Активности организирани за деца по хотели се сите или над 4 или над 7 години. Никој не се нафаќа да чѕува мало дете и бебе, освен со посебни доплати (како лична дадилка рачунаат). Инаку сите хотели имаат дел со игралишта и слично, ама сам си го чуваш детето таму. Над 4 самиот хотел ако сакаш ги прибира децата и имаат аниматори.
Не, немислев на тоа да го чува некој или да го оставам во клубови или дадилки. Ќе бидам со него цело време, всушност и пораду негова забава го планираме одморот таму Него муабетот ми беше да има аква парк наменет за помали дечиња и плитки базени. Пошто најчесто се големи аква паркови со големи тобогани и активности несоодветни за 2годишно дете. Ќе има тука таму некоја лизгалка за мало дете и тоа. Па затоа барав некој од лично искуство да сподели што бил со помалп детенце
Барајте место што е со не многу влажна клима во Турција ако одите во јужниот дел. Или одете на крај на Септември. Летото знае да биде премногу влажно и топло долу. Егејско море е ОК климата за со дете. Исто мислам обично игралиште и плажа вршат повеќе работа за забава на мало дете од аква парк. Ама вие си имате замисла па не ви ја рушам. Само барајте место со барем малку ветре и подалеку од Анталија и Аланија зашто и во двете места во лето е ужасно топло и влажно. Околината на Сиде е ОК за дишење, Кемер и Белек ги фалат за со деца.
Horus Paradise Luxury во Сиде. Ние бевме 2018 кога син ми беше 1,5 година и преубаво си поминавме. Потоа 2019 беше @orhideea со синчето (и тоа беше приближно таа возраст) и таа сподели супер импресии од хотелот. Ние кога бевме имаше аквапарк за големи и базентче помало со мали тобогани за помали дечиња, а наредната година од слики на ФБ видов дека плус аквапаркот е надополнет со дел за помали деца. Има детско игралиште со лулашки и секоја вечер имаше анимации за деца. Плажата е прекрасна, а она што мене ми беше побитно е што има доста вегетација, не е само базени со плочки, па можеш да си фатиш убави места под сенка кога е најжешко за на плажа.Изгуглај го или на ФБ отвори да го видиш. Од Еуросава агенцијата беше на понуда и е еден од поефтините хотели со 5 ѕвезди.
Мајки што користете за убод од инсекти кај деца над 2 годишна возраст? До сега за малата имам користено само аутан против комарци. При каснувања од оса или пчела што се користи, дали се дава нешто против алергија?Како го третирате местото каде што е убодот? Во Зегин видов едни нараквици, дали тие помагаат само против комарци или и против други инсекти? Планираме да одеме на одмор па да знам што да земам за во случај да имаме ваква ситуација.
Покрај тоа што го мачкам против комарци обавезно си носам синопен или камагел. На местото на убодот мачкам неколку пати на ден.
Алка од Зегин носи мојов за од комарци, не помага за други инсекти. На местото од убодот било комарец, оса, пролазено можеш да пробаш со поблаг маст или Камагел, јас користам Синопен, моментален ефект има. Лоратадин за пчела ми има матичнава кажано обавезно да дадам, за друго ако има побурна реакција. Убав помин
Лоратадин таблета? Овие? Едит: малку ми беше чудно, мислев само за возрасни се, сега видов во упатството може да ги пијат и деца од 2 години. Благодарам
во хотел Alan Xafira бев пред некоја година,имаше за секаква возраст,премногу базенти,имаше плитки до глужд имаше за мали дечиња,и помали тобогани,и игри со претстави навечер и во текот на денот дел со музики детски и игри и какви не декорации со храна,сладоледи кукли чуда значи преубаво беше Единствен проблем е што се наоѓа во Аланија,и од аеродром е одалечено скоро 2 часа... и ние сакаме да одиме годинава во Турција (јас сум со две мали дечиња) ама ќе барам поблуску до аеродром да ни биде многу мрцварење али овој хотел ќе го посетам сигурно во наредни години зошто ми остана во сеќавање преубаво
Да, првата година на количка стоеше, од 1.5г ја носи на нога, комарец не го има каснато. Дури и кога спие некаде до него е
Јас уште не сум на сигурно дали ќе се нафатам да идам со еден тодлер. Браво за тебе со две Разгледувам опции и хотели па ќе видиме до септември како ќе испадне. Фала на препораките и одговорите. Така конкретно нешто барав
Сигурно има врска со "крвта/кожата" или што ја знам, озбилно ова и јас носам и мене не ме касаат, ама кај мм нема некој ефект Него Аутан спреј му помага.
Да да и јас така мислам,нели те прашував вчера и се залетав одма ја земав ама ништо кај нас,сакав да ја пробам на бебе ама над 2години смее се што пробав нема ефект за комарци за детево,само тоа за после да не ја чеша тоа и е погодено па среќа не се чеша,зошто цела печати е,за грев
Ако најдеш сличен сподели, и ние сме за септември таква опција. Белек или Кемер се мислам, мада и Анталија е у предвид.
Јас му ја ставав на количка лани кога шетавме. Годинава за на одмор пак сум во план да земам, плус имам и Мапез од лани останато. Имаше по некој убод лани,ама не беше страшно.
Здраво. Предложете блиско место во грчка за со дете 2 год. Чиста плажа, мирно местенце без многу врева