На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.512
    Допаѓања:
    1.424
    Ве молам за помош, имам дете скоро 4 год има голем страв да пробува храна... сега на море не знам ни што ќе јаде воопшто, само помфрит и пица само од Доминос , никако од др место
    сега што ќе јаде на море?! ќе уплатиме во хотел, од сабајле ќе си јаде како пекара што е ама ручек, вечера.....ме плаши искрено , не знам веќе што е попаметно...
     
    На Panovic му/ѝ се допаѓа ова.
  2. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    2.892
    Пол:
    Женски
    Има доста овошја во Хотелите. Поправило верувам ќе има огромен избор за јадења, не е конкретно едно јадење па ќе може да избере.
    Во случај ако не му се допаѓа надвор е друга опција. Гиро или залажи го дека компирите се од Доминос.

    Како и да е сигурно ќе биде гладен од пливање, трчање.. сигурно ќе јаде без да размислува.
     
  3. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.987
    Допаѓања:
    4.803
    Нас леб и помфрит ни е храна за на одмор од година ипол. Во хотел бар имам опции. Сега ја оставам да бира, на крај пак со исто завршува, ама може ќе се залаже и со друго. Ништо не им е на одмор се.
     
    На dromka и sani99 им се допаѓа ова.
  4. marijasfumato

    marijasfumato Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2019
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, оваа година се одлучивме да одиме на одмор во Турција. Дали можете да ми препорачате хотели за со мало дете 5 години? Планирам преку Еуросава. Би ви била благодарна доколку некој сподели искуство.
     
  5. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    1.537
    Пол:
    Женски
    Nie gledavme za Turcija godinava no se ispostavi deka e preskapo. Ona sto ne sovetuvaa e nezavisno od kategorijata na hotel da citame recenzii i za toa kakvo e moreto, imalo preubavi hoteli no plazata ili so kamenja ili dlaboka. Ne bi sakale odmorot da go pominete na bazen so dete, zatoa citajte i izberite vnimatelno :) obrnete vnimanie i dali hotelot e na samo more ili podaleku
     
    На marijasfumato и Isabela23 им се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    25.695
    Пол:
    Женски
    Иста имам. На одмор јаде помфрит и шпагети без ништо. Имаме барано топчиња од сабајле што даваат да ни дадат за вечера. Ние имаме проблем што и јас да го спремам ако не е дома немат доверба и не сака да проба никако. Пример седиме кај баби дедовци со недели и она живее на банана оти не било ништо како дома (facepalm)
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. **hippyyy

    **hippyyy Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Женски здраво
    Сигурно имате пишувано ама немам време да барам.
    Ако може да ми дадете препорака за добри хотели во Турција?
    Од лично искуство ако имате.
    Фала ви
     
  8. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.060
    Допаѓања:
    6.509
    Пол:
    Женски
    Значи сто пати се премислуваме со мм за овој одмор. Сега сме заинтересирано за Неос Мармарос и Регос ресорт хотел па пукајте тие што сте биле. Какво градче е има ли убаво шеталиште таверни колички за деца?
     
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    25.695
    Пол:
    Женски
    Дали некоја од вас била Хрватска ( Опатија, Рјека, Ровињ)
    Словенија во Порторож и во Италија ( Градо, Лигнано или Јесоло) овие места ни се на 3-4 саати од дома, па сакаме еден продолжен викенд да отидеме на море. Сло и Ит сум сигурна дека се песочни плажи ама Хрватска? Како е со цени низ плажите/рестораните?
     
    На SanelaS му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.113
    Допаѓања:
    18.905
    Пол:
    Женски

    Неос Мармарис е убав за шетање, има угорници уздолници ама има и шеталиште покрај море. За еден круг пред спиење е таман или вечера и дома
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Неос Мармарас е цел удолници угорници ама има рамен дел покрај море да и баш таму има колички за деца и занимации и има исто воз за атракција што врти кругче околу шеталиштето што е покрај море.Значи во правец на градската плажа тој дел ми е ок.Се зависи кај ви е хотелот,ама иако е такво местото мене ми е преубаво. За таверни има еден тон,аптека, доктор, Масутис.
     
    На Anturium и Carolin. им се допаѓа ова.
  12. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.060
    Допаѓања:
    6.509
    Пол:
    Женски
    Да резервирам ме мотивиравте. Угорнините нема да ни сметаат валда штом шеталиштето е покрај море зашто хотелот е на сама плажа со приватна плажа е. Секако и лагомандра биџ ми е во план на 4 км е од хотелот
     
    На simpleewa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Видов на мапа каде ти е хотелот, за да не те зафркнам ама да знаеш многу е далеку од ова шеталиште јас што ти го кажувам,нема шанса пешки да стигнете ќе мораш со кола,за паркинг е секогаш гужва.Хотелот ви е скроз на другиот крај на Неос Мармарас од овој. А таму во тој дел стварно не знам што и како има не сум била натака.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.814
    Допаѓања:
    202.831
    Пол:
    Женски
    Хотелов не е во Неос Мармарас, туку во селцето пред него. Пешки нема шанси до градот да одите, оти цел рид ве дели. Има шеталиште и таму кај што ќе сте сместени, ама не е големо.
    Плажата не е баш песочна, да знаеш, крупен песок и камчиња има и знае да биде длабоко на места, не е целосно плитка.
    За шетање навечер во Неос Мармарас мора кола. Паркинг се наоѓа, не дека не, порано излегувајте за да немате мака. И средство против комарци обавезно да си носите.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.113
    Допаѓања:
    18.905
    Пол:
    Женски

    Е сеа зависи што барате и каков одмор сакате. Ние го биравме како база за да шетаме по околината, за навечер е баш убав полн луѓе иако ние бевме после 5ти септември. Јас пак би го одбрала ако треба да одиме натаму. Нас ни беше нешто потребно на средина за да шетаме по плажи. Бевме на плажите: Лагомандра (2 пати), Евиа, Торони, Никити бевме еден цел ден мислевме дека ке врне пошо беше облачно па ајде да прошетаме ама пукна сонце после па истетавме цел ден и на градската плажа во Неос Мармарас. Паркинг не се плаќаше низ градчево и затоа тешко се наоѓаше. Нас апартманот ни беше во центарот кај пристаништето, за на секоја плажа одевме со кола. Затоа велам зависи што бараш. Како база за шетање јас пак би го одбрала.

    Не можам повеќе слики да ти ставам, голем формат ми дава дека се.
    20240905_201153.jpg
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    2.892
    Пол:
    Женски
    Сум била во Ријека, Ровињ, Пореч. Преубави места, само да знаеш дека се карпести плажи. Преубаво зеленило, мали градчиња доволни се по 2-3 дена за да се види се. По ладна е водата бидејќи е Јадран, скапо е искрено со цени. Барем беше пред 3 години, сега мислам и поскапо е од тогаш. Но вреди да се оди. Венеција е на пола саат со брод. Има убави аранжмани, со делфини, преубави зајдисонциња во лето!!
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.060
    Допаѓања:
    6.509
    Пол:
    Женски
    Среќа ја одберав опцијата да резервирам со покасно плаќање, сега кога ве читам на мисла сум да го откажам смештајот. Не барам баш база, сакам смештај веднаш до солидна плажа зашто син ми уште спие преку ден и за тоа време ќе сме во соба. За навечер исто за шетање сакам да сме блиску за пеш да одиме, мм е нервен кога бара паркинзи во грчка па да избегнам што помалку нервози :D Многу барам а? Ај ќе рагледам уште нешто ептен ми се допадна неос мармарос ако имате предлог смештај со доручек пишете. Фала ви :inlove:
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    153
    Ние со години идевме во Парадизос за мене тоа е рај на земја. Заоѓа сонце у 21,30ч, а зависи колку си физички спремна, ние секогаш одевме пешки преку ридот до Неос, со бебе и кучиња… кога сакавме да се шетаме се прибиравме порано од плажа, се туширавме и идевме пешки, па докај 21-21,30 додека е уште ден назад у апартман. Плажата е преубава, најчесто никој освен тие од смештај не доаѓа, па не е гужва. (барем јуни и почеток на јули кога сме оделе). Исто така имаш воз кој што е прекул авантура и за деца и возрасни, можеш пешки на идење а кога ќе се стемни со воз назад, имаат распоред пбјавеноо мислам дека 22,30ч беше последниот воз. Плажата е прекрасна песочна, нема бранови зошто е во залив…
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.265
    Допаѓања:
    35.150
    Пол:
    Женски
    еш
    Плажите во Хрватска се поубави отколку во Италија. Италија во тој дел на Јадран се песочни, Хрватска се покарпести или со ситни камчиња. Во Хрватска на плажите често има борови/чемпреси и тоа е најубавото нешто зашто имаш приордна сенка и прекрасен мирис. Сместувањето и плажите се во склоп на старите градчиња што исто дава шмек. Опатија е уствари плажа/шеталиште за Ријека (иако има и други места со плажи околу градот).
    Италија во тој дел плажите не ми се нешто инспиративни. Песок и лежалки. Градчињата се со новоградби.
    Словенија не сум била и не можам ништо да кажам.
     
  20. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    25.695
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу. Нас за 2-3 дена ни треба, знам дека Италија тој дел не е морето нај нај ама тие ни се опциите за со кола. Јас сум повеќе за Хрватска ама мм мисли дека уживање со деца таму нема да има :rofl: