Источен или западен брег на Ситонија за со мало дете? На запад гледам нешто во околина на неос мармарас, да не е баш во центарот туку од страна, или Порто Коуфо? На исток се мислам меѓу Сарти и Сикија, има некој искуство? Уствари дали вреди да се оди на втор крак со дете? Цените се поскапи а втор крак има преубави плажи надвор од овие комерцијални места, за да се искусат треба да се шета секој ден нова плажа а немам со толку мало дете желба за нешто такво. И доколку имате предлог за смештај на приземје со добар двор, слободно пратете. Само да не е никити.
Имам пишувано поназад ние бевме лани Неос Мармарас, преубаво поминавме. За истокот викаат повеќе бранови дека има на таа страна. Шетавме по плажи Лагомандра најмногу ми се допадна 3 дена бевме таму, кога би одела пак би барала смештај таму. Парадизос, Никити, Торони, Елиа бич исто бевме. Каде и да одиш на вториот крак нема да згрешиш. Сегде е преубаво. Разгледај на грчкаинфо или никана има убави смештаи на Лагомандра ако сакаш баш на плажа или Парадизос. Моја топла препорака за тие места имаш. Бебо имаше 1година ние убаво си поминавме баш одморивме.
Во Неос Мармарас бевме кога бев бремена, убаво е ама според мене не е за со мало дете. Ние нон стоп бевме во движење низ околните места. Има преубави плажи на пристојно растојание, ама за со дете мене попрактично ми е смештајот да ми е блиску. Лани бевме во Никити и преубаво си поминавме.
Западниот дел. Зависи и кој период, ама ние, бидејќи секогаш одиме во јуни на море, го бираме западниот дел, бидејќи сонцето заоѓа подоцна, па сме седеле и подолго на плажа, до кај 9 часот. Антемус на Елиа, и Лагомандра хотелите на истоимената плажа се одлични, а плажите се плитки и песочни, за мало дете одлични. На Лагомандра има и приватни сместувања, ама не би знаела да кажам какви се.
Летово изгледа пак Египет, повеќе се исплати од сите други опции со дете од неполни 3г. За некој што локално слабо шета, дајте совет каде да отидеме на воздух, природа за малиот да се истрча викенд? Дома дома, тргне градинка крш за неколку дена… Опциите ми се Берово, Маврово, пОониква.
Берово е супер. Вила Хестија или Лина се убави, нас ни е погодено и да сме само ние во вилата па цел двор за нас. Таман се кај езерото и Аурора, па ќе си прошетате.
Фала ти за препорака! Како е хигиената во Хестија? Греење? продавници има или треба да се носи храна, и патот до таму дали е солиден ?
Подобра него во Лина, подобри се условите некако. Греење си има, а продавници имаш долу, до горе патот си е ок малце кривина ама не е ништо страшно. Појадок/ручек во Манастир е убаво, Мрс Убаво ќе си помините. И на Бела Вода е убаво, таму пак има и коњи, отворено е за трчкање за деца, може скара да си правите пошо таму оди како куќарка се изнајмува само за вас, па дворот е загарантирано за вас само.
Пониква, Апартамни Костески. Преубава природа за шетање, на саат ипол од Скопје, 3 супер кафани за ручек, во Магнолија има и игротека за кога ќе стемни. Прв пат бев во јануари и дефф секоја година ќе одиме.
Само Сарти би ти рекла не. Не е за со мало дете. Често има бранови, водата е длабока и има едни од најопасните струи од плажите на краците. Неос мармарас ако најдете сместување на страната накај порто карас таму плажата е убава и песочна. На другава страна има убави апартмани на сама плажа, ама плажата не е песочна колку што се сеќавам, туку ситен камен. Ние дека одиме крај на август секогаш преферитам западен брег, повеќе време да се искористи на сонце. Евентуално да го видиш Торони. Убава песочна плажа, запад, мало мирно местенце.
А дали има некoја да каже нешто за трет крак, поточно Ierissos? Дали сте задоволни од местото и плажата?
Преклани бевме со дете од година и 3 месеци, со уште еден пар. Бевме сместени во Terra d'oro што е малку настрана, па одевме со кола до гратчето. Мене лично местото многу ми се допадна, водата чиста, местото мало ама сосема доволно со се што ти треба. Плажата ми беше убава, само длабокото почнува одма. Не знам на која возраст ти се децата ама плитко што се вика и нема, одма длабоко. Тоа беше моето искуство. Моево нејќе да се бања па тоа не ми преставува проблем, ама за деца пто сакаат да се шлапкаат, треба поголемо внимание. Еве ако споредам со Никити, таму е милина плажата дека е плитка. За Неа рода и Олимијада имам слушнато убави искуства ама никако да начекам смештај.
Можеби таму кај што бевме ние сместени беше таква плажата иако и во градот ми личеше исто. Баш е нагло длабоко, 5 чекори и до врат. За дете до сега Никити највеќе ни се погодило. И Фурка не беше лошо.
Lagonisi од другата страна едно 10 мин вожња. Скапи се лежалките ама има делче и за свои крпи. Ако можам секој ден, секој ден би одела на таа плажа. И Talgo е мн убаво ама не знам дали имаше дел за да ставиш своја крпа.
Па да не претерам 30 40 евра 2 лежалки во прв ред беа на Талго лани. Погоре 20-30 евра. Ама јас скроз би одела таму, незаменлива ми е плажа и вода. Како базен. А башка ви е блиску од Никити. Всушност јас заради тие плажи и одам на втор крак Иначе имаше и на двете за свои крпи и чадори место.
Не шетавме искрено, бевме сместени по на крајот накај Кукунари и Каливаки ама не одевме таму, некако многу гласно ми беше. Плажата тука е поширока, смештајот ни беше одма тука на плажа. Буквално беше двор, плажа, двор, дремка, плажа, спиење. Уживанција. Со дете барам смештај исклучиво со двор.