Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.010
    Пол:
    Женски
    Мор
    За изгореници од жешко, прва помош е ладење под протечна вода, најмалку 10 минути. Потоа се става Јекодерм.
    Ладењето со вода спречува изгореница да дојде до подлабок слој на кожата.
    Од искуство пишувам, и бидејќи работам во лабораторија учевме за прва помош и го практикуваме тоа
     
    На Skyler и Anturium им се допаѓа ова.
  2. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    2.855
    Пол:
    Женски
    А зошто јас да не сакам чадори на прв ред, кога гледам дека се слободни нормално е дека ќе сакам таму.
    Не е ни битна цената него услугата.
    А кога ќе те услужат би сакала тоа да оди побрзо, јас нема да чекам еден час за да порачам и уште еден час за да ми донесат. Ама битно ми кажа шо и како требало ако си прв ред, а не добиваш никаква услуга. И тоа два пати, па нека си дојди фино лепо за нарачка попладне.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.445
    Допаѓања:
    24.946
    Сарти или Геракини, со 3 годишно?
    Позитивни и негативни нешта?
     
  4. Bebence29

    Bebence29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    912
    Пол:
    Женски
    Gerakini definitvnoo malo mirnoo mesto
    za nishto ne bi go menuvalaa bash da se odmorish
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    За услугата нема да коментирам. Сум имала непријатни искуства, ама малку.
    Келнерите да се подобро платени или да се повеќе би била услугата поинаква.

    Не беше коментарот за тебе, општо за Балкански менталитет зборам. Со свои очи сум видела како се однесуваат за фамозниот прв ред.
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    2.855
    Пол:
    Женски
    За со деца најдобро е прв ред, да сме сами ќе сакам поназат на тие, помирно кај што е.
     
  7. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.010
    Пол:
    Женски
    Еве ние сме на одмор и одлучивме да купиме чадор.
    Седнавме вчера на лежалка, малото ми го истури кафето, па ја фрли пицата во песокот, и на крај тргна на луѓето кои одмараа да им истури песок врз глава.
    Среќа сме на сама плажа, па сопругот иако беше против да влече чадори денес отиде и купи.
    Барем поминавме помирно од вчера, не се немавме по лежалки.
    Секоја чест за родителите кои имаат челични нерви за одење на плажа до тодлери.
     
    На eliesaab и azelea им се допаѓа ова.
  8. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.006
    Допаѓања:
    40.320
    Пол:
    Женски
    Еве мајка со две деца на одмор. Големиот од вода не може да го извадиме. Ама бар голем е и со мускули тука пред нас сам го оставам. Малото е приказна за себа. И на плажа и не е толку страшно. Е во апартман кога ќе се прибереме е страшното зошто не знае што да направи па само некој трча по него.
    На плажа инаку еве како се гњури во базен (facepalm)

    20240728_111714.jpg
     
    На IRBBB, hello-kitty.90, azelea и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    19.921
    Пол:
    Женски
    Девојки предложете места и смештаи од кои што сте задоволни на прв или втор крак, а може и негде пред краците, пример Неа Перамос и сл. Се утепав од барање и не наоѓам ништо асално со нормална цена. Работи кои ми се важни:
    - смештајот да е блиску до плажа/на плажа
    - да е мирно, но сепак и не некое утепанко место со еден тротоар шеталиште, како Врахос пример
    - пожелно е смештајот да има чадори и лежалки (многу сакам нели) :D


    Друго што ме интересира е како се организирате за храна со тодлери? Лани беше неполни 5 месеци, цицаше и раат бевме, ама годинава не знам што е најпаметно. Прво мислев хотел со полупансион, ама стварно се претерани цените. Така да студио/апартман ќе биде очигледно. Готвите ли, јадете ли надвор? Ајде за доручек и вечера не е толку спорно, ама за ручек не ми се глави во кујна искрено, и онака мислам уште да си легнам во неа од готвење по цел ден. (lalala)
     
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    19.921
    Пол:
    Женски
    Преслатко. :D:inlove:
     
    На Ana Marija 1, eliesaab и Ano им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    5.459
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella , јас планирам за одмор од оброците на Белина што се 15+ да носам за ручек или ние ако седнеме некаде за јадење од тоа што е на мени погодно за неа. Си јаде секако, овошје, зеленчук ќе купуваме, појадок, вечера како и дома, житарки, лебче со јајце, крем сир намаз. Од пекара ако има во близина некоја кифличка, тестенини, јогурт и сл.

