Улцињ, Дони Штој. Две години по ред бевме таму, малиот имаше 3 и 4 години. Има плажи со лулашки и сл. Песокта е ситна преубава, плитко е многу. Двата пати бевме средина на јули, беше топло но таму колку што забележав постојано има ветар па се издржува . Ако ти треба уште некоја информација пиши.
Не знам на што мислиш затоа што не сум во тек, а и оваа година го имам во план, така што ако имаш некое корисно инфо не било лошо да го споделиш
Барав но не најдов. Како и да е, Велика Плажа е долга 12-13 километри така што сигурно има место за сите .
Ние сме биле во Црна Гора со деца два пати,еднаш пред неколку години со 3,5 годишно во Бечичи ,убаво си поминавме ,не беше почната сезона,плажата огромна и за со деца е топ,а и водата не беше ладна многу таква струја фативме изгледа потопла. А лани исто бевме со две деца 8,5 и 2,5 години,во јули бевме малку погоре кај Херцег Нови во Бока Которска заливот ,мало место Баошиќи ,и баш убаво поминавме по патот,моите не прават проблем за возење ,спијат кога тргнуваме ,една пауза и после во кола музика,песнички и не осеќаме кога стигнуваме.Плажите се со камчиња и така на места и покрупен песок,водата чиста и ни се погоди претопла,како од бољер ама и времето беше многу топло.Тука во заливот сите се малечки симпатични места ,фамилијарни ,се беа со мали деца,смештајот не беше скапо нешто ,така да препорачувам било кое или Бечичи евентуално. Имаш ли препорака за сместување,ако може да ми пишеш тука или во пп?
Може ли малку повеќе инфо околу Тиват. Се мислиме за таму со дете 14месец. Има ли сенки? Какви се плажите? Водата? За шетање? Фала ти однапред
Два пати бевме на исто место, опција за јадење мислам дека нема. Ни се допадна затоа што не е до главна улица и е тивко. Има огромен тревник каде што ги паркиравме возилата, има место и за деца да си играат. На плажа одевме со кола, три минути е возење до плажата. Добрата страна е и тоа што некаде после 18 часот се прават огромни колони затоа што сите си одат од плажа, и тие што живеат на почетокот на Доњи Штој или што доаѓаат од Улцињ се случува да возат по еден час за да се вратат до сместувањето, а за да стигнеме од плажа до сместувањето нас ни требаа максимум 10 минути. Инаку тие сместувања што се од страната на плажата се прескапи, барем за мене. Бевме сместени во Delfini Holiday Homes, а на плажа најчесто одевме на Adriatica beach, најблиску е од сместувањето. Ако ти треба уште некоја информација повели.
Сивири или Пефкохори? Сакаме фино место, ни премногу пусто ни премногу дискотеки. Убава плажа, односно вода. Да има каде да се прошетаме, да јадеме и најважно да има доволно занимации за 6г дете (Сме биле Ханиоти и убаво сме си поминале- знам слично е со Пефкохори)
Потврдувам за Јерисос има с ешто треба за деца. Голем луна парк , аквариум,паркови, количиња. Има пат, на трет крак е ама се исплаќа. Плажата е супер. Ние годинава пак таму ќе одиме со деца 3 и пол год и 7 месеци бебе
@MissChievous Немам засега ништо резервирано, а би сакала во истата вила да одиме како и претходно. Ги чекаме пасошите. Пред тоа не можам да резервирам.
Во Сивири мислам дека ќе му е досадно. Мало е местото во една вечер ќе го прошеташ. 2-3 таверни, едно гиро, 2 продавници за сувенири и едно делче со флипери, тоа е тоа. А и на плажа лани претежно беа тодлери и бебиња.
Предлог за местенца во Грција за фамилијарно одморче? Би бил хотел на сама плажа, ама плажата ми е важно да е со прашкаста песок, маливе да прават форми и стапалца Некои од овие Полихроно, Неи Пори, Пефкохори...
Ние имавме ваква и ја користевме за бебе од 9 месеци па до кај 4 години. Ја купивме во Грција, ама ја имаше и кај нас во Mothercare тогаш. Сигурно и сега има нешто слично да се купи (има како појас и плус гима ама отворена позади за да биде детето во позиција за пливање наместо исправено во вода).