Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Mnogu podeleni mislenja ima okolu ovie destinacii. Od preporaki Lara e mnogu ubavo so pesocni plazi, i imas mnogu malku patuvanje so avtobus od aerodrom. Kemer poveke e so kameni plazi. Nie razmisluvame za Lara godinava.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.624
    Е за Кемер не знаев ако така го вадам од игра.
    И јас на Лара дадов предност заради патот, ама си викам да не не земам нешто во предвид од другиве.
     
  3. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Сум била 3 пати Белек и еднаш Аланија. Белек ми се допадна повеќе.
    Во Аланија локацијата ни беше да кажам лоша, т.е. беше доста далеку од градот. Оваа година сме во план да одиме пак. Кемер знам дека е опкружено повеќе со планина. Во принцип хотелите имаат скоро сите иста политика. Ќе бараш хотел што излегува директно на море на плажа кој е близу до аеродром а одоколу има кај да прошеташ,и кој има добра детска анимација за пополнување на денот на детето. Навечер во секој хотел има мини диско кое трае одприлика 1 час. И секако најдобро е Јуни или крај на Август почеток Септември бидејќи е многу жешко и доста влажно.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  4. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    I obrni vnimanie dali hotelot e na sama plaza ili do plazata treba da odis preku tunel ili so organiziran prevoz, dokolku toa ti igra uloga. Nie deka so 3 godisno dete bitno mi e da e sto poblisku do plaza i kolku sto primekam tie hoteli se poskapicki.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.624
    Хотели гледам што се на плажа. А мислиш дека ќе имаме потреба да излегуваме надвор од хотел или збориш во самиот хотел да се шета? Тоа не го земав предвид. Пошто овие што ги гледам сите се надвор од населено место, пешки одење сигурно не е опција, ќе треба превоз да барам. Мојава додуша и рано легнува, ваљда не ми е неопходно шетањето навечер.
    А за жешко не му ја мислам, крај јуни почеток јули планирам, лани измрзнавме, така ни се погоди 2 пати, поготово маж ми, па годинава сакам да прегори за да се врати во нормала :D.
     
  6. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Во хотелот секоја вечер има организирано по нешто секако. Ние сакаме да узлеземе да прошетаме да разгледуваме по продавници да си купиме по нешто.. седнуваме во некој кафиќ или ресторан. Зошто 7 или 9 дена во хотел јас лично не би издржала некако ми е монотоно. Секако има и превоз со автобус или комбе до град или приближно до град. Ние оваа година се двоумиме дали да одиме во Белек во хотелот The Lend of legends, баш ради детето мислам дека ќе буде воодушевен, има луна парк има доста активности за деца парк пливање со делфини... има доста за шетање во него буквално е како град. Само не излегува на море тоа ме буни...
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.624
    За мене не прифатливо е да не сум на плажа, без разлика што морето е какво што е. Тоа е веќе тематски парк со сместување, а такви има разно разни и не знам дали би ги одбрала турските, не мора ни е да е за летен одмор. Еве го гледав Vogue во Бодрум, лудост во позитивна конотација, не само за деца и јас сакам да одам, ама пак не знам дали би отишла таму баш на летување :)
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Сега гледам дека не живеете во Мк. Тоа е друго. Авион ви е најприфатлива опција, и за така, Кипар е далеку подобра опција од Турција, да речеме.

    Муабетот е дека за од Мк, Грција е најлесна и за мене најлогична опција.

    Од моја гледна точка, исто со прошетани острови и повеќе локации, за со дете ми е битно чисто море, плитка вода и песок.

    Да наполни уште некоја година, ке бирам поинакви дестинации, и Хрватска меѓу нив, ама за сега на негови 4-5 години ми одговара да е што поблиску.
    Сега да го носам во Хрватска ке ми биде малтретирање. Сака песок, таму нема. Не му е битно дали ке оди на Хвар на екскурзија, и дали ке го види Дубровник. Сака да се бања и да игра со песок. Тоа и го правев лани и годинава.

    Сиде има чисто море ама многу длабоко на 2 чекори откако ке влезеш. Плус има големи и огромни бранови кога дува ветер. Плажата е песочна и многу широка.

    Хотел како што ти кажале да гледаш да има директ излез на плажа. Таквите ги нема многу и се поскапи. Оние што не излегуваат на плажа си имаат превоз на 15 мин ама мене такви не ми беа по мерак. Добар дел имаат и тобогани, плус мали тобогани за деца.

    Ние 10 дена не мрднавме од ресортот. Ама многу голем ресорт и не ни беше досадно. Имаше претстави за деца, диско, преку ден забави организирано итн. Има луѓе кои сакаат и во град да шетаат, превоз е околу 5 евра по правец.

    Многу се качени цените патем. Пред 2-3 години беше една цена за 9 ноќи, сега за истата цена имаш 6.
     
    На Anturium и Mucika им се допаѓа ова.
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.169
    Допаѓања:
    18.275
    Види го хотелот Azura deluxe во Аланија. На сама плажа е
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.528
    Допаѓања:
    23.783
    Пол:
    Женски
    Во Лара сум бидена и викаат дек е најубаво.. ама ние уплативме за Белек оваа година. Мислам дека се зависи од хотелот шо нуди и што вас ви одговара.. така да.. од Сиде немам баш добри коментари добиено. Ние не се рашетуваме наоколу, нас најбитна ни е плажата да е во склоп со хотелот и да има забава за деца. Лара кај што бевме смее прееезадоволни, оваа година имам големи очекувања, се надевам нема да се разочарам.
    Нас ни беше опција меѓу Турција или Шпанија ама ајде Т. Инаку, само август да не одите.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.624
    Каде бевте во Лара? Ми викаат цените од лани 20 30% се повисоки, ај баш ако приметиш разлика кажи ми колку е, не знам веќе дали вредат. Иначе добив и за Бодрум понуда па и тоа ми е сега во игра.
     
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.528
    Допаѓања:
    23.783
    Пол:
    Женски
    Не бевме лани, има неколку години поминато али цената е скоро иста како и тогаш, си држат богами. Иначе да, сегде се поскапени, не само Турција. Fame residence Lara иначе се вика хотелот.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.685
    Допаѓања:
    174.671
    Пол:
    Женски
    Лелее Аланија ја не би. Најјужно е и воздухот е утепувачка тежок. Ма да на дете ништо не му смета од друга страна. :D

    Каде гледаше за Шпанија?
    Ја Турција порано ја сакав, ама сеа ич немам желба за натака, со деца уште помалце. Ние сеа во Мај ќе одиме на Крф, се мислам за Шпанија во Август.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    Извини вака што улетувам.
    Во врска со количка. Малата ми е 2.5 години, платена е карта за неа, количка може да земам со мене? Не прават проблем?
     
  15. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Може слободно со количка до авион. После ќе си ја земете со куферите.
     
    На apple12 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    31.445
    Пол:
    Женски
    Мене не ми правеле проблем коаг сме летале.
     
  17. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.651
    Пол:
    Женски
    Вие што сте летале со мали деца до 2год, а ви пиеле млеко. Како сте се стаоѓале еве на пример за во Турција? Може во торбата што е за бебе да се стави некое шише тетрапак(300 мл) или не? И дали хотелите што се имаат храна за бебе приспособена?
     
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.528
    Допаѓања:
    23.783
    Пол:
    Женски
    Mallorca i Tenerife, дури имавме резервирано ама одкажавме. Хотелите им се топ амаа многу долг ми беше летот.

    @bella12 ако е за млеко обично, таму ќе си купиш. Иначе сум носела тие чоколадните млекца по 15 :rofl: и каши за цуцање оти Т немет кашии сегде:?:
     
    На Yowannty и bella12 им се допаѓа ова.
  19. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.651
    Пол:
    Женски
    А по хотелите нема благо млеко? Пример за време на појадок? Знам кај нас во мк кај што сум била имаат благо млеко, јогурт и кисело млеко.
    Кашички и немора, ама на пример тестенини, супа, ориз компир такви некои или сл нешто што би јадело дете од 1.5 год. на парчиња.
    Најмногу и заради тоа се мислам дали ќе има што да и дадам за ручек и вечера.
    Грција ми е сигурна од дома ручек ќе и спремам вакумирен и секако сме со кола ќе понесам нешто за вечера , ама Турција авионски не знам што би можела да и земам, и што има во хотелот
     
  20. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.167
    Пол:
    Женски
    Има
    И во најобичен хотел млеко имаш секогаш во секое време
     
    На s.a.m.a му/ѝ се допаѓа ова.