    За места не можам да ти предложам. Ние баш такви ништо што нема гледаме, Врахос, Канали, Амудија, баш на таа страна. Немаме уплатено сеуште.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    6.903
    Мојата е 2 години ама не е нешто јадач, планирам тестенини, палента, овесна каша, грчки јогурт, овошје и зеленчук, помфрит - тоа и по ресторани има, класика ѓевреци/леб некој, ќе одмориме од манџи неколку дена.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    7.660
    Пол:
    Женски
    За ручек си вакумирам по една мала тегла од 300-400гр што се. Од кога ќе се излади во обичен фрижидер ја чувам, по пат исто во фрижидер. Ништо не и е. Така терам со години.
    И со компир сум ставала, ништо не му е. Не бил поцрнет. Пред да ја дадеш ќе ја пробаш. Ако е расипена ќе режи на јазикот.
     
  14. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.625
    А јадач си е детето? Сега би било година ипол? Ќе јаде тоа што и вие. Јас не готвам, со нејзе ова ни е трето лето, по два пати одиме во сезона. Лани кога беше година ипол бевме во полупансион и доволно ни беше доручек, на плажа грицки и после рана вечера. После на година и 8 месеци бевме во апартман и одморот го помина со помфрит и леб на пример. Имавме пекара до апартманот од таму земавме доручек или имавме во фрижидер леб кремсир и сл, за ручек гиро, суфлаки, пица, бургер или паста, а за вечера риба или стек сум и порачувала, ама пак она од порцијата компирот го јаде, во таверните прво леб носат и секако ќе се најаде од лебот, салати ако нарачаме и од таму ако успее јаде патлиџан, сирење, краставица, цазики. Не се оптеретувај, ние на одмор не ни имаме класичен ручек, не ни се јаде, жешко е, на плажа сме, после дремка нешто успат ќе каснела, па после сме оделе на вечера. Сум земала грицки и шмукалчиња, тие и биле ужинки, не јаде овошје затоа, ако јаде овошје земете си таму и носете на плажа.
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    19.921
    Пол:
    Женски
    Нема уште година ипол, кога ќе одиме ќе има година и неполни 5 месеци. Јадач е да, иако почна да си бира храна и треба да му е по ќееф за да се најаде убаво. Лебар е скроз, па за доручек вечера ќе се јадат лепче со крем сир, хумус, домати, јогурт, кашкавал и сл. Каши не јаде, односно ако сакам да дадам каша морам да му сервирам пред него лепче или зеленчук за он да мези а јас да давам каша. Овошје јаде секакво како да нема утре, ужинките тоа ќе бидат. Ќе се снајдеме сигурно, ќе биде интересно дека прва година е со нов ритам одморот. За ручек може да јаде риба и мевце низ таверни, ама исто и он како твоето детенце ако види леб, компири, моркови и домати, ништо друго не го занима. Дома прво му го сервирам месото за да знам дека ќе го изеде, па тек после тоа прилогот. :D
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    За што конкретно се користат капките? Ми ги донесоа од Грција но грчко упатство и не успеав ништо да разберам. Дозирањево што го пиша е според упатството?
     
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.155
    За алергија. Дозирањето ми е од доктор кажано, 1 капка за 2кила.
     
    На LadyInPainting му/ѝ се допаѓа ова.
  18. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Пишав во соодветна тема ама нема одговор па ај дека прашањево ми е поврзано за дете тука ке прашам.
    Дали некој има искуство од Тунис за со мало дете? Страв ми е ради храната.
     
  19. Bebence29

    Bebence29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    912
    Пол:
    Женски
    имате ли некој контат од Грција од граците фа е на саматаа плажа?
     
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.155
    Брат ми беа лани. Во нивниот хотел имаше интернационална кујна, ништо лошо.