Знам некаде те читав дека малата повраќа... Фала! Овојпат добро поминавме, ја послушав матичната и дадов препорачана доза на Лоратадин, па си заспа во кола. Ама идејата со фластер не е лоша, само кажи ми каков е фластерот, посебен? Или обичен?
Па да, нас ништо од сирупиве не ни помогна, Драмина купив ама шубе ми е да и давам уште мала е нема ни 2 год. Обичен ханзапласт, по можност детски земи да не остави трага на кожата после.
лелеле не сум знаелаа кај нас во Гевгелија го носат по аптеките и многу им се троши,уште до пола не ми е потрошен веќе не и ставам
На одморџикава моја, најверојатно од сонцето, и се исфрлија градите и стомакот. Нема црвено, туку рапава и е кожата, ко на коковче. Што мачкате? Јас намачкав синопен и пантенол, се надевам ќе се смири.
Ние бевме во мај во овој хотел : https://eurosava.com/index/hotel/573/nashira-resort со 8 месеци бебе, презадоволна сум.
Задоволни сте од еуросава како агенција за понуди и организација за турција? Имаат пропусти или се е на место?
Сега со волкава бројка на ковид се мислам дал да го ставам детето у авион без маска. Изглеа грчка ке одам ама ке видам...
Еве слика од плажата. не е многу плитко во овој дел, ама мислам пред Сиде од таа страна хотелите дека била поплитка водата. Овој ден кога се сликавме имаше бранчиња, инаку другите денови немаше.
да, немаа пропусти, имаа претставник во Турција плус на вибер беа достапни доколку имате прашања некои. Ова е мое искуство, можеби некој друг има поинакво, но јас сум задоволна од нив.
Мајки да ја активираме малку темава пред престојното лето. Ајде ќе ве молам препорака за сместување на втор крак, по можност апартман со дворче, блиску до плажа (прв ред идеално).
https://www.afroditibeach.com/ На почеток на втор крак е, има овоштарник со маслинки, плажата не е преку пат. Убава песочна, чиста, нема гужва. Со две мали деца бевме тука во 2019, пак би одела.
Јас наидов прееска на едно хотелче во Торони на плажа, ја гледав на мапс и плажата, убава со плитка вода, широка. Ако има некој искуство со деца во Торони да каже...
Ние лани бевме во Торони Блу Сеа хотелот, задоволни сме. Храната во хотелот супер, малиот беше 10 месеци тогаш, но јадеше се, па си јадеше и он од истата храна, вкусно и разновидно беше. Во собата немаше садови, а ни било какви апарати освен фрижидер. Плажата е песочна, плитко е на почеток, убаво е за дечиња. Водата е убава, чиста, немаше бранови ниеден ден ние кога бевме, а и заливче е, мислам дека главно е мирно морето. Општо фамилијарно место е, навечер има стандардни работи - флипери, кафичи, гиро, сладолед. Шеталиште класично што е пешачка зона нема, туку се шета на тротоар покрај улицата, но мала фреквенција на коли има, така што ок е. На стемнување врие од комарци, има пола саат кога е наезда и без аутан да не се излегува од соба. Мислам дека доловив од сите аспекти по нешто.
Тој хотел и го гледав.. Супер, фала на споделеното искуство Во понудава има доручек и вечера, па за ручек ќе си јадеме нешто по плажа, ресторани и сл. Ако се одлучам за таму... Маж ми има желба за Турција пак, ама во Турција плажите не чинат баш, бранови има и одма доаѓа длабочко. Освен некој ако знае и во Турција место каде плажата е со плитка вода за дечиња..