Добро бе, само кај мојава ли ништо од ова не функционира? Цела кеса носам, плус за цртање, па креди, што уште не, и све и е по 2 мин и толку, после се дерка ако не и се приспие.
Дионисос ресторан, покрај плажа одма! Вкусно јадење, големи порции , средни цени! Само гужва, и маса тешко се фаќа во период на ручек. Буково - за гирос и суфлаки! Инаку Неи Пори само во јуни би одела, кога нема гужва ептен... Така во шпиц сезона не препорачувам!
Дали за дете од 19 месеци е практичен пончо пешкир за на одмор и каде има убави? Или да ме упатите какви да купам?
Девојки знам дека е пишано сто пати, ај ве молам уште еднаш за да не заборавам нешто. Што носите од лекови за бебуши 1+ години? Исто така добредојдени се други типс енд трикс за храна, занимација во кола, реквизити за на плажа итн.
Практично е, јас и гола ја оставав само со пончото, муслин. Имам муслин пончо од бебехоум, фротирно од Ваикики и од Биби и Боби, а сум гледала и во Ело убави.
Имаме два, еден од Ело, еден баш крпа материјал купен од Грција. Ќе видиме како ќе се покажат, ама мислам дека се практични. И лани користевме, мада што лани беше премал, немаше ни 5 месеци.
Блокмакс Парацетамол Орс Пробиотик Синопен гелче за убод и изгореници Наусолвит капки против мачнини и повраќање Летизен/Аеурис за алергија Главно тоа носам. Знам да земам и Ентерофурил сирупче за секој случај. Реквизити за плажа, макнеме се. Не користиме ништо. Гума само. За храна мојата беше главно на готово оваа лето. А јаде и од нас. Јас давам скоро се да проба. Па не знам да дадам совет. Со второ дете разбрав дека тие 10 дена може да се поминат секако.
Фала ти. За второ дете од тоа што гледам околу мене сите се поопуштени, а и така треба. Мајки околу мене што имаат по две три дечиња секогаш ме охрабруваат да сум полабава. Ентерофурил за што е? За убоди имам Крилен од Фрези, а имам и Фенистил од лани. Дали би ми завршил работа да не зимам Синопен или различно е? Сируп нејќе да пие, ќе си земам чепчиња за недај Боже. За алергија имам Лоратидин, исто од лани е не сум го користела ама отворен е, еднаш јас се напив. Дали да зимам нов? Орс какво, тие од Хип? Не сум користела до сега.
Ентерофурил е за пролив. Лоратадин земи нов. Подолго е отворен. Колку да не ти е шубе. Ако не се лажам 110 денари е. А може да и се јавиш на матичната ќе ти прати рецепт. Орс јас земам на Алвоген. Шумечи се, за сите возрасти и имат убав вкус. Орс на хип е како солено сокче. Не го сакат баш децата. Да, Фенистил е исто како Синопен. Мислам главно тоа. Фластери, алкохолче или бетадин , за секој случај.
Јас плус носам и антибиотик (не потребал) и некој сируп против повраќање, Локомотив мислам се викаше.
Алмацин носам стално, тој е прашок и ако има потреба се раствора со вода, матичната ни препишува. Да има цела аптека.