др е еден од нив. А може би и зошто чепчињата ги нема по аптеките, па пишала таблети. Препрашај си убаво. Да сум на твое место би носела т.е носам и имам секогаш дома. После случката на која бев сведок искрена да бидам нозе ми се тресат на самата помисла. Тоа што сте немале до сега тт не значи дека никогаш ке немате пу пу да не чуе гаволот. А конвулзии се прават и на пониска тт не мора да биде 39. Детенцето направи на 38,5 без никаква претходна најава , не беше ни болно ни настинато ни ништо. Имај си не се скапи.
Значи и превентивно се даваат без оглед колку е температурата? И во тек на конвулзии исто така се даваат ако добро сфатив? Знам дека кога тогаш ко сите деца и он ќе настине, ќе има тт, дел од растењето е тоа, само се надевам нема тоа на одмор да се деси, далеку од дома многу се плашам од таа тт, што дури не ми се ни иде на одмор на моменти
Ај сеа на одмор не ти се идело. Дете ке ужива на одмор. Во овие три години до сега само по еднаш имам искористено диазепам од 5 мг по пола чепче кај двајцата. Имаа висока тт над 40 и не се спушташе многу долго време со дадени сирупи на 4 саати. И еднаш имам искористено исто пола чепче во момент на грчеви кај дете од 2 години.
Majki sakam da prasam za cepcinjata eferalagan imam od 150 mg smeam da dadam za nedajboze visoka tt?i ako ima na primer stomacen so proliv smeat da se stavat ili ima zamena so tabletki.Imame godina ipol.Za edna nedela odime na odmor pa da se opremam. Mislenje za ksamil i saranda od clenkite sto bea tamu.Kako pominavte so decata?
Одморот заврши, дојдовме, па да си кажам како поминнавме патувавме по околу 8 часа во еден правец, синко многу беше мирен, најмногу страв ми беше за патот да не побесне ама не, освен неколку пати што закенка се останато беше мирен. Но, не сакаше да се бања во море, се плаши од вода периодов, мака имаме и со бањањето дома, ама затоа се изнаигра во песок и во базенче се шлапкаше малку. Бугарија има навистина што да понуди, плускавци имам на нозете од толку шетање Бевме сместени во Несебар, но шетавме и на Сончев брев, Св. Влас, Равда некогаш со кола некогаш со автобус идевме, синко се радуваше ептен оти до тогаш се немаше возено со автобус од сите најубав и најмногу гужва има во Сончев брег, мене ми личи на мини Лас Вегас Плажите со ситен песок, водата чиста, плитко е за мали деца, продавнички, слаткарници, огромни супермаркети , кафани, ресторани, кафики во изобилие цените пристојни некои за нијанса поскапи од кај нас некои исти.
На менито од среда ни е Несебар и Св.Влас . Равда е прошетана и Сончев брег на памет го научивме нели таму сме нон стоп сметени. Кажи ми колку е само далеку Св.Влас од Несрбар/Сончев Брег?
Околу половина час од Несебар , од Сончев брег е поблиску Со автобус одевме, за двајца 4 лева во еден правец.
Изгрев, Црвен Крст, Дрим е добар што е одма центар и на Машка плажа ама нешто за активмост нема, туку има на плажата нишачки, количиња како некој мини лунапарк. Ако мислиш за Еврохотел, нее никако според мене. Искрено не сум бидена внатре да видам собите ама мислам дека е хорор.
Нели има и реновиран дел? По слики што сум гледала сосем пристојно, иако треба многу за тоа да се среди, ама што знам чисто изгледа..
Лани бевме во макпетрол убаво е не е лошо,нема некој мн активности за деца има трамболина, лулашки, игралиште со песок, базен.
Мајки препорака од ваше искуство со дете од годинка ипол дали прв или втор крак во Грција? И ако може и смештај блиску до плажа од кој сте задоволни?
Хорор филм, резервирав соба лани и додека стигнеш до истата поминуваш низ стари руини умирисани ходници и лифт. Си отидов истата секунда.
Се спремам за одмор ја отворив темава и читам за местава кај што сте биле, ми врати убави спомени 4 години летував баш на овие места Сончев брег лудница а св.Влас така монденски направен...Прекрасно е
Предлог хотел во турција? Деновиве листам, избор има преголем вистина ама јас никако да најдам Проблемот е што неможам да најдам нешто соодветно за тодлер. Скоро сите имаат огромни аква паркови ама скоро се е со големи тобогани и занимации за поголеми деца. И самите детски клубови се од 4+. Јас барам за 2-3 години детенце да има активности, аква парк и занимации. Ако има некој лично искуство некаде да сподели