Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Последен пат, не ми текнува баш дали лани за одмор или сега за зима, кога барав ,,резерва антибиотик,, со тоа што и нагласив дека нема да го растворам, матичната ми кажа дека не смее така да ми препише антибиотик (за одмор мислам). И веќе не носам туку спреј проанги и масло од диво оригано.
     
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    A na plaza gi ostavate golicki samo po peleni ili obavezno so maicka mi teknuva sekogas sum gledala vo voda deca kako se banjaat so maicki sto vo toj pogled i izlozenosta na sonce.
     
  3. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Со маичка до две години посебно ако е бело детето:) и обавезно заштитна крема и макс до 11.30 и после 17 часот на плажа.
     
    На karak, zuto и victoria им се допаѓа ова.
  4. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.856
    Допаѓања:
    28.509
    Мене најмногу ме загрижува делот околу исхраната на детето:worried:. Пред некое време бевме на викенд на планина па ништо не сакаше да јаде 2 дена. Ме загрижува како ќе биде летово на одмор. Ако пак одбива јадење??? А дома немавме мака, веднаш си јадеше нормално. Претпоставувам и недостигаше домашниот амбиент, нејзиното место за јадење...
    Уште и готвам оделно од нас (а за нас нема ни да готвам,ама за бебушка морам). Појадокот ни е овошен и ќе поминеме некако, и за вечера нема да биде комплицирано. Ама за ручек? Најчесто давам различно секој ден, ама таму дали ќе имам време и услови да правам секој ден, па и различно...не верувам. Досега немам смрзнувано храна за бебето и не знам дали може тоа некако да се изведе, ако некоја мамица знае нека сподели овде.
     
  5. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Не знам каде ќе одите и какви ќе ви бидат условите. Ние често сме надвор од дома па јас носам опрема за готвење со мене и во зависност од тоа каде сум тоа готвам и давам. Ако сакаш свеж зеленчук, плинско со тебе и зеленчук кој се вари брзо. Има Опција и готови кашички.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Е баш и мене тоа ме загрижува. Кога одиме некаде малата едвај да касне нешто, зошто нема столче за хранење а мирна не сака да седи. Сме биле неколку пати и баш како што вика @snegulkata , кога ќе се вратиме дома се ок. Инаку планирам да и готвам на одмор зошто уште е мала , уште блендирам.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  7. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    29.042
    Пол:
    Женски
    Значи не сме единствени :) кога одиме негде мм вели дека сме ко циганчиња:) блендер, столче, се си носиме.. Јас планирам месото да ми биде сварено и замрзнато и како сто кажа @zuto погоре ќе комбинирам со зеленчук брзо што се вари. Колку толку да го намалам времето за готвење оти на плинско и така е побавно. Појадокот свежо овошје ќе биде, вечерата ќе мидифицирам нешто со млеко, кисело млеко, јогурт..
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Ние две недели бевме надвор од дома, па комбинирав и со купечки кашички некои денови. Претежно купечките ми беа со месо (телешко и мисиркино) оти ми беше покомплицирано да му го спремам месото, а и ми беше страв да не се расипе.
    Од житарици давав тоа што се спрема полесно иако тие си ги спремав од сабајле и си ги носев во термос. Купував свежо кисело млеко или јогурт.
    Понекогаш и не ми јадеше сѐ по редослед па давав житарици и за ручек, само да не биде гладен. Дома си се вративме по стандардната шема.
    Не е толку страшно, секако ќе биде топло и им треба полесна храна.
     
  9. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Бела маичка со ракавчиња и по можност капче. Јас си го бањав со маичка која си ја користев исклучиво за во вода. Си имав една-две и си ги менував по потреба. Исто и капчињата. За изложеноста на сонце зависи кој период од летото ќе го носиш. Обично кога е најјако сонцето 11 - 18 часот не е препорачливо. И задолжително мачкање со крема со висок заштитен фактор.
     
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Fala na sovetite ke se ide kraj na juni pocetok na jili se nadevam nema da bide pretoplo da nemoze da se dise. Of samo sto me ceka me faka panika zatoa sto prv pat ke idam so dete a sakav i da prasam vadite za decata zdrastveno osiguruvanje i koj go izdava. Iskreno za mene ne sum nosela nitu analgin a sega neznam sto treba da ponesam. Sepak pred trganje ke go posetam maticniot sigurno
     
  11. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    29.042
    Пол:
    Женски
    Obavezno patnicko osiguruvanje... Pokriva zdravstveno do opredelena suma... Ne daj boze da treba...
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  12. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Ќе земеш: сируп за температура, електролити, линекс јуниор, камагел или слично средство, чисти гази и ханзапласт, средство против комарци за бебето и за во просторијата а и за вас, лоратидин или сл.за не дај Боже од алергиска реакција и заштитен крем од сонце.
    Маж ми вика пола аптека дека купувам ама ова е тоа што др.ми вика да земам а и од искуството на други мајки со мали деца.
     
    На ivi1987, karak и zuto им се допаѓа ова.
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.062
    Допаѓања:
    76.833
    Пол:
    Женски
    Голичко може да се остава до 11 пошто не е толку јако сонцето,после тоа не треба да се на сонце ни со маичка ни без.Ќерка ми сега има три години ама кога имаше една годинка отидовме во Црна гора на одмор и еден ден останавме до 12 на плажа па после тоа два дена имаше температура 38,5 и тоа качуваше само навечер,а инаку седевме се до 10,30 во 11 веќе бевме во апартман па попладнето во 18 ја носевме пак и немавме никкаов проблем.
    Во сабота одиме на одмор,се наоружав со триста работи па се надевам добро ќе поминеме со оглед на тоа дека овој пат одиме со автобус, па затоа малку ме фаќа паника.Олеснително е што сака да се вози со автобус и дека патот не е повеќе од 5 саати.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Убаво да поминете:) пишав макс.до 11.30 да биде на плажа и после 17 ч пак да оди, не мислев во тој период со блуза.
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Kazete mi nekoja osiguritelna da izvadam zdrastveno za odmor ili na koj nacin se vadi. Nikogas ne sum vadelA no ete sega za deteto sakam
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.490
    Допаѓања:
    201.412
    Пол:
    Женски
    Може во било која осигурителна компанија, не само за детето туку и за вас. Не е воопшто скапо, само барај здравствено без франшиза, оти ако не дај Боже имате потреба од лекување таму, осигурителната компанија ги покрива/рефундира сите трошоци. Ако е со франшиза, покрива само одредена сума.
    Ние сме ваделе од Еуролинк и Кроација Осигурување.
     
    На joy1 и karak им се допаѓа ова.
  17. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127
    Јас досега од Сава имам вадено и никогаш не ми требало, се надевам нема и годинава.
    Ние одиме почеток на јули за Грција, ќе има полни 18 месеци и јас веќе почнав да паничам.

    За храната ми е највеќе затоа што е комплицирана ама немам намера да и менувам редот иако ќе се само 8 дена. Колку и да ми е напорно ќе спремам како и дома. :/ И ќе бидеме подвижен циркус, столчето обавезено ќе го носиме затоа што минута не застанува и нема начин да ја наранам.

    Мене највеќе ме плаши спиењето. Сите овие 17 месеци спие само во креветче. Инает излегов не и попуштив да се учи со мене на спална, ја земав и враќав по милион пати во ноќта и останував без спиење. Е сега маката е што она за спиење си го бара креветчето, застанува пред него и чека да ја легнам за да спие. Си ги знае оградиците, си ја крева едната нога на спуштениот дел од креветчето и пола од вечерта се држиме за раце сеуште.
    Ништо од ова не ми е изводливо на спална затоа што кога ќе осети дека ги нема истите рутуали со ногата и просторот се буди и сака да си игра, не ја асоцира на спиење.
    Креветчето е дрвено и дури и кога одам кај мајка ми макар на 5 дена ( 4 пати сме биле одкако е родена) го носиме и креветчето.
    Ми треба ваше мислење или искуство, дали да ризикувам и да се вадам на карта дека ќе е преморена од водата и беснеењето по плажа и ќе спие или да си го вакумирам цел стан и да одиме така? :)
     
    На irenna и victoria им се допаѓа ова.
  18. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    29.042
    Пол:
    Женски
    @Nova конкретно за спиењето и ние сме исти. Како јас дс сум го пишувала постот... И преспивање и ноќно спиење ние сме само во креветчето а не на спална.. Со ногата исто! Лани успеав да импровизирам креветче со неговата постелнина и оградичка, дури и столната ламба ја носев да биде придушено светлото како дома.. Успешно беше :). Годинава ќе носамкреветче монтажно позајмено и пак исто ќе маскирам..
     
    На Nova му/ѝ се допаѓа ова.
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Nie bar vo toj pogled nemame problem kade i da go uspivam tamu ke zaspie i si spie isto vreme kako doma. Samo se nadevam deka patuvanjeto vremenski poveke saati vo kola nema da go poremeti sepak grizite poradi ete prviot pat i nepoznatoto kako ke se snajdeme so dete na odmor mi e stresno
     
  20. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    За хранењето и јас се нервирам, ама ако носам и хранилка и креветче- монтажно и плус работи за уште едно дете и за нас, некако претешко ми доага. За спиење нема да имаме мака зошто ако спие спие кај ќе ја ставам ама проблемот е што веќе не спие месец денес има ниска т- 37.2 , може и заби да вади не знам.
    А за јадењето не знам, знам дека ќе и готвам ама хранилката ни е голема, нема шанси да ја носам иако имаме голема кола....