Токму така. Но и Халкидики не е за потценување. Има прекрасни плажи, со кристална вода и не можам да кажам дека одам таму бидејќи само таму е згодно. За со дете е добитна комбинација, блиску а има опции многу. Ако ептен сака некој подалеку, има острови каде што има еден лет и трае неколку часа. Муабетот ми е дека на мала возраст не прават разлика каде е плажата, додека е плажа и песок.
@KuklickaSk Грција за луѓе од Европа не е егзотична дестинација. Пред се заради вегетацијата и плажите. Грција не е Халкиди, ама секаде е слично. Плажи песочни или карпести без корали и претежно со вегетација од зимзелени дрва, маслинки и по некоја палма. Нема мајмуни, летечки лисици, корали и слично. Малдиви, Сејшели, Маурициус, Африка, Јужна Америка се егзотични дестинации. Заради вегетација и море/плажи и секако клима. Скроз поинаку изгледаат тие егзотични дестинации. За некој од Маурициус Грција е егзотика. За дете од Бразил на пример Македонија во зима со снег е егзотика. Кај нас Грција е претежно Халкидики ако си со дете заради наводна близина (иако патувањето е 4/5 саати минимум). Островите се поспецифични, ама не се некоја огромна егзотика. Плажи од различен вид и бираш или да си во стар град или да си на плажа без некоја специфика во смештај. Исто како Шпанија, Турција и слични дестинации. Нема некоја егзотика.
Халкидики воопшто не е за потценување. Не знам како литературно да го наречам, но во Грција моментално се случува ,,промена на посетувањето на туристичките места". Мислам на тоа, прецрнети и скапи дестинации како Санторини, Миконос, Закинтос, странските туристи од западот, ги заменуваат со Халкидики. Тоа би било лошо за нас и за србите. Бидејќи доколку почнат да доаѓаат такви туристи, цените ќе се покачат, а на нас тоа не ни оди во прилог. Друга работа...баш цел Халкидики не би рекол дека е погоден за со мало дете. Пример, западната страна од Касандра и Ситонија не е баш за со мало дете, од причина што на некои плажи е длабоко, има карпи, а и морски ежови. Погодни места за со мало дете се источната страна на Касандра и дел од источната страна на Ситонија, по можност да се избегнува Сарти на тој крак. Исто така за погодни места би ги додал Неа Каликратија и Олимпијада, кои се со плитка вода и погодни за деца од сите возрасти. Халкидики е една од топ дестинациите во Грција и за наша среќа, ни е многу блиску.
Закинтос не е на исто ниво со Санторини и Миконос. Во однос на цена. Секако не може баш секаде на Халкидики со дете, ама избор има доста. И се е на макс 5 часа. Каликратиа ти е 3 часа од Скопје. Не знам дали Халкидики може до тој степен да стане атрактивен за странци, покрај островите.
Iscitav i nanazad ama da spodelite ako moze iskustva za dete 2,5 godini i odmor vo Turcija - juni, period 08, ili 16 nekade. Kako ste pominale ? Se kolebam megu turcija - side, ili grcija - nekade po kracive vo vila...
Турција ние одиме период крај на мај почеток на јуни, 16ти ви е касно мислам, јас не сакам жештини 40 степени, а и за децава исто. Турција е за со деца врв, Грција јас лично не сум задоволна и не ми нуди тоа што јас сакам.
Ако може да споделиш Преку која агенција идете и кое место сте задоволни од плажата за со деца Турција? Јас два пати до сега сум била мармарис и анталија и не сум баш воодушевена од плажа
Анталија сум била во Лара и Белек, оваа година сме Кемер. Ние бираме хители со своја плажа, па така да искрено тие се преубави, пречисти, нема еден пикавец, јас лично се гадам од тоа и ужасно ми е кога ќе видам дете додека си игра и налет на пикавци аууу. Одиме преку агенција од Австрија. Нас исто ни е битно да е плажата одма тука, да ни е собата достапна во секој момент и да не сме ограничени со саат за јадење, па така да моментално Турција ни е број 1 за со деца, да не зборам за забата што ја нудат за малите.
Како се организирате на одмор со дете? Со бебе беше лесно, се стававме под количка, но сега веќе со толку работи на плажа? Препорака за торба за плажа што би собрала се?
Дали некој бил лани Кавала тој регион близина на Тасос!за со помали деца како се плажите? Гледам агенцииве доста годинава и тој регион го нудат некој од свое искуство
Кавала е многу убав град сме биле на шетање не на плажа. Ние сме биле Апсорвалта, Ставорс, Неа Врасна таму за со деца не е. Ставрос се прифаќа има убави плажи. Ама Неа Врасна и Апсорвалта многу длабоко е нема плитко за деца. Тасос ке одиме во јуни па ако сте покасно на одмор ке пишам како е.
Јас сум била во Кавала ама без деца и подамна, во Неа Перамос селце едно. Градот е мн убав, плажата кај што одевме беше сон, голема широка песочна со плитка вода. Сенки нема природни, имаше доста бич барови.
Во околината на Кавала има преубави плажи, мене лично фаворит ми е Амолофи, преубава плажа. За жал, нема голем избор на сместување директно на плажата, бар немаше воопшто сместувачки капацитети ние кога бевме, сега има неколку, гледам на мапа. Нема да згрешите ако отидете таму, барај ги Ammolofoi villas. Плажата е преубава, ако најдам слика, ќе ти пуштам. Сместени бевме во Неа Перамос, оттаму со кола секој ден на плажа идевме, ама не ми е криво оти за деца е одлична. Пак би одела. Исто и Тоска хотелот е одличен, ама таму треба да резервираш од ова лето за следното, тешко се наоѓа слободна соба.
Фала ви на деталите да баш гледав преубава личи на слики сигурно у живо уште поубава. Да и за хотелот веќе видов преку некои агенции нема да се се за во спиц сезона август со посолни цени. А и тасос гледам многу избор и убави плажи и фамилијарен остров
Преку агенција или сами и кое точно место на тасос кај скала потамиа ми препорачаа дека е убава плажата