Сирупи за температура и алергии, лепенки за температура, виранто носам обавезно, електролити, капки за очи (ама мојов е со алергии па заради тоа), топломер, пробиотик, крема за убоди од инсекти. Тоа од прилика.
Afterbite обично носев, да бидам искрена немало потреба да ја употребам фала богу, сега за летово ќе земам ваљда од само природно прифилот на инста има и спреј за заштита и смирувачко масло за убоди.
Во сезона водата не е мн.чиста. Ако се во можност за шетање лесно може да се отиде на околните плажи што се многу поубави Лагомандра, Ковиоу, Калогрија, Амудиа кај Ормос.
https://www.instagram.com/samo.prirodno.mk?igsh=NzdhbDJiamJqM21p Повели во порака кај нив можеш да порачаш
Здраво, прв пат сакам да одам во Грција на одмор со 4 годишно дете. Кое место би било подобро за неа да биде ситен песок и плитко