1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. Nairobi88

    Nairobi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    Мајки, што мислите за источен брег на вториот крак во Грција за со мали деца 3-4 години, јас сум слушала дека дува многу ветер, па ме интересира искуство. Конкретно ние сакаме крај на август
     
  2. BlueEye1423❤️

    BlueEye1423❤️ Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Душо ако најдеш нешто интересно пиши во група бидејќи хотелите што ми се допаѓаа мене а да се веднаш до плажа беа само за возрасни и почнува да ме фаќа нервата. Бебушка тој период би имала околу 9 месеци така да Кипар ми е најблиска варијатна а да не се акаме со кола. Се надевам ќе најдеме нешто по агенцииве
     
  3. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.283
    Пол:
    Женски
    Да прашам, колку месеци пред истек на пасош може да се помине граница?
     
  4. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    3.967
    2 недели
     
  5. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    2.210
    Пол:
    Женски
    Мамички кое место во Грција би ми го предложиле за со тодлер од скоро 2 години? Да има занимации и за него и плажата да е плитка, средена?
     
  6. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.283
    Пол:
    Женски
    Фала сигурно е ова инфо? Бидејќи некои ми викат 3 некои 6 месеци. На дечињата им би останало два и пол месеци пред истек, а за нови дури во јуни ни имаат закажано ( но незнам дали би ни биле готови за 10 дена)
     
  7. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    3.967
    Јас патував во Февруари, на10ти се вратив на 1 Март истекуваше пасошот на едното дете. Никој ништо не ми рече на граница.
    И зависи каде ќе патувате, ако е со авион мислам дека таму сакаат минимум 3 месеца пред истек на пасош, ако е со кола некаде во близина до соседите , нема да имаш проблем.
     
    На Anaroz1 и Inamya им се допаѓа ова.
  8. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.976
    Допаѓања:
    4.790
    Зависи каде, ЕУ и шенген 3 месеци, турција да не беше 120 дена, србија мислам 1 месец. Секаде е различно, провери си точно за каде. Тоа што некои поминуваат со пократок рок на пасош не значи дека не може да те вратат, одиш на ризик имај си предвид.
     
    На MilaSs12, Inamya и JoyJoy им се допаѓа ова.
  9. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.916
    Допаѓања:
    9.912
    Пол:
    Женски
    Јас зиноска прашував во бугарска амбасада за во Бугарија, секаде во ЕУ е 3 месеци.
     
    На Inamya му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.117
    Допаѓања:
    40.480
    Пол:
    Женски
    3 месеци е колку што знам.

    Ама ти си во Грција колку што знам, не е истокога се патува од не еу земја
     
    На Inamya му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    1.232
    Пол:
    Женски
    Ама мислам дека не се гледа од каде кон каде патуваш. Туку со каков пасош патуваш.
    И според пасошот во секоја земја си имаш рок кога можеш да влезеш. За земји во еу, влезот со мк пасош е 3 месеци пред истек
     
  12. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    5.242
    Пол:
    Женски
    Неа Фокеа сте биле? Искуство?
     
  13. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    6.769
    Со малиот јога беше 2 години бевме Јерисос на трет крак и супер беше, имаше големо шеталиште и занимации за него, количиња, паркови..Е сега водата малце поладна беше спрема другиве два краци, ама на мали не му сметаше.
    Општо овој одмор ми веше најрелаксирачки и јас душа одморив.
    Лани на негова тригодишна возраст бевме Полихроно исто задоволни, имаше што да се прави, а да не му е досадно. Многу паркови и зеленило имаше кај што бевме ние, голем двор за играње.Барајте смештај со двор , за кога не сте на плажа да има каде да го поминува времето.
    Годинава со бебе од 6 месеци се двоумам дали да тргнам.
     
  14. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    3.967
    Од Грција во Македонија патував и обратно. Од ЕУ во Не ЕУ земја
     
  15. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    2.473
    Предлог локација во грција (поблиску) за со дете 20месеци? Приоритет се паркови,лулашки итн :)
     
  16. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    5.242
    Пол:
    Женски
    Парадизо бич, кај неос мармарас, дали е убава плажата и водата за со дете? за таму да барам смештај.
     
  17. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    1.448
    Пол:
    Женски
    Искуство во Врахос со две мали деца од 2 и 4 години?
     
  18. januari19

    januari19 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Женски
    не сум била ама годинава ни беше едно од местата за кои го разгледувавме. Колегиве на работа често одат Амудиа или Врахос со деца баш заради песочната плажа.
    многу ми го фалеа местото се наоѓа и добар смештај ,мене ме предомисли патот до таму.
    ама наредна година дефинитивно одиме.
     
    На dromka и MikicaBt им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.797
    Допаѓања:
    202.771
    Пол:
    Женски
    Ако збориш за ова сместување и оваа плажа, букирај одма. Јас сум презадоволна. Не е песочна плажата, со ситни камчиња е, длабоко е одма додуша, ама водата е сон. Апартманите Парадисос се релативно нови, средени и чисти, паркинг имаш, лежалки ти следуваат две со апартманот, не доплаќаш за нив ништо. Имаш блиску маркети, пекари, ресторани, ич не мора ни кола да палиш за да одиш на ручек или вечера.
    https://nikana.gr/en/accommodation/...os-marmaras/4341/paradisos-holiday-apartments
     
    На dromka и brm_brm им се допаѓа ова.
  20. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    5.242
    Пол:
    Женски
    Фала ти, да ова го гледав и уште некое ми фати око.
    Ама дека детево ептен ми е живо, 3 годинки ќе е, ни за секунд не смеам да ја оставам, заради длабочината на водата се предомислувам.
    Некако многу параметри барам..... на приземје, со двор, убава плажа, чиста вода и плитко .
    Тешко дека ќе ги уклопам.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.