Бевме пред 2 години, ние бевме во зграда не во бунгалов и собата беше малку крш, со железен кревет на спрат и спална. Ама базенот и ресторанот супер, појадок и вечера одлични за парите. Плажата е ок. За парите сосема во ред беше, со 2 мали деца не мрднавме 5 дена од хотело, баш одмор.
@Bubish26 , @Annath ве тагнувам да прашам кало поминавте со летот со деца, гледам летовите обично се во 2 по полноќ и тоа ме одвраќа од идејата за Турција, незнам како би издржале децата цела ноќ во патување и без спиење...
Тоа е мачно, особено ако не се на време летовите, ние кога бевме последен пат каснеа и за поаѓање и за враќање. Моите деца беа поголеми, па не им беше сеедно, не па за помали. Ама помалите деца ќе спијат секако, може и да не биде толку тешко. Првиот ден ќе го отспиете максимално, тоа сигурно. Штета е ако само поради летот не одиш, се издржува, оти не е долг.
Јас искрено имам искуство доста со летање со деца во секое време.. мене обично децата во авион ми спијат. Не ги оставам порано да заспијат додека чекаме, шеткаме околу, грицкаат, претежно аеродромите евњ и анталија има и мала игротекичка, па во авион одма сите сме кома хахах
Која возраст се? Ние беме кога синко имаше неполни 3 (во јули наполни а ние во јуни бевме). Искрено и мене тоа ми беше напорно, посебно последен ден. Ја напушташ собата во 11-12 а си одиш вечерта, нашиот превоз беше околу 22:30, и зависи во кој хотел си, може да е плус минус 30 мин па и 1 час. Баравме да доплатиме соба, било каква, ама се беше полно. Натаму кога одевме се расони и цел пат беше буден ама не правеше пеоблеми, интересно му беше. За назад заспа на аеродром во раце, па во авион, па во кола. Некои деца плачеа, но помали беа.
Затоа треба пратење и организирање, не секогаш се поклопува со летови добро, па еден ден обично плаќаш плус, а не го седиш ама подобро ќе ручам на раат ќе отспие дете во соба, па ќе тргнам него ли да напуштам соба.. и немај каде со куфери. Лани и оломнани пативме плус ден ама искористивме ден кога стасавме, а оваа година тој ден кога ќе стасаме ние по вода оти 10 вечер ќе не фати во соба да сме, а цел ден и тој платен.
Авионски кога бевме, 10 години големиот, малиот 5. Каснење имаше и на одење и на враќање, тоа беше главен проблем, инаку во хотелот беше топ. Максимално искористени седум дена од утро до вечер, сабајлето одма не сместија во соба, последниот ден иако се одјавивме на пладне, си ги користевме услугите до крај, со тушеви, со пресоблекување, со се'. Куферите не ги мкневме со нас, си беа во посебна соба, оттаму си ги зедовме кога требаше да си одиме. Воопшто немавме проблеми иако дури вечерта во 10 требаше да одиме на аеродром. Чекањето на аеродромите е најмачно, другото се' беше супер.
Не, всушност користиш се. Ние стигнавме околу 10 утрото, ни рекоа да оставиме куфери и можеме да користиме се, јадење и базе, соба после 14. Јас порано отидов на рецепција да ди ја пробам среќата, па во 12 веќе бевме во соба. Последен ден излеговме од соба во 12 и цел ден користевме се, јадење, базени, буквално до крај. Куферите ги оставаш во една соба со останати кои си одат тој ден. Не обрнав внимание дека ке излеземе последен ден, инаку би доплатила. Не дека беше којзнае каков проблем, хотелите се огромни со кревети во лоби и таму спиеше синко, ние лежевме. Ама самото чекање до 22 и ноќен лет ми беа напорни. Исто и ние. Значи максимално искористени 10 дена, немаше доцнење на летовите. На некого можеби и нема да му е проблем вака, не е нешто страшно. Сега и синко е поголем, нема да е никаков проблем ваков распоред. Јас сум поуморна од него.
Белконти. Скап ама преубав, со убава песочна плажа Едит: сега видов дека и @Annath пишала, и мене ме убеди лани за хотелот и тврдам дека е совршен иако бев скептична за сумата
Мојата лани беше 2 ипол кога бевме. Спиеше дома, во кола ја ставивме спиеше, на аеродром ни се разбуди. Во авион не знам дали 15 мин поспа, краток е и летот додуше. Кога стигнавме хотелот ни беше на 15 минути, отидовме на доручек додек ни спремат соби, после доручек заспа во количка и кај 9-10 ни дадоа соба и поспа до кај 12-13, после се врати во шема. На враќање дента спиеше на лежалка попладневна дремка, после вечерата во количка пак спиеше, е вечерта на аеродром не утепа каснењето едно 3-4 саати имаше каснење, па спиеше по клупи и во раце . Ама годинава пак си уплативме
Јас сум била во Голден Бич, тогаш детето ми имаше 14месеци. Хотелот ненс нешто многу активности ама е на сама плажа. Само времето ни се погоди катастрофа и ни го расипа целиот впечаток општо.
Па вака не е лош, собите се малце малечки- бар нас ни беше трокреветната, јадењето е супер има доста избор секој ден. Има едно делче заградено со реквизити за деца и маси, базен и тоа е. На плажата само еден ден бевме зошто времето катастрофа ( бевме од 2ри септември што не е нешто касно). Инаку хотелот е на нивоа и општо цело гратче е угорници и нас со количка баш не ни беше практично.
Да да, предминатата година. Па плажата е одма пред хотелот по удолница, инаку се плаќаше пијачки за лежалките не беа скроз бесплатни за гостите од хотелот.
Не знам каде да го поставам прашањево, па мислам дека оваа тема би било најсоодветна. Имено, во четврток треба да летаме прв пат со малиот, 2 години е. Имам читано дека деца до 14години по автоматизам ги ставаат да седат на седиште до едниот родител. Е сега, јас пробувам да чекирам карти и да купам седишта само за мене и мм, но виз апликација ми вика дека малиот не можам да го чекирам без седиште. Може само 24 часа пред летот. Некој да ме поучи што и како да направам и како да сум сигурна дека седиштето меѓу нас и мм ќе биде слободно при чек ин за малиот.
Јас колку што знам на тие што ги дава слободни 24 часа пред лет т.е што се без доплата, на нив со чекирање дава детето да е со еден родител. Значи не чекираш предвреме ни за тебе, ни за никој. Ако сакаш да платиш седиште унапред да си одбереш тогаш веројатно треба за тројцата.