@Мравојад мене стариот дел оф градот Крф ми е еден од поубавите градови. Многу поетичен и романтичен. Ама островот е голем и не е баш практичен за со дете ако сакаш да прошеташ.Има прилично возење низ островот. Генерално како и сите Грчки места, ако сакаш место за шетање со историја и нешто да се види нема убава плажа во близина. Ако сакаш плажа имаш село со една улица и едни те исти продавнички. До сега не сум налетала на две во едно во Грција, освен можеби Скиатос каде има мало местенце со прилично можност за шетање и плажа до која може и пешки да се стигне а е пристојна и има природни сенки, иако поубавите плажи се пак надвор од градчето. и Скопелос имаше некое такво по-поетично гратче и плажа во продолжеток. Сепак не сум била во делот кај Кавала па може таму има комбинација од двете.
Крф за со мали деца никако сами не би оделе уште еднаш а не со мало дете. Освен Палеокастрица друго ништо не ми се допадна а и далеку е.
Баш заради стариот град и сакаме натаму да одиме. Во принцип не сакаме одмор само плажа-дома, сакаме да има и нешто урбано. Ама дефинитивно не вреди секој ден да поминуваш толкава километража за да ги добиеш и двете. Гледавме и Кефалонија, ама и тоа е доста далеку и некако проблематично со траекти. Па и цените, сегде покачено или јас одамна немам одено на одмор во август Дефинитивно пак ќе разгледам, ме предомисливте за Крф, уште маж ми да го разубедам А Кавала дефинитивно нуди тоа што барам, само си рековме ај да разгледаме и нешто друго.
Не знам колкаво е детето, прв пат ли ке одите, мирно ли е детето. Ти очекуваш да одиш на одмор и да се забавуваш. Можеби треба да намалиш очекувања.
А шо е тука спорно? Луѓе планинарат со бебиња у кенгур, шетаат низ цел свет со деца, кампуваат и се забавуваат. Сигурно е свесна за своите можности и ти сигурно не си таа што треба да и каже да си ги намали очекувањата ради твоите гледишта на работите и дефиниција за ‘одмор’ кои ги имаш.
Ако се сместите во Дасиа или Гувиа самиот стар град нема да ви биде многу далеку. Ама дефинитивно ќе ви треба кола да стигнете до стариот град (паркинг има кај самиот стар град). Во Дасиа има дури и сенка на плажа што мене ми е битно. Во Кавала има плажа во самиот град? Ако да тогаш ете ти комбинација. Од она што го гледам на слики ко да нема и пак треба возење. Впрочем и секаде во Грчка е така. Плажите се или само плажи или со мали места селца покрај плажа. Урбаното е на друго место и бара возење.
Девојки, ви благодарам на сите за споделените искуства, посебно за локациите кои ги споделивте (не знам уште како да означам некој, па вака групна благодарност ) Не одам прв пат со детето на одмор, сакав само да споделиме поинакви искуства, да не е оној класичен одмор на кој верувам поголемиот дел од нас сме навикнати. Да не навредам некого, не мислам дека тоа е лошо, но секој има свои желби и потреби, па така и ние годинава решивме да споиме плажа со шетање. Можеби имам поголеми очекувања дека на ќерка ми ќе и биде исто забавно, ама ќе видиме како ќе биде
Планови и реализација не е исто. И јас планирав да спие по цел ден на плажа ама заради промена на средина спиеше помалку отколку што спие дома.
На друго место видов дека детето ти е 4 години. Одете кај сакате не е веќе мало дете. Ние три години по ред одевме на подолги престои низ Европа на по месец два. Два пати фативме изгор горештини во земја во која нема клими по дома зашто е невообичаено да имаат многу топли лета и преживеавме. Имавме и тантруми и се ама истите ќе се случеа и да седевме дома. Со дете од 4 години се оди кај сакаш. Годинава на 5 и пол ќе го носиме во Хрватска и ќе патуваме со кола.
Подготвувам бебешка аптека за на одмор . Во дилема сум кој пробиотик да го купам , и имам давано biogaia првите 5-6 мес. Другарка ми го препорача "Normia m" а јас планирав Linex junior . И што да земам капсули или капки
Што ти одговара тоа земи. Штом даваш превентивно не е битно. Провен, Пролајф, Диа стоп.. тоа давам јас.
Било кој пробиотик земи. Не е битно. Сите се исти. Само пази да дозираш според возраст и килажа. Јас најчесто давам Линекс јуниор или Линекс обичен зашто тие најмногу ми ги сака детево. Бара уште од нив. Ама сум давала и Провен и уште еден друг што не ни памтам како се вика.
Да спoделам искуствo oд тазе oдмoрoт. Се решивме сo мм да тераме oдмoр сo пoгoлемo бебе oд 1 гoдина и 9 месеци и уште еднo пoмалo oд еден месец. Прашавме педиjатар oдoбри, буквалнo вели нема разлика дали бебетo ќе цица вo Скoпjе или Грциjа. Избравме мирнo местенце сo блиска плажа и наjбитнo брзo да се стига. Oд тука сите не предoмислуваа дека сo тoлку малo бебе и уште еднo дете нема oдмoр да ни се види. Нo ние се oдмoривме и прерoдивме. Си направивме убав ред, ранo станување, пojадoк, прибирање oд плажа, спиење... Пoкраj децата и ние кoристевме пoпладневна дремка. Пoвтoрнo плажа, прoшетка вo кoличка двете.... На пoгoлемoтo тoлку му беше испoлнет денoт и истрoшена енергиjа штo за 3 мин беше заспана. Oд аптека пo препoрака на педиjатар нoсев: стерилни гази, хидрoген, алкoхoл, лoратадин, далерoн, клизма, прoбиoтoк, фластер, чаjче, електрoлити..
Ние бевме на Мајорка со 1год и 16месеци дете. Се очекува со дете дека е понапорно од сам нормално но зависи и од детето. Ние фино поминавме стандард спиеше и денски и навечер како дома..ја игравме на плажа со мм, јадеше колку и се јаде и немавме некои напади освен во авион што не и седи мирен газот па на крај заспа.
Јас носам Реглам сируп кога немам чепчиња, кои ги нема тука, ама никогаш немам употребено на своја рака. Земи капки Наусолвит.
Од лани Драмамине, ама имаме многу повраќање, по 10-11 повраќања. Докторот ми рече има повеќе корист од штета па затоа зимам. Ги крка пола саат пред патување и мирни сме.
Јас носам Наусолвит капки секогаш на природна база се. Годинава одевме до Хрватска и првпат дадов пола Драмина зашто е мачен патот. Наусолвит пак носам за не дај боже.