Антибиотици носите? И пишав на матичната на бебе (година и 7 месеци) за алергија што да земам и дали треба антибиотим, ми одговори само зиртек За алергија да земам, ваљда смета дека атб не ми треба. 5 дена ќе одиме, тука во мкд..
Генгигел пробај стави и. Мојов го обожава, иначе може долго да се мачи со забите. Четворките и тројките со мееесеци ги вади. Одмор може цело лето да ти се одложи така
Зинат е антибиотик. Да не си грешка нешто? Антибиотик јас никогаш не сум носела. Сепак ако постои можност за инфекција, треба доктор да процени и препише кој антибиотик. @forumce најдобро грисини или оние квики переци. Друго може да предизвика гадење. Поголемава ќерка има таков проблем при патување.
Не земај ништо на своја рака. Ако ти притреба нешто од лекови ќе ѝ кажеш на матичната да ти препише и ќе одеш во аптека, ќе кажеш матичен број и ќе ти го издадат лекот. Не треба физички рецепт.. И ние ќе сме во Мкд, ама само 3 дена, за продолжениот викенд и планирам само средство против комарци и крема за убод од комарци да земам, исто и фактор. Ништо друго
Не ни планирам да ти кажам. Маж ми е паничар и тој инсистира. Затоа сакам да слушнам повеќе искуства. Сепак и докторката не спомна ништо, ваљда ќе ме олабави за тој антибиотик..
Заборавив да пишам. Малата ми пие антибиотик моментално и него ќе го земам. Фала Богу што е подобра и нема температура. За малце беше да откажевме резервација. Страв ми е како ќе поминеме по пат, не е малку, скоро 4ч. Прв пат со волку мало бебе ќе патуваме толку време.
Мене овде (комшивка од апартманот)ми рече абе дајте и парацетамол , што и да ја боли ќе се смири детево. И ја послушав . Маж ми се накрена да си одиме, од незгодно . А не сме во Мкд . Толкав пат , за на море. Така да исто не чека и дома . Се смири еве. Супер си е . Ужива да се капи. Не си одложувај , цела година чекаме за овој одмор. Барем јас.
Леле мене страв ме фака како бебе беше плачка сега истото ми се дешава,давам и јас парацетамол,ја мачкам ладно бело вино и мундисал ден-ноќ само плаче само среќна е кога ја шетам надвор(рацете и се во уста),ако сте во Грција купи мундисал за заби многу е добар Средината на август имаме уплатено за грција се надевам ќе биде посмирена,одморот во Охрид ни пропадна маж ми е голем паничар
Mundisal веќе не го препорачуваат во Грција едно 4-5 години, има алкохол во него и ксилокаин и уште една состојка која е како анестезија, ги стврднува жлебинките и затоа се смируваат децата, нормално
Моево бебе , многу песок јади . Упорно пика во уста. Ајде реков да испита за прв пат , ама продолжува. Неможам да ја довардам . Ваљда нема да има проблем
Точно. Вчера баш го читав упатството на интернет, пишува дека е за рани, за болки за жлебините, за пост оперативен зафат итн. но не пишува дека е баш за бебе Искрено, јас тука толку години во Грција никој педијатар ми го нема спомнато тој гел, фрезидерм и уште некој кој на сликата има бебе баш ги имам користено за децава, ама мундисал никогаш. Строго забранет е за бебиња тука. А како од ракав го препорачуваат таму во Мк јас свтарно не знам
Јас и купував еден сируп Vomilief (во Грција го има) не и помогна, па Локомотив земав, исто така ништо не помогна. И лепам фластер на папочето и супер поминуваме. Минатата недела дојдовме во Мк, 500км помина и ниту еднаш не поврати. Пробајте плус и со ова нас многу ни помогна