Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.985
    Допаѓања:
    32.159
    Пол:
    Женски
    @Bubish26 на планина е така. Ако е ладно е ладно и тоа е. Битното на Копаоник е што е супер за дете да научи да скија. Предобри се инструкторите. Внука ми лани на Копаоник скијаше без проблем, годинава беше во Банско и од таму се врати со мисла никогаш повеќе да не скија.
    Плус на Копаоник сите места се прекрасно уредени.
    Ако ви се подоправи времето качете се на жичара на Караман гребен сите четворица. Горе има многу убави кафиќи. Потоа пак можете со жичарата назад.

    @Leanne на Шапка Арена и Скардус имаат базени. Во Маврово Радика има базен. Во Крушево базен има Панорама, во Берово Аурора. Е има сега и во Цар Самуил реновиран дел и таму имате топла минерална вода. Во Дебар има минерална вода ама малку мириса на сулфур. Во близина затворени базени има на Копаоник, а и бањите во Србија: Куршумлиска, Луковска и Пролом како поблиски. Убави хотели ама подалеку малку има Врњачка бања и Сокобања. Имаш и опција Бугарија, ама Србија е далеку подобра опција во моментов заради амбиент во хотели и храна.
     
    Последна измена: 15 јануари 2025
    На MilaSs12 и Leanne им се допаѓа ова.
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.641
    Допаѓања:
    24.345
    Пол:
    Женски
    Тоа знам и така треба да е, пошо најубави се пистите на минусни температури, на плус би било каша, вештачки снег не е тоа тоа филинг. Јас за големава не зборам, она си тера своето со ски и маж ми исто, муабетот ми беше пошо некоја членка пиша дека планираат да одат со бебе/тодлерче кое не скија и не се санка, а немаат поголемо дете така бар јас разбрав. Во нашиов случај малата ми е така и преседав по кафичи оти реално за толку мало дете не е надвор да седе. Доколку би била без големо дете, туку само со мало не би идела тоа сакав да кажам. Џабе пари фрлање според мене.
     
    На kozuf и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.262
    Допаѓања:
    18.377
    Го потвдувам истово. Моите се 5г и година ипол. На снегов што падна пред некој ден,отидовме на санкање на 10мин од местото каде што живееме. Големиот уживаше иако со црвени обравчиња,сакаше уште да останеме (околу саат ипол бевме). Малото прво се радуваше,сакаше да го возам на санка,а после почна да плаче. Ама не збори уште и не знам зошто плаче. Да,една причина беше му се спие. Но можеби му беше ладно,или можеби е мокар си помислив. Па ајде во раце го носев до кола,низ снег каде што отежнато е сам да се движиш а не пак со товар од 12кг :)

    А претходно барав сместување во Крушево. Среќа што падна снег кај нас и не резервирав никаде. Здравје,до година ќе одиме зимување,нека порасне детето.
     
  4. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Фала ти најмногу :f:
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.926
    Допаѓања:
    6.151
    Пол:
    Женски
    Ај јас една консултација за летен одмор. Сакаме за прв пат да одиме во Хрватска во август. Знам дека тешко се наоѓа песочна плажа, има ли воопшто? Сакам песочна плажа со лежалки и природни сенки во место каде што центарот и плажата не се многу оддалечени, пеш да си одиме. Не мора кој знае каков центар, да има колички за деца и некој ресторан за јадење. Секако ќе одиме до сплит и дубровник, ама не мора смештајот да е таму

    Има некој предлог каде да го барам ова?
     
  6. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.260
    Допаѓања:
    170.211
    Пол:
    Женски
    Макарска
    Разгледај го Тучепи , на 5-6 км од Макарска.
    Во многу убаво сеќавање ми остана плажата. Не беше песочна чинам ,туку фини ситни камчиња .
    Паметам дека беше преполна со фамилии со мали деца.
    И многу убава музика ,храна и амбиент во баровите :)
     
    На Anturium, Dee*Tee и azelea им се допаѓа ова.
  7. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Женски
    Омиш...едно 10км пред местото Бубче што ти го препорачала...преубаво место...плажата не е нешто wow дека е песочна и се мати водата ама полно со фамилии...Тинејџерските лета ги поминав таму, па после на меден месец се вратив таму :inlove: во истиот град има и река и море и има тврдина горе од која се гледаат најпрекрасните зајдисонца...е сега од 2019 не сум бидена ама колку што се сеќавам имаше нешто занимација за деца, лежалки на плажата немаше
     
    На Anturium и azelea им се допаѓа ова.
  8. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    15.625
    И ние гледаме за Хрватска,можно е таму да фатиме годинава.
    Има некои песочни плажи се наоѓаат,еве погоре што предложија Тучепи,Омиш се ок избор,баш лани гледав за Омиш и се изненадив колку убави плажи има околу и во самиот град.Ние сме биле Макарска ама без деца како млади и имаше доста фамилии со деца ама во шпицот е многу гужва.
    Исто види и едно местенце пред Сплит,Подстрана има доста апартмани и хотели и убава плажа.
    Од островите ако сакаш на Муртер имаш песочна плажа и на Лопар мислам,со тоа што првиот е поврзан со копно со мост.
    Нагоре по на север се повеќе карпи и поголеми камења,ама и таму се наоѓа,преубава е Хрватска,со многу природни сенки по плажите.
    И Брела е преубава,не е песок,ситни камчиња ама ја има најубавата чиста вода и сенки колку сакаш.
    Истражи повеќе по групите на фб ќе најдеш убави местенце.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    4.637
    Муртер види го ако сакаш пешки песочни плажи и центар, лежалки не памтам дали имаше. Омиш е супер, преубав за шетање, ама плажите не знам дали се песочни. Дуче е песочна ама не знам дали има за шетање. Сме биле сегде овие што ти ги пишале погоре, ама сегде со кола или па ако ни била блиску плажа била со камчиња. Освен на Муртер, таму најдовме некој смештај што беше блиску и до плажа и до центарот, ама тогаш бевме млади и пешачење малку повеќе не ни сметаше.

    Има песочни плажи, не знам колку сте авантуристи и веројатно сега е мн полесно, ама ако сте околу Сплит отидете со брод и до Мали Дрвеник. И секако тука Трогир може да го прошетате, исто е преубав.

    Дубровник во август ако ви е must see одете иначе не, ако имате опција оставете го за есен друг пат, тогаш е најубав.
     
    На Anturium и azelea им се допаѓа ова.
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    22.860
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки,

    Рано е, ама гледам некои опции за летото за одмор во хотел во Гр.
    Ќе бидеме со синко 6ипол год и бебе од 3-4 месеци здравје.
    Да ми препорачате некој хотел поблиску на краците некаде, кај сте биле со мали деца?

    Фала :)
     
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.985
    Допаѓања:
    32.159
    Пол:
    Женски
    Храватска нема многу песочни плажи. Хрватска има мноогу сенки на плажите и прекрасна чиста вода. Затоа се оди таму. Инаку имаш многу плажи со ситни камчиња.
    Баш песочни има на еден остров во близина на Дубровник, има на Корчула и на уште неколки места. Песочните плажи мене ми се најнеомилени зашто немаат природна сенка.
    На тие со карпи и камчиња буквално цел ден можеш на плажа под сенка да седиш со сопствена лежалка. Нит ти треба чадор нит лежалка да изнајмиш.
    Ние со мало дете сме биле во Цавтат, на Корчула и во Супетар на Брач.
     
    На Anturium и azelea им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.751
    Пол:
    Женски
    Има одлична понуда за јуни со 40% попуст во Симантро ресорт на Сани бич, јави се во Папилон туристичката агенција и прашај. Некаде 1350 евра беше полупансион за седум ноќи за двајца возрасни и две деца. Моиве големи се, па не е за нас таа понуда иначе одма ќе уплатев, не се мислев.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    4.479
    Брела и Башка Вода. Споени се со прекрасно шеталиште.
    Ама во август има многу гужва, за мене тоа не е лезет одмор. Плажите се песочни но се тесни, пешкир до пешкир, нема како да се влезе во вода.
     
    На dromka и Anturium им се допаѓа ова.
  14. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.926
    Допаѓања:
    6.151
    Пол:
    Женски
    Значи ве обожавам, распукавте со предлози, фала ви :inlove: Ќе ги разгледам убаво сите места, предноста е тоа што ќе одиме со кола и ќе можеме наши лежалки и чадор да си носиме така да ја тргаме опцијата да мора да има лежалки. За сега Селце го разгледав убаво и ме привлече местото, ако веќе бил некој нека пише некој позитивен и негативен коментар за таму. Пре премногу ви благодарам, срцки сте :inlove:
     
  15. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.859
    Допаѓања:
    18.000
    Пол:
    Женски
    Што мислите за Римини, Италија? Би оделе со авион до Болоња па со воз или рентакар до Римини. Бил некој убаво ли е? Вреди ли?
     
  16. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Широка плажа со многу приватни плажи и мислам дека се скапи лежалките. Имаш и градска плажа кај што не се плаќа лежалка ама има гужва. Водата е како Вардар, мене не ми се свиѓа, а и на локалците. За убава вода треба да идеш јужно со кола. Градот е убав како и секој италијански град и има кај да се прошета околу и што да видиш.
    Поубава е јужна Италија ако идеш за плажи. Водата е поубава а и поефтино е.
     
    На dromka, JoyJoy и Carolin. им се допаѓа ова.
  17. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    626
    Дојдов да ви кажам фала за предлозите и советите за зимување. А тука муабет за летен одмор, како добро ми дојде да си мечтаам од сега :D златни сте :l:
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.