Калиас, негде прочитав дека живееш во Кавала, па затоа те цитирам. Пред коронава бевме на одмор на Тасос и на враќање останавме 2 дена во Кавала, јас буквално се заљубив во градот, бел, урбан, убави луѓе. Гледавме дека насекаде има мали плажички, како во карпа, каменести, но не се бањавме, туку само го шетавме градот. Годинава Кавала ни е опција за одмор, дали можеш да ми кажеш каква е водата, дали е топла, дали има песочни плажи? Сакам да бидеме сместени баш во градот, не во тие туристичките места што се пред Кавала. Толку ни се допаднаа тесните улички нагоре-надоле, што дури размислуваме и да си купиме некое станче таму
Пред Кавала има ненормално добра плажа мн.долга, Амолофои се вика. Само мислам дека е половина час од Кавала.има Неа парамос место туристичко пред Кавала исто, ама ѕирни ја амолофои на инста или гугл, измислена! Е сега ние бевме измеѓу плажите и кавала сместени една година, па навечер Кавала денски на плажите.
Лелее супер, баш ми е мило што ви се допаднала, мене ми е најубава, заљубена сум во неа и не би ја мењала за сега за ништо Баш е таква каква што ја опишуваш, има толку многу убави и скриени местенца што дури јас скоро ги открив, а живеам веќе 5та година тука Има песочни плажи, да. Јас одам во Палио на плажа, има една free без бич бар со ваши чадори, песокот е ситен, водата е плитка, баш за мали дечиња и фамилија е тоа место. Палио е селце на 5 км од Кавала и има преубави плажи. Јас одам одма до таа плажа што ти ја кажав, во еден хотел Порто Палио, има ооогромни чадори еден до друг и целото е со сенка што мене многу ми одговара за,малата, не сакам на сонце да ја изложувам. Преубаво е. Ако одлучите да доаѓате пиши ми лп, да се запознаеме и лично, јас живеам на 10 мин од центарот на градот Кавала. Се што те интересира пиши ми ќе ти кажам
Најубавата плажа е на Амолофи, точно. Но, јас со деца искрено сега не се нафаќам да одам до таму, 20-30 мин. е од Кавала, ама сњга летото пиготово викенд има многу гужва дека сите натака идат и колони има на тоа жешко не ми се иде таму. Инаку за млади е број 1, преубаво е, водата сон, бич барови многу има, вреди да се иде па макар и еден ден А пред Кавала се Палио, Ираклица па Неас Перамос. Сите се иддалечени, 5, 10, 15 км од Кавала. Каде и да сте сместени нема да згрешите, а ако сте со кола ќе шетате. Сите 3 места се туристички, имаат смештај, вили, апартмани, хотели, видете на букинг или на аирбнб, баш да си видете и цени како се движат.
Тој предел е прекрасен, се сме научени краците и островите а малку одиме накај Кавала. Што и да решиш сподели
Ние пред некоја година бевме право да ти кажам во едно село мислам кокинохома се викаше Баш селски туризам Не излага на море, ние бевме сами без дете, ама да ми е малото малку поголемо пак би одела! А Амолофои е и за деца и за млади, има за сите занимација И паркинзи големи патот е ок. И кавала да се сместат еден ден наАмолофои е задолжителен бар
Да, го знам тоа село, од каде баш таму сте се сместиле? Кај го најдовте баш тоа ? Не излага на море, да. Инаку сите тие места што ги набројав што се на море се убави и каде и да се смести некој блиску се еден до друг и ќе се шера секој ден и нема досадно
Само таму најдовме смештај и тоа кај некој Македонец се погоди Секој ден свежи јајца и овојшје од градина имавме!Инаку одевме порано во Офринио па ги знам плажите и барав пак нешто блиску, ама само Кокинохома најдов Па како ке прошеташ иначе))
Девојки, фала ви многу на одговорите! Ние се мислиме измеѓу Кавала и Крф, па ќе видиме што ќе одлучиме, во зависност од цените и избор на сместување. Се надевам дека нема пак да не затворат поради делта сојов, па да останеме дома Секако ќе споделам импресии, Калиас баш би сакала да се запознаеме ако одиме накај тебе.
Зошто Крф, сте биле или? Ич не ми се допаѓа мене Крф, па за со деца ич не ми е, тоа е да си изнајмиш веспа и да шеташ по островот. Башка долг е патот, па траект.. Доле на островот има убави песочни плажи, ама знае и ветровито да биде. Ние некаде во среде бевме, крш плажа, ама па со сенки.. Единствено што ми се допадна од таму е мостот пред аеродромот, па надлетуваат авиони врз тебе
Не сме биле натаму, затоа и го ставивме како опција, демек да одиме на ново место, да прошетаме Секоја година иста песна, по цел ден читам форуми со искуства, истражувам и глава ме боли, сега ги сфаќам луѓево што одат цело време на исто место Ние бараме место кај што има урбан дел за шетање, а и плажа, да не ни е досадно. Дефинитивно ќе ги разгледам пак опциите, фала ви многу на сите за споделените искуства
Кавала ти е подоброо,Крф со мали деца никако забава има 24/7 доколку се одлучиш за Крв пиши ми ќе ти дадам број од сместување лугето пријатели ни станаа