Тоа претпоставувам дека е исто кога ќе ја чекирам картатата 24 часа пред полетување како што кажа @Miss_S, пошо ако сакам да купам некои специфични седишта треба и за него да купам. Ќе чекирам 24 часа пред лет па ќе видиме
Ако сакаш да седите тројца заедно тогаш треба да платиш за сите тројца и да бираш седишта. Ако не платиш тогаш ќе ви дадат рандом седишта со тоа што детето иде со еден родител.
Предлог втор крак со 18месечно детуле што маста ќе ни ја извади сигурно тазе проодено Дали има нешто близу плажа или да бараме камп ?
А што носите за пливање во базен за едногодишно дете? До сега во раце го држевме. Дали има нешто соодветно, сите гуми и мускули што ги најдов се 3+? И ако може линк за купување
Женски дајте предлог спа хотел во Србија по бањите што е убав за со деца 10 и 4 години ,да има базен и игротека,некој што сте биле. Јас го меркам хотел Сунце во Соко бања,ама во предвид идат и други места некој ако има одено.
Ејјј мојата тема Пролом бања Планика -Куршумлиска бања Хотел Бела Јела - Луковска бања . Сите овие три бањи се на исти газда. Пролом ти е алл инклузив Планика и Бела Јела се доручек и вечера. Сите имаат фини спа , игротека , биљард , фитнес . Ние од 13.03 одиме Куршумлиска. Ако ептен мора еден да изберам , ќе биде Пролом бања. Само оти е со три пансиона, а иста цена како оние другите кои се со доручек и вечера. Сунце у Соко бања не ми е ништо посебно. Соко бања е убава да ја шеташ ,да. Ама јас преферирам одмор-одмор. Едит Се збунав Пишувам Сунце ,а мислам на Натали Спа у Соко Бања . Сунце не сум била.
Во Sunce не е со минерална вода базенот. Гледав и јас па си мислам ако веќе плаќам толку, барем да имам бенефит од водата Инаку Врњачке терме е супер со базени, игротека,ние бевме со услуга ноќевање и доручек. Не знам имаат ли со полн пансион понуда ама имаат ресторан по мени со нормални цени и вкусна храна
Бубче следам дека ти одиш често баш прав човек за инфо ,и јас си сакам вакви места со природа за уживање. Од овие што ги наброја ми фати око највеќе Куршумлиска тоа хотелот не е лош. А има ли каде околу да се прошета ,патеки за пешачење нешто? Храната убава ли е? Соко бања ми се оде оти многу ми е убава за шетање со деца . Знам дека не е минерална во Сунце ама па убав е и луѓе што биле го фалат многу дека е ептен фемили.А инаку Врњачке терме нема место за тој термин ние кога сакаме инаку се мислев за таму,исто и хотел Тонати ама некој нареден пат.
Пролом бања бевме последно и топ си поминавме. Има игротека, ако е убаво времето има и надвор за играње. Исто храната е врв, се дупнавме од јадење
Врњачке Терме воопшто не вреди за тие пари. Собите се ок , храна ок ( далеку од Пролом и Куршумлија) ама базените не се баш ни најчисти ,а ни убаво топли. Во овие трите хотели што ти ги пишав храната е предобра. Шведски стоп , има многу избор и стварно е вкусно се. За шетање има стази Куршумлиска,има и тениски терени ,фудбалски .. , на 10тина км е и градот. Природата е преубава , поготово сега напролет Блиску до Куршумлија е Прокупље. Тој е најнеубав град во Србија ( Вучич си го прогласи де ) ама има многу убав и голем трговски Ние втор пат еве ќе одиме Куршумлија. Ручек немаш во цената од 120евра за двајца ( дете до 7 е без пари , до 11 пола цена мислам ) . Ама за 10 евра можеш да си нарачаш порција ручек со салата,супица и десерт. Јас уште сега знам што ќе ручам. Два пати купус со пушено, еднаш гулаш и два пати паприкаш со свињетина Прават и убави хамбургери со кајмак. Маж само тоа руча. Базените во Куршумлиска се најубави, најчисти и највеќе на број Не се мисли Резервирај ајде 100 пати поубаво ќе си поминете од Соко. Соко Бања е за шетање поубава ,да. Ама со малото од 4 год мислам рано ти е
Леле Бубче колку убаво образложи баш фала за информациите ,ама за жал ми вратија немаат слободно за тој период, штета. Ништо на крај изгледа Пролом ќе биде.
Торони е премирно местенце, нема баш за шетање. Неос Мармарас е пораздвижено поголемо селце. Ние бевме лани сместени во Неос Мармарас, а еден ден на плажа до Торони. Ако нешто подетално те интересира пиши.
A плажата како ви се допаѓање во Мармарас, битна ни е плажата ама и да има навечер каде да се прошетаат деца?
@azelea со Сунце во Соко Бања нема да утнеш. Детево уште го памти тоа одење на бања. Ептен фино поминавме. Со деца се ептен фини и имаат и разни тракатанци за во базенот за деца (пример даваат мускули, гуми, стапчиња за пливање). Соко Бања всушност е добра за дишење за бањање не е баш да се бањаш во водата долго радиоактивни елементи има. Куршумлиска сите ми ја фалат ние уште не сме отишле. Луковска е топла бања ама малку мириса водата (такви се минералите). За шетање најдобра е Врњачка Бања. Огромно шеталиште има, преубав парк и планински патеки над бањата. Таму ептен добар хотел за со деца е Тонанти. Врњачке терме е на крај град.
Убава е плажата долга широка. Само да си најдете смештај блиску до плажа пошо се е угорници удолници. Паркинг има до доуша одма карши плажата. Ние бевме на другата страна карши пристаништето. На градската плажа одевме со кола. Би оделе и пешки ама да сме сами јас и мм, со бебе пеш не би тргнала ама буквално 2 мин ни требаа со кола од смештајот до градската плажа.