Ги користев порано нив, за децава, и сега зедов пак, спреј и млеко за тело, 50ка фактор. Обично 30ка користам, за Охрид и Грција ми е сосема доволно. Ама за Турција 50ка зедов.
Јас за синко чико земав 50ка и лани и сега и не изгоре воопшто. За нас од дм марката 30ка. Маж на грб е изгорен кај што не се фатил сам, си има линија до каде е мачкано а до каде не.
Кажете ми од искуство, Фурка, Сивири или Геракини за со детенце? Што е позитивно/негативно за овие три места? И дали некој бил конкретно во Џени, Корал блу и Белаџио?
Јас сакам да ве прашам во што ги носите играчките за на плажа? Лани и сега последно на викенд му ги носев како во корпа како оваа на сликата, ама не ми е практично, после цела е полна песок. Има некоја полесна варијанта? :/ Гледав едни како мрежени торби во Џамбо на флаерот ама таму не ги најдов.
Во обична торба за на плажа. Сосе песок ги ставав внатре секој ден и во смештајот дирекно на тераса ги оставав. Последниот ден ги измив убаво од песокот и ги оставив на тераса да се сушат заедно со торбата, и пак внатре ги собрав за по пат назад, и дома си стојат во торбата до следен одмор.
Ние прв пат одиме на одмор со дете на долга стаза, 20 дена. Имам страшно трема околу тоа.. може да аподелите еден список што носите од лекови?
Sto stavate na decata protiv komarci? Lani bese epten bebe i mapez prskav na oblekata ama eve godinava na vikend vo grcija bevmw cela izedena e mapezot ne funkcionira na grckive komarci izglea....autan smeam da ja prskam 14mes e?
Во кеса голема обична каква имам, пред да си одиме од плажа сите играчки ги мијам во море едно по едно и ги ставам во кесата и чисти си ги носам дома за наредниот пат да ми се чисти.
Јас мустикер го користев две години по ред и мака не видов ни за мали ни за нас. Појак мирис има, ама штити.
Здраво, може инфо...дали била/знаете како е со цени во Ксамил и за лежалките по која цена се сега...може не е за тука, но сакав да си прашам
Секогаш сум носела со мене антипиретик (Парацетамол или Ибупрофен зависи што користите), топломер, пробиотик и капки за смирување на повраќање (Наусолвит), креми за ублажување убоди (Бекутан има на природна база и плус Синопен), сируп за алергија. Носам цело пакетче ханзапласт секогаш. Друго ништо не носам со мене. Ако нешто се случи секако ќе треба лекар и соодевтна терапија. Затоа секогаш купуваме патничко осигурување.