Најдов интересен смештај во Торони, т.е фактички пред Торони, Destenka. И таман да го букирам од никана имаа објавено едно рилче за Торони, ги читам долу коментарите многу луѓе се жалат на проблеми со канализација, дека уствари имаат септички јами и многу често мириса? Дали некој е запознаен со ова?
Дестеника е плажата одма пред Торони, преубава е, плитко за децата, рај за очите. Да, Торони нема канализација но еднаш дневно, обично попладне, ги чистат јамите и тој саат време мириса, ама ништо страшно. Мириса околу куќата кајшто чистат, тогаш го минат цело село. Лани бевме во Торони, и често одевме на Дестеника, нема да згрешиш.
Па генерално по селцата на краците нема канализација, со септички јами се. Ги чистат секој ден, сега зависи во кое време од денот, тогаш прилично мириса. Ама не е цел ден, час-два е.
Цел Халкидики е со јами. И секаде мириса на канализација од време на време. Не е некој елитен туризам на Халкиди освен што има десетина луксузни хотели и комплекси. Тоа е што е.
Е веќе немам идеја каде да барам. Не ги сакам краците многу, уживам подоле на плажите на јонско, ама сега ради бебе ќе одиме поблиску. Секогаш одиме крај на август/почеток на септември, ама оваа година ради првачево планираме прва половина на јули. Е сега ве читам тука за парадизос во Неос Мармарас. Најдов на букинг едно фино хотелче (ваљда), Мирамаре се вика, баш е на плажа. Искуства? Метаморфози не сакам, бевме еднаш кога големава беше бебе и ич не ми се бендиса. Олимпијада некако ми е мех, иако немам лично искуство. @Lavender13 може линк од смештајот? Или дајте некој предлог да е поблиску, со фина плажа со се со ред за бебе ?
До сега две години со ред одевме од 25.08 има гужва онака нормално не се осеќа дотолку големо е шеталиштето и плажите се големи така да не се осеќа напнатост и гужва дотолку
За хотелот немам искуства, ама плажата е крупен песок, и знае да биде одма длабоко. Секое утро ја шетав цела плажа, убава е, има лежалки и чадори (не знам дали се наплаќаат, ние кај што бевме сместени, ни следуваа две лежалки и чадор за апартман без доплата). Ама не знам дали е за мали деца, макар што беше преполно дечиња до пет години, така што верувам дека е ок. Плус имате близу продавници, пекари, на самата плажа има таверни, мислам дека ќе ви биде добро. Местото е преубаво. Едит: еве ја плажата, лош е аголот, ама не можам да ги најдам сликите оттогаш
Линк. Се е убаво, ама скапичок е, а не би лупнала толку пари за да ми мириса на канализација еднаш дневно, не знам некако, се мислам.
Јас воопшто не сум била во Грција на одмор, дали може да ми препорачате местенце со песочни плажи, погодно за мали деца. Малото ќе биде 10-11 месеци, да биде блиску за возење. Знам дека ептен во ек на сезона е крај на јули, ама немаме избор за друг термин. До сега не сме биле на одмор на море, големата само еднаш ја носевме на одмор на планина и немам никаква идеја што да очекувам со деца на плажа, барем да не биде ептен гужва.
А Никити каква е плажата и морето, јас таму резервирав? И мене ли ќе ми служи само како база за шетање хаха
мала помош од поискусни мамички може некоја да ми каже што основно носите аптека на одмор.. колку да се преслушам .. ви благодарам
Сирупи за :тт, пролив, повраќање алергија. Електролити и топломер. Можеш и некое фластерче и хидроген за чистење рани да си земеш ( зависи колкаво ти е детето) јас лично тоа не сум го зимала никогаш и не ми ни затребало.
Убава песочна, ова зборам за градската кај шеталиштето, не многу голема. Има кафичи па лежалки на плажа. Како што одиш на лево од пристаништето се стеснува плажата. Многу се блиску плажите греота е да не ги посетите ако можете. 15-20мин макс ви е возење по плажи. Торони едино што е подалеку, ама и тоа зависи каде си сместен.
Да и јас сакам да ги посетам, но синчето ќе има 19м и има една дремка околу 12 часот, нз за тоа како ќе правиме Лани се снаоѓавме и преспиваше на плажа, но сега е поголем и мислам дека нема да сака. Вие како правевте, со деца бевте?
Да лани бебо годинка имаше, на плажа една дремка тераше на лежалка. Па после некогаш и во апартман знаеше да преспие 30-40мин. Внуката со нас беа она имаше 20 месеци со една дремка на плажа поминуваше.
Ние се вративме од Никити во саботата. Не ни е прво идење, мене ми се свиѓа местото/селото. Плажата е пространа и има место и за сопствени лежалки а има и доста кафичи на плажа со лежалки. Имаш маркети локални а има и Лидл и Масутис. На тој што му е битно има и педијатар а има и лабораторија. Морето е убаво и чисто ама има доста одење додека да стигнеш до длабоко. Јас на пример сакам одма да е длабоко да не морам маратон да изодам. Доста фамилијарно место е и генерално одат родители со деца или пензионери што сакаат мир и тишина. Има места за седнување и за шетање. Во близина ако ви се вози има мн убави плажи во непосредна близина на не повеќе од 20мин, Ковиу, Лагомандра, Ормос Панагиас. На пола саат е Неос Мармарас како поголем град за шетање. Се на се убаво место, кога би одела на втор крак на одмор би одела таму деф.