Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    6.127
    Пол:
    Женски
    Размислуваме за Кипар крај на август. Лудост ли е со дете од 22 месеци да се оди таму? Ај тие што сте биле нека ме упатат кај точно да гледам. До сега Аја Напа и Протарас ги истражувам. И гледам кај хотелите во алл инк. понудите не спаѓа лежалките на плажа што се. Како се цените за нив? И за ручек во ресторант како се движат цените?
     
  2. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Zaso ludost? Nie vo dek so dete od 2.5god preku pola svet na odmor bevme, 11 saati bese letot pa sto ni falese top si projdovme.
    Aja napa glej,hotel do plaza toa ti treba
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.759
    Пол:
    Женски
    Еве и јас ќе прашам зошто лудост :)
    Ние со 7 месечно бебе во Тунис бевме и супер си поминавме.
    Индиректно, фала за идејата за Кипар за оваа година :D
     
    Последна измена: 19 февруари 2024
    На kozuf и Anturium им се допаѓа ова.
  4. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.624
    Од кој аспект лудост? Па луѓе живеат таму, бебиња се раѓаат :) Само што е препекол во август. Делот кај Аја Напа се најубави плажите, тиркизни песочни, накај Пафос, Лимасол се малку поинакви ама многу убава и поинаква природа. Во Аја Напа сместена не сум била стално сме оделе на еднодневни таму, многу е гужва, паркинг едвај сме наоѓале. Како и да е за одмор би барала таму смештај што е блиску плажа, ама не знам колку милиони се тие. На најпознатата плажа во Аја Напа, не лежалка, туку и туш се наплаќа. На времето лежалките беа како и во Грција, зборам за големите не толку посетени плажи, на другиве не сум ни начекала слободна лежалка. И во ресторан цените се горе-доле како Грција, зависи и од ресторанот. Ако планирате да шетате неопходна ви е кола, локален транспорт е крш, скоро и да немаат.
     
    На JoyJoy и Anturium им се допаѓа ова.
  5. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.332
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    дајте ми предлог за хотелско сместување на сама плажа, со убава плитка плажа за со детенце 3 годинки, а да не е изгор скапо. за во грција, во близина

    Ги гледам цените за апартмаско сместување изгор, абе ужас цениве.
     
    На Sofi.ja и sani99 им се допаѓа ова.
  6. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    6.127
    Пол:
    Женски
    Па шо знам, маж ми ме убедува со дете сега да одиме поблиску лудост било тоа. Е сега јас него ќе го прашам зашто е лудост :D
    Болници, педијатри, аптеки си има се нели? Јас секако ќе носам основни лекови ама за секој случај да си ги осигурам условите. Гледам аја напа е поскапо да ама решена сум за таму. Не планираме многу да шетаме на други плажи и да зимаме рента кар зашто секако во најтоплото мора да сме во хотелот. Поради тоа кои плажи ќе би ги предложите да ни се блиску и пеш да одиме таму?
     
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.168
    Допаѓања:
    18.275
    Мандела сподели искуство во Тунис со бебе :)
    Нешто мм гледам гледа понуди за таму,па кој знае дали ќе отидеме.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.624
    Ама секако дека има, и тие некогаш се разболуваат таму што живеат :)
    Не е дека има 200 плажи, неколку се во Агиа Напа и сите се убави, најпозната и нај раздвижена со резорти е Ниси. Гужва ќе е секаде. Види си неколку смештаи да ти одговараат па види која плажа им е блиску дали ќе ти одговара. И баш ме интерсира како се цените на смештај во однос на Грција и Турција алл инкл. :)
     
    На kozuf и Anturium им се допаѓа ова.
  9. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Baraj si ubav hotel na plaza sto e i odi odmori se. Deteno sekako ke saka u pesok ne na lezalka bitno da ti davaat nonstop novi peskiri. Hotelite znaat da imaat i med lice vo personalot za ne daj boze ama vo 90 % od odmorite niso ne se desava
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.395
    Допаѓања:
    22.511
    Пол:
    Женски
    Дали некоја била на одмор на Тасос, Голден Бич?

    Годинава бараме смештај таму, или во Вурвуру на 2 крак, две семејства со мали деца сме па сакаме да е блиску до плажа.

    Некоја препорака за смештај на овие места да не имате случајно?
     
    На Mama.kris му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.624
    Локацијава на смештајов беше сон и смештајот беше супер и газдите коректни. https://www.thassos-view.com/hotels-rooms/rooms/artemis-apartments
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    6.127
    Пол:
    Женски
    Најдов 2 ресорта на Ниси 2000-2500 франака се цените од тука за алл инк. со лет без трансфер. Преку агенција ова. Од мк не знам колку се
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Да одиш на остров а да не го прошеташ е залудно губење време во пат. Убава е плажата, нема збор, ама ако одиш хотел-плажа и обратно, имаш други дестинации. Август е претпопло, моја препорака е септември.

    Инаку и јас мислев дека е сосема океј да одиш авионски со мало дете, ама од искуство веќе нема да одам.
    Син ми е релативно здраво дете, ама една недела пред одмор во Турција беше болен. Оздраве, ама да не оздравеше или да се разболеше ден пред тоа ке ни пропаднеше се. Со болно дете се седи дома, а чартер лет и хотел букиран уплтен не може да ги смениш.
    Со кола и да одложиш два дена ке изгубиш некоја незначителна сума.

    За некои работи не вреди малтретирањето.
     
  14. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    6.127
    Пол:
    Женски
    Тоа го збори и маж ми. Таму да идеме, а да не го прошетаме островот е штета, ама моментално условите не ни за баш за шетање затоа што со бебе се знае кога се оди на плажа. Да патуваме подолго за 3 саата плажа е нон сенс. Најдобра опција ни е хотелот да е на таква местоположба барем во аја напа да ги посетиме дел од плажите. Се мислиме и за Италија сма па и до таму е 6-7 саати со кола, и тоа не доаѓа предвид. Стварно не знам, валда ќе букираме тука. Ако имате препорака друга со задоволство би читала :)
     
  15. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.624
    Не му ја мисли толку. И 12 години да има пак може да се разболи и да ти се расипе одморот, никакво правило ни гаранција нема за тоа. Околу агиа напа на 30 мин има убави места да се прошетаат. Резортиве може имаат и тури за шетање. 22 месеци па и не е толку мало како бебе да му се мислиш. Земете си рент а кар за 3 дена, тие денови возикајте се на поблиските места, другите денови седете во хотел. Греота е да не отидеш некаде пошто нема да можеш да прошеташ, не ќе седиме во Маврово додека децата пораснат. Од мали нека се учат на шетање. Само жешкото може многу да ви смета, претопло е, јас би одела крај на септември.
     
    На sani99, LiquidLuna, Skyler и 2 други им се допаѓа ова.
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    31.429
    Пол:
    Женски
    Кој како сака. Сум била и на Грчки острови и секаде има делови ладе што е несредено (непотшишана трева, уље на пат, ѓубре покрај пат, недостаток на тротоари, лошо паркираље, лош асфалт, хотели со 4/5 ѕвезди делумно реновирани и слично). Огромен брег имаат тешко се одржува, ама некои работи се такви какви што се.
    Мене лично песок без сенка ми е ноќна мора. Детево исто мрази песок на нозе. Ние сме водни жаби и сенка луѓе. Така што Хрватска ни е баш дестинација по ќејф на пример. Борова сенка и камчиња, перфекција за нас. Песок и чадор е ужас за нас.
    Единствена предност на дел од Грчка е близина.

    @Anturium јас носев дете од 17 месеци на два месеци со мене во друга држава. Сменивме два авиона. За враќање слетавме во Хрватска (пак сменивме два авиона) и истеравме и одмор (и на крај пак два авиона). На таа возраст на детето сте му потребни вие. Каде ќе го носите таму ќе оди и убаво ќе му биде. Бирајте таму каде што вас ќе би биде убаво. Е да битно е смештај блиску до плажа за да одите до соба брзо ако ви притреба. Ако мислитр дека може да шетнете шетајте, ако не има живот уште, ќе шетате следен пат.
     
    На sani99, azelea, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Naatashka123

    Naatashka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2020
    Пораки:
    2.067
    Допаѓања:
    10.100
    Пол:
    Женски
    Дали некок бил на одмор во Ормос Панагиас, Грција? Ми го фалат местото, но за со 3годишно дете незнам дали е. Во смисла дали има некакви паркови, игралишта и сл.

    И некој искуство за Неа Каликратија ако има.
    Таму ми е плажата ок, според слики. Не сум била таму досега.
     
  18. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Ормос Панагиас е мало пристаниште и колку што се сеќавам нема игралиште. Ние бевме сместени во куќа со голем двор со лулашки и имаше и други куќи со големи дворови за деца уредени. Плажи убави има околу но треба со кола да одите.
    Мене многу ми се допадна местово ама нема кај да се прошета ако тоа сакате,само една улица е со ресторани и плажа една до пристаништето.
     
  19. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.332
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    студио Панорама, кај Јерисос, дали сте биле? искуство имате? ме интересира плажата каква е во тој дел, не е баш во јерисос туку пред населеното место.
     
  20. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.624
    Ај и овде да прашам.
    Иако баш не ме влече делов кај Анталија, сите хотели ми се копи пејст, море/плажа секаде ми личи исто, може ќе треба да букирам таму. И пошто се ми личи исто, да намалам барем локации. Да ме советувате кое место да го бирам или да ми кажете што е разликата, предности, мани, меѓу Лара, Белек, Сиде, Аланија, Кемер, не знам дали има и други, овие ги гледам на таа ривиера таму со понуди.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.