Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Што мислите за голи мали деца на плажа, ви период кога не е опасно сонцето, прашувам од аспект на "голотијата" мојата дома во базен си се бања гола 20 месеци е, но добив коментари дека кој разбира малку нема да ги остави голи - иако е дома во бавча позади куќа.
     
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Во денешно време на побудалени и искривени мозоци некако не ми се пушта голо девојченце на плажа.
    Нормално дека со родители е, заштитено е, но мене ете ме боли и туѓата мисла за моето чедо.
    А има такви гадови.
    Замислете има ,,чичковци,, кои се палат на тоа.
     
    На Bozica1980 и galapce им се допаѓа ова.
  3. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    И јас сум против голи деца на плажа, од аспект на секакви изопачености, ама исто така и од хигиенските причини. Подобро да седнува на песокот или каде било со гаќите отколку со голо газе.
    Против сум ставање слики од голи мали деца, па и бебиња по социјалниве мрежи.

    А нешто што имам видено и што ми е многу одвратно, не мали деца, туку веќе предшколска-школска узраст голи на плажа, наши луѓе наравно. |(
     
    На ennaz, galapce, Esmeralda-MD и 2 други им се допаѓа ова.
  4. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Сега во Охрид имаше на плажа машко дете на возраст од околу 10 години голо. Можеби беше помало по возраст ама крупно и високо по раст. Не личи, но не судам оти можеби има некоја причина за тоа или едноставно така сакаат луѓето.
     
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Неможеш никого да осудиш, тоа си е нивно право ама и одговорност на секој родител.
    Но од ова што читаме секојндевно цревата ми се превраќаат
    Мене лично мали дечиња голички ми се синпатични...паткаат како шатчиња и мили ми се...
    Ама кога ќе помислам на тоа какви се дегенерици постојат, Богами не е лошо да си го потскриеш детенцето.
     
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Лично јас сум за да не се покажува детето голо во јавност пред куп луѓе без разлика дали е машко или женско од безбедносни причини пред сѐ. Моето е една година, го шлапкав и голо на плажа, ама и покриено. Имаме штосни бебешки шорцеви кои кога ќе ги натопиш во вода се појавуваат форми. Па од мерак повеќе беше во нив отколку голо.
    Ама секој за себе и за своето дете одговара.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Лично јас сум за да не се покажува детето голо во јавност пред куп луѓе без разлика дали е машко или женско од безбедносни причини пред сѐ. Моето е една година, го шлапкав и голо на плажа, ама и покриено. Имаме штосни бебешки шорцеви кои кога ќе ги натопиш во вода се појавуваат форми. Па од мерак повеќе беше во нив отколку голо.
    Ама секој за себе и за своето дете одговара.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.709
    Пол:
    Женски
    Керка ми е скоро 7 год и си беше во купачи на плажа нон стоп.И пред 2-3 години кога летувавме и тогаш купачите беа обавезни.

    Малото си седеше по памперс.
     
    На galapce, zuto и referentka им се допаѓа ова.
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    10 години е премногу.
    Па тоа веќе не е дете, скоро тинејџер е! Не знам како самото дете пристана да е голо, оти на тие години итекако разбираат и знаат многу и што треба и што не треба.
    Да не кажувам колку е ружно толкаво дете голо!

    Моево 4 години нема па во базен дома се бања во купаќи, самиот нејќе поинаку, а па посебно на плажа и ружно ми е да е гол.

    Која издржана причина постои дете да шета голо, па и толкаво, ете не знам...
     
    На galapce и joy1 им се допаѓа ова.
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Не знам ни јас, а искрено не ни се замарам со тоа. Можеби детето не беше во најдобра здравствена состојба, беше со доста повозрасни луѓе (можеби му се баба и дедо). Не навлегувам.
    Лично мојот став е дека не е добро голи деца во јавност од проста причина што друг одговара за нив. Возрасен човек е друга приказна.
     
  11. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    ма знам. Не ни прашав лично тебе за објаснување, повеќе онака општо се запрашав :)

    Сигурно баба и дедо му кажале да ги соблече купаќите да не настинал :D
     
    На galapce и zuto им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Или да си го сонча газето:rofl::rofl:
     
    На galapce, zuto и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Eve se vrativme da vi go raskazam moeto prvo iskustvo so dete 2 god. Na odmor. Bidejki patot bese dolg se prilagodivme na negovite potrebi i baranja trgnavme vo 19 i 30 sreka sakase vo stolce i nemavme problemi. Vo 22 zastanavme da mu smenime pelena cajceto i se kenkase no zaspa. Se razbudi za zal vo 3 i do togas mirno pratese se sto se slucuva bese maksimalno posvetwn na patot :) iako pred trganje zema bedoksince po preporaka na doktor nego ne mu pomogna hehehe. Stignavme i tek vo 10 zaspa. Na palza za zal vodata mu bese ladna i imavme strav pa me vlagase mnogu. Nitu so bazence ete toa e dete neznaes sto ke te snajde se opusti tek poslednite 3 dena no ajde bitno e da dise cist vozduh. So jadenjeto isto kako tuka zatoa sto go pribirav i doma spiese a jas za toa vreme mu gotvev. Pocrnevme ne izgorevme se mackavme so bekutan 50 i na fitofarm 50. Za odenjeto na plaza i sedenjeto bez peleni cirkuz :) kakase po kamenjana pa cisti so vlazni frlaj aj dete e :) za apteka ete ne zemavme bivacin a bas toj ni trebase imavme mala nezgoda padna 4 skali nadole dupna glava ama mu ja soprevme krvta taka da gazi bivacin i flaster trebaat. Drugo nisto ne iskoristiv od toa sto nosev mislam fala bogu a za garderoba mnogu bodinja vi trebaat bar jas poveke po bodi go setav i maicki po kratki. Se na se ubav odmor na vrakanje spiese cel pat :) zdravje sledna godina pak :) :)
     
    На Bozica1980, Mrs.Bass, snegulkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.709
    Пол:
    Женски
    Зошто бедоксин?мн беше вознемирен?Вие во Грција мислам бевте...?
     
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Ne vo hrvatska a maticniot ni rece deka ni e temperamenten da se potsmiri dolg pat 14 saati ipak da mu dademe bedoksince koe mislam deka voopsto ne mu deluvase hehehedh
     
  16. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Lele be bedoksin na malo dete od 2 god.?? Nemoj so takvi sedativi uste od sega te molam, kolku povekje izbegnuvash lekovi tolku poarno, pogotovo ushte sega na ovaa vozrast :^)
     
    На galapce, joy1 и zuto им се допаѓа ова.
  17. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127
    Не верувам дека е побесен од ќерка ми, иако само 5 саати пат ни беше и тоа во 4:30 тргнавме демек успана да е, нервите ми ги истенчи! Мислам дека нема да сакам да се вратам назад од што ме плаши патот. Ама ништо не и дадов, таков совет и на другите би им дала, напијте се вие бедоксин и стискајте заби. :)))

    За голотијата, ќерка ми е во памперс, на 18 месеци од хигиенски причини не и облекувам купачи, не сакам да се искака пред нечија фаца. Иако е бебе мене би ми било гадно туѓо дете да ми кака до лежалка, затоа и мењам 6373737383 пати во денот зошто мојата е жаба водна и само се шлапа во водата. :))
    Има девојче 6.5 години на плажа и цел ден е скроз голо. Многу неумесно од страна на мајката ама секој си знае за своето дете, иако не само поради болните умови туку и воопшто, дете над 3 години мора да има купачи. Значи мора!

    За "аптеката" ми е срам да кажам колку пари оставив во Зегин и што се земав. :/ Дај Боже ништо да не ми притреба и се да фрлам ама никогаш не оставам на случајност.

    И да, носете многу бодиња и мајчки, највеќе тоа треба.
    Нерви и сила за со толку мало дете на одмор и апарат да сликате затоа што пола од времето испуштате многу работи зошто сте под стрес, ако сте човек како мене. :))

    И позитивното, по наше време во 9 веќе спие, за разлика од дома што пред 11 не ми заспала. :) И јас имам време за раат сладолед на тараса.
     
    На Annath, Mrs.Bass, snegulkata и 5 други им се допаѓа ова.
  18. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Мајки кој суруп против алергија се дава под 2 години? Лоратидин е над две. Да земам за не дај Боже..
    @Nova што зема ти?
    Јас во зегин денес потрошив 4700 мкд....а имав и дома некои работи.
     
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Аман што толку? Нема ли аптеки за не дај боже таму каде што одите?
    Јас освен јекодерм и бебешки линекс, ништо друго не земав. Дома имав камагел, парацетамолче, рол он против комарци и медицински јаглен и по некој фластер.
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Само сируп за температура и топломер носам за малиот, друго ништо посебно. Креми и аутан како за нас така и за него, а за други неволји воопшто не се припремам затоа што не сакам ни да размислувам, одам со позитивна мисла. Ако не дај Боже нешто се случи има болници, има аптеки, не одиме на пуст остров па да се товарам со се и сешто.
    Инаку голо никогаш не сум го пуштила, како помало на пелени, потоа во купаќи. Што е проблем не знам едни гаќички да се облечат на дете, мене многу невкусно ми е кога гледам голи деца на плажа, па и ептен мали да се.
     
    На Annath, Mrs.Bass, LaDyDoLl и 3 други им се допаѓа ова.