Ако не одите многу рано на сабајле сите се зафатени на прв ред шо ние решивме да резервираме за цел одмор, на оваа плажа најубо ни беше.
Какви се зиртек капките да не имаш слика, попрактични се од сируп претпоставувам, како ампули се спакувани по една доза? Ми ги збореше Искра и ги заборавив да ги запишам не знам како да ги барам, ако мислиме на истите.
Фала ви на сите. И на нас веројатно нема да ни треба за изгореници зашто секако сабајле до 11 и поручек после 4 ќе одиме на плажа, а измеѓу спиење во соба и во затворената игротека е планот да сме, ама за секој случај да си имам во мене. Нарачав јаогел и рупафин да ми донесат од Мк
За хотелот имам само најубави зборови, хигиена на високо ниво, нова зграда е, блиску до плажа, персоналот е супер, ние одиме 3 години таму, кон август пак ќе одиме, имате и појадок за двајца за 7евра вие си одбирате шо сакате по мени, за деца не се доплаќа, решен проблем и со комарници, клима кујна, се имате.
Пррпорачајте ми играчки за 3 годишно дете за по пат, да му биде интересно? Со кола. Се што ви текнува?
За една 5 двете 10еур. Ваму кај шо даваат mrs. Rose кафе беше најдобро. На другиве места кај шо имавме претходно седнато ни велеа дека требало од поручекта пак да порачуваме ако сме сакале на прв ред. Шо ние секако порачуваме, но ме изнервира пристапот шо неколку пати ни го напомена тоа..
Магнетна книга, лепенки, книги со лепенки, електронски попит ама може глава да ви пукне (од рамсторе мол во маркетот земав пред некоја недела, друг дизајн), блутут звучник со песнички на него, табла пиши бриши тие со батерија што се не знам како се викаат, книги, сликовници. Мојата е помала ама ова ми се to go стварчици за на пат, мислам дека на поголеми уште поинтересно би им било. https://toper.mk/product-category/detski/knigi-so-lepenki/ https://www.literatura.mk/knigi-so-stikeri Овие се за повеќекратна употреба силиконски лепенки на мрсна хартија внатре да си ги прелепува, има неколку книги во серијава, ама се се девојчиња https://www.prosvetnodelo.com.mk/Product.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&IdProduct=3124 И играчките не ги давај и покажувај недела дена пред одмор, да му бидат интересни.
Е зашто да те нервира пристапот, во ред се луѓето, пошто 90% од турисите се вакви. Со две кафиња цел ден лежалки. Тоа исто како да седнам у ресторан да нарачам еден помфрит и цел ден да седам на масата. Не културно е, и треба сами да знаеме. И коа сами не ни текнува тогаш е океј да ни напоменуваат Не го сфаќај лично
Оти на некои места на таа плажа не беа љубезни. Прво седнавме на прв ред и дојде келнерката, ни вика а дали резервирате вчера за овде, јас седнав нормално не беше зафатена лежалката, немаше ни крпа ставено како на другите, беше слободна. И не беше баш среќна дека сме седнале. Ама да знајте ако сте на прв ред треба и попладне да купите пијачка. Во ред нема грешка и велам. Чекаме да дојде долго време за порачка, а кафето долго го немаше, шо морав да одам после до шанкот таму да прашам, сега иди ми рече пак почекаме. Кога ги донесе пак ни напомена треба и вечер да си порачате. И цело време поминато со тоа. Но не прават сите така , него остават луѓето да си уживат.
Затоа задолжителна конзумација е закон. Или плаќаш лежалки и прави што сакаш. Цените по одредени барови се безобразни, ама секогаш можеш да се носиш опрема. Балканско народ сака чадор лежали прв ред и уште да им платат што седат таму.