Ние сме со план да одиме неколку дена во Дојран; па дајте ми совет што друго е неопходно да се носи на плажа со дете 18 ипол месеци освен крем за сончање ; крпа ; спреј против комарци.. Друго што да носиме ; прв пат одиме па поискусните нека кажат?
Вода и овошје и нешто плус за ужинка. И многу играчки за плажа.Ако носи пелени и пелени за во вода. Во торба спакувано обавезно топломер и парацетамол (чепчиња или сируп) пробиотик и орс (алвоген или нешто слично). И нешто да ублажи чешање од убоди. Има една крема на природна база на Бекутан на пример и плус Синопен за упорно чешање. Убаво да си поминете.
Мајки да ми кажете вие од искуство што се носи на одмор од медицински препарати ? Нас ни е прв одмор оваа година и незз што да земам за син ми 14 месеци
Јас обично носам сируп против температура, сируп и маст против алергија, пробиотици и нешто за дијареа. Средства против комарци и фактор за заштита од сонце се подразбира. Верувам каде и да одите ке има во близина лекар и аптека за не дај Боже да ви затреба.
Дечки каде да најдам капче што ги прекрива и ушињата? Имаше еден бренд за очила што имаше такви? На Б? Потребно ми е такво капче?
Мајки, кој има искуство или е од Струга, ме интересира за плажата пред хотел Дрим дали е чиста водата и погодна за капење на дечиња?
Девојки гледам прашувате и за лекарства, кажете што давате на дечињата пред патувањето за повраќање? Мојата е скоро 2 години, ептен повраќа кога патуваме, што да и земам? Оние лижавчињата воопшто не и помогнаа
Мислам наулсовит се над 6 месеци. Капки на база на ѓумбур. Го спомнуваат и локомотив сирупот, ама мислам на иста база е со овие капки
Еве сега јас да ви кажам што ми рече матичната. Травелин никако, да сум и дала 2.5 мл Лоратадин сируп, биле од иста група Во аптека не ми дадоа, само се зачудија. Ми спомнаа дека во Зегин имало пробиотик на Провен со ѓумбир да барам таков. Еве цела сум збунки. Мислам @duffi се разбираше од фармација, имаш ли совет?
Немам искуство со сирупи против повраќање, ама точно е дека има пробиотик со ѓумбир на Провен, само што е во капсули. Ќе мора да ја отвориш капсулата за да ја испие, а ѓумбирот ептен се осеќа па не знам дали детето ќе сака да го пие. Иначе јас лично го пијам тој пробиотик, повремено, а намената му е баш за летниов период кога одиме по одмори.
Затоа што и Лоратадинот има седативно дејство, како и Травелин. Ама не значи дека ќе заспие од Лоратадинот. Кај моето пример нема вакво дејство. На толкави деца даваат четвртина Драмина или Травелин. Незнам што да ти кажам.
Мене ми го даде аптекарот сирупот локомотив а сме 17м и ми рече саат време пред тргнување една лажичка и навистина не ми повраќаше
Арно земав Бруфен како ми се најде. Бебе е 14 мес.вади заби (баш тука е во екот ) и тоа 4ки . Вришти без престан првите 3 дена. Од хотелот луѓево се загрижија и што му е на бебево. И дадов сируп да и се смират болките. Па се смири. За комарци се спасив со Мапез . Синопен маст за убоди. Аериус сируп против алергии без седативно дејство . Стерилни гази , хидроген3%, ханзапласт , шеширчиња , многу играчки гуми базеннче. Ќе истераме уште 6 дена.