Моиве се поголеми, пливаат, ама мислам дека и за помали не е проблем. Лани бевме ние, преполно мали деца имаше, Срби најмногу. Види што ви одговара, мене лично многу ми се допадна што апартманите се баш големи, нема да сте настискани во едно сопче метро на метро, ние имавме апартман со две спални, 380 евра плативме за пет ноќи. На сама плажа се, буквално преку тревникот одиш до плажа, нема пат, нема ништо. И тивко е, мераклиски за спиење. Сеа зависи и кога ќе одите, ние крај на јуни бевме. За комарци нешто задолжително да носиш, со Мустикер одлично поминавме.
Гранд Отел Ханиоти сте биле? сакам предсезона да идеме.. а за првомајските празници убаво е во грција со мало дете? не сум била толку рано...
Има такви апартмани ама се околу 90-100 евра (и повеќе) за ноќ во сезона. Ако ти влегува тоа во буџет, оди на Никана и Грчка инфо. Избери локација, и стави на сама плажа, ке ти даде опции.
Секако дека е убаво. Да имав пасош ќе бегав Грчка и тоа во Арменистис пошто место нема иначе. Пред короната кога немавме дете, вака се падна Велигден, преубав мини одмор истеравме, храбрите и се бањаа, ама грч беше да не се лажеме. Башка во хотелот кај што бевме, пошто Велигденот ни е ист со Грците, имаа специјален ручек, музика, супер беше. Раздвижено е затоа што и кај нив се празници, а сепак нема гужва од други туристи. Кога пече сонце се гори, ама ако снема застудува. А и хотелов на пролет е прелеан со сите бои што не верувам дека ги има на лето. Да одите ич да не се мислите. Ние 3 години на пролет сме оделе во Порфи
Sto vi se pokazalo kako efikasno za koristenje kaj deca sto imaat problemi so usite pri pratuvanje ao avion
Koa bese mala sise so nesto ili cicka...sega posledno koa patuvavme bese 2god10mes i i kazav mama vikaj aaa da ne te bolat usite ili ja skokotkam ako se inati ili pak siseto,casata...
Јас му прскам спреј за нос обавезно, прво обичен солен раствор, а од пред две години после разговор со доктор и од тие појаките. Прскам пред полетување, а на слетување пратам ако почне да се жали повторно, ако тера добро тогаш не.
Тие или овие на пример што и да имам. Еднаш во мк го фатија ушите после летот и бевме на хитна ми рекоа обавезно при летање да му ставам спреј
Ако не му затнат носот многу и пред полетување и пред слетување само солен раствор, ако му се затнати тогаш капки за нос (од тие што имаат лекови во нив). И секако му давам да џвака мастика при полетување/слетување сега кога е веќе поголем. Кога беше помал пиеше нешто. Исто помага ако му ги држиш ушите затворени со рака при полетување/слетување. Ова ни го кажа еден патник уште мал кога беше и плачеше ради ушите.
Има, да. Преубава е водата, песокот и плажата се исто супер, огромна плажа да не се стискаш еден до друг. Додатно инфо: Маркет, бар, ресторан ко кантина за готвена храна, ресторанче за бургери/пици/сендвичи/кафе, и посебно за гиро. Кино навечер за деца, игралиште, патеките убави, има кај да прошеташ навечер.
Одлично. Во јули одиме ние. Резервирав од Јануари, лани во кампот кај што бевме немаше место па се надевам дека ќе поминеме супер. Фала ти многу
Мајки, што да носам со мали дечиња реквизити? Големата ми е скоро 5год, ќе си игра она со кофички, лопатчиња, не беше проблематична од бебе си играше, ама малово 1.5год, ништо не го интересира, претпоставувам ќе јаде песок Што да носам плус играчки за него? Моментално е во фаза се да фрла
Мојата е веќе 3 год ама еве што сум носела и што носам. Мy busy book Боенка, Книги, некои нејзини играчки кои и се омилени, кофички
Не може плажа и песок да не го интересира. Да, голема е веројатноста да јаде и он и вие ќе претура со кофичките од големата и лопатките, ништо екстра не ви треба, едино повеќе кофички и базенче може малечко. Мојата на година ипол ја ставав и ја заборавав на плажа, на година и 9 месеци не уништи и нас и сите што лежеа околу нас
Се надевам ќе е така, тогаш ќе е година ипол, година и 3 месеци е сега, само фрла и да му тропкаат играчките