Цените што ги пишува овде се точни (барем лани беа тие). https://nikana.gr/sr/vodic/sitonija/plaze/1870/lagonisi-plaza
Nikana ние пуштивме капар преку вестер унион мислам беше 30% од сумата. После на лице место се доплаќа остатокот.
Пред некој ден баш плаќав на Никана преку Paysend, мене така ми е наједноставно. 25% сега при резервација, а остатокот најкасно 28 дена пред поаѓање. Прочитајте си убаво за услови на плаќање, секој различно си одредува. Некои остатокот го бараат на ден на пристигнување. Провизијата е 1,5% од сумата.
Искуство некој да сподели за Јонско море од 13 јуни? Си викам да не е камен ладно, а деца не можиш да ги извадиш од вода.. или сепак на егејско да си одиме..
Во Јули беше ладна водата. На најубавите плажи е веднаш длабоко. На втор чекор е над 2 метри. Плус бранови може да има 10/10 дена. Егејско за со деца е многу многу подобра опција
Не знам каде би оделе ама јас кога бев на Лефкада во сред август ладна беше водата. Егејско е многу потопло.
Некои места се баш како бара, средина на август. Јуни знае да биде променлив, па водата да не е толку топла.
Имам малку така побезвеза прашање. Планираме одмор со дете година и пол ќе има тогаш, но, страв ми е за некои подалечни, поегзотични дестинации. Што од долгиот пат, климата, водата, болести.. Е сега, си велам ако и годинава не го однесам негде далеку, ајде пример земам Маурициус или Доминикана, ќе се плашам и наредното лето. Оправдан ли ми е стравот? Не сум тип на мајка што го држи детето во стаклено ѕвоно, но сум аналитичар и секогаш правам про и конс. Рано ли е за таква егзотична дестинација или не?
Јас мислам дека е рано.И моето ќе биди в лето година и пол и Грција ми е многу верувај. Едно по пат што едвај седи, друго што и кога не е во кола не застанува на едно место. Откако прооди нонстоп врти. Еве да речиме некоја таква далечна дестинација одиш, ќе треба само по бебето да трчаш, како што се сега овој период љубопитни, се сакаат да видат, да допрат.. има убавина во се тоа, јас уживам со ќерка ми ама да одам негде далеку, да платам скапо и раат да немам, не. Има време и за такви одмори, кога ќе се заигруваат сами, кога ќе можат да кажат што сакаат а што не.
Такви дестинации пред дете или кога ке порасне. Па и самото да знае каде оди, да се сеќава дека посетило некоја егзотична дестинација. На дете од 1, 2, 3 години, па еве и на моево од 5, море и песок му се море и песок. Дали Грција прв крак или втор, дали Занзибар, исто му е. Се бања, прави замоци, и навечер некогаш и не излегуваме. Капсан е. Да стегнеш дете на 2-3 лета кои се најмалку 12-15 часа, плус паузи меѓу летови, дремење по аеродроми, е поштено малтретирање. И за вас и за детето. За некаде и визи треба. Па ако нема, треба да одиш во БГ или Софија во амбасада. Да не зборам дека може да настине. Моево имаше запаление на уво во мај/јуни. За Грција лесно, ке откажеш или ке пропадна 100-200 евра капар. Ама ваму е 2000 по човек, платено однапред. Ако се ова ти е прифатливо, тогаш супер.
И моето ќе е година и пол и не се нафаќам уште да го водам на таква далечна дестинација зошто од лично искуство знам колку е напорно патувањето. А колку мене ми се оди тоа е др. работа Најсоодветна возраст според мене е кога ќе тргне на училиште, па и тогаш сигурно најмногу ќе зависи од самото дете. За жал сите тие убави егзотични дестинации се далеку
Искрено, зборувам за мене, на Грција ништо не и фали. Водата топла е , плажи има супер, цените прифатливи. Плус тоа дете ко дете не му менува многу кај е. Нас лани ни се случи воспаление да има на тестиси среде одмор. Па трчавме по болници таму.Саат и пол пат оддалечена болница. И тоа во ферквентна дестинација.Средија се докторите со терапија таму ама во главава ми зуеше дека ако е нешто посериозно отколку што мислам - не делат неколку часа пат до дома. Таква привилегија некаде далеку појдени нема. Јас планирам Турција да одам по некоја година. Има тобогани, аква паркови, ама што ќе ни се сега на 1 и пол година едвај проодена. Можи само да ги гледа.. И без деца,сама кога би била не би одбрала да одам на одмор некаде кај што треба да патувам долго. На некое друго патување да, ама за одмор каде одам да се одморам што ќе ми е такво замарање.
Зависи од детето и зависи од вас. Некои деца полесно патуваат некои не. Додуше тоа и од родителите зависи. Јас носев дете во друга земја на два месеци на година и пол. Па од таму а одмор па дома се прибравме. Во авион ОК беше. Менувавме два авиони и ОК поднесе. Потоа секоја година некаде се акавме и не сме имале некои поголеми проблеми. Детето ми е живо и инаетливо и бара занимација. Ако си ти подготвена ќе се снајдеш. Искрено авион полесно поднесува отколку кола (во кола знае да поврати сеуште иако има 9 години). На егзотичните дестинации има супер хотели. Бирајте нешто child friendly и ако ви се оди одете. Е сега ќе имате и вие прилагодување. Нема шетање касно, дневна дремка ќе треба да планирате итн итн.