Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.554
    Пол:
    Женски
    @Bubish26, @Bubce38 на Копаоник нема Лидл, ама има Maxi и Idea. Двете се во конаците. Во двете има и готвено јадења и пиљара и слично. Е има премногу локали со супер храна насекаде. Барем во Центарот. За Викенд Насеље и Брзеќе не знам ние секогаш во Центар се сместување веќе 6 години. Порциите по ресторани се огромни, сеуште две парчиња вешалица е порција.
    Од сите скијачки центри во околината (Боровец, Копаоник, Маврово, Шапка при што Златибор не ми е ски дестинација, а Банско ми е скроз отпишано зашто е обично градче со стази далеку од него нешто како Тетово), Копаоник има најмногу што да се прави и ако не се скија. Навечер деца играат во Конаците и кај стазите има дел за пуштање со клиско/санки. Преку ден има прилично кафиќи на шеталиштето од Греј до Горки и ако е убаво времето се пие надвор каде и се гледаат дел од стазите.
     
    На sani99, Bubce38, kozuf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    172
    Секако ќе си носиш количка, на некои места запнува зависи од снегот како е, ама сепак е изводливо :D Ќе дадеш на "посилната" половина да турка, ако треба ќе се помачи малку ;) И мојата количка е стабилна и со големи тркала и нема многу мака. Јас многу си ја сакам, штета што веќе бебе оди и сигурно од пролет нема да сака многу да се вози хаха Ама за патувања ќе носам и понатаму.
     
    На sani99, Carolin. и Tea SK им се допаѓа ова.
  3. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.820
    Допаѓања:
    17.837
    Пол:
    Женски

    Јас ја извадив зимската од што ја сакам толку. Летната ја купив само за шетање ама ме нервираа двете у ходник и а падна снег јас ја распакував :rofl:
    Знаете кој шок ме мавна кога го видов дека ја наполнил количката, јас рачунам уште мал тој цело седиште го фаќа :D
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    8.312
    Пол:
    Женски
    И тоа што викаш, нек се мачи маж, ќе уживам јас со големата.
    Лани јас трудна, предремав на стол на терени, они двајца се изнауживаа.
     
    На Isabela23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    2.576
    Пол:
    Женски
    Дали може да споделиш за кој хотел се работи? Барам и јас со игротека
    Фала
     
  6. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Дали може да ми предложите хотел со затворен базен во мк или блиску во соседството? Благодарам
     
  7. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    172
    Хотел Мона.
     
    На Cloverrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Natural

    Natural Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    29
    Мајки дали и за влез во Србија важи дека пасошот на детето треба да има важност минимум 90 дена од денот на влез? Благодарам
     
  9. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Како е во Крушево за со малишаните?
     
  10. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    8.312
    Пол:
    Женски
    Лани и преклани бевме супер поминавме.
    Е сега зависи колкави се децата, до терени се оди или со отворена жичара или со кола до Шула Мина па пешадија 10 минути.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    1.359
    Беше ли некоја до Попова Шапка?
     
  12. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.820
    Допаѓања:
    17.837
    Пол:
    Женски
    Ние бевме, ама од тука сме кажи што те интересира :D
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.556
    Пол:
    Женски
    Ние се вративме завчера.
    Скапавме по пат особено зашто на одење чекавме 2 саат на граница, па сосе чекање ни се фати 8 саати пат.
    Али преубаво беше. Само што стигнавме снег имаше натапкано се прерадувавме коа видовме. Гратчето симпатично најбитно занимации за деца имаше маскота луна парк.
    Цени дупло поскапи него кај нас али вредеше.
    Топло препорачувам Титова вила за смештај, апартманите беа супер и претопи со подно греење во вц.
     
    Последна измена: 10 јануари 2025 во 08:32
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.820
    Допаѓања:
    17.837
    Пол:
    Женски

    Имаме смештај резервирано ги гледав и нив ама немаше слободни 3 апартмани, а сме три фамилии. Некој апартмани Микич резервиравме преку букинг, пишува 500м до центар и добра рецензија имаат па да видиме. Ние тргаме недела, а се враќаме петок, намерно ги одбравме деновиве вака за да биде обратно кога сите си одат ние да се враќаме и кога ние се враќаме луѓе тргаат на викенд. Ама мислам до карј на јануари ке се стиша малку гужвата по границиве. Најбитно ми беше да има занимации за деца, топ штом така. Наздравје шетање. Фала ти на инфо.:hug:
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    1.359
    Каков е патот натака преку викенд?
    Ние планираме од сабајле до попладне.
    Малата нема шанса да се вози со кола па да избегнам гужви
     
  16. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.820
    Допаѓања:
    17.837
    Пол:
    Женски

    Патот е чист, освен ако во моментот не врне снег па го наврнува ама годинава морам да ги пофалам, го држат чист цело време. Ако одите недела тргајте порано барем 8 веќе да се качувате нагоре пошо во недела се најголемите гужви. И сабота има луѓе ама недела е хаос. За да најдете паркинг и да стасате до горе без проблем. Преубаво е сега, снег има, скилифтите ако е сончево работат сите, ние со 6тоседот се возевме страв окркав невиден ама бебо беше фациниран :D
    Имаат страна и објавуваат информации за патишта, временска прогноза и сл.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    6 и 3 години се,на жичара обавезно да се радуваат.
    А горе на терените има кафичи?
     
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    8.312
    Пол:
    Женски
    Има да. Едниот е Алто на Панорама. Одлично ќе ви биде за таа возраст. Има и за јадење и за пиење горе и ски инструктори.
    Јас трудна бев лани, па шубе ми беше на жичара, пешачевме. Убаво е многу, природа, има кај да санкаат малите, супер е.
     
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.932
    Допаѓања:
    123.480
    Незнам кој прашуваше за Златибор, ние супер минавме по пат, тргнавме 06.30 спиеја скоро до 11.30 , како ни се посреќи :) Пауза една правевме до тоалет и кафе и точно 7 саати не фати патот.
    Тука сме до понеделник и не стигаме секаде да отидеме зошто има премногу занимации за децава :)
    А искрено и за нас има бааги за шопинг
    Имате ресторани преубави со игротеки прпорака за Биниз.
    Апартманов топ претополо по кратки спиеме има и подно греење. Се на се чистка 10-ка :)
    Има и снег вчера навеа доста.
    Е за назад ќе му ја мислиме .
     
    На lovely91, Cloverrrr, CareTee и 1 друга личност им се допаѓа ова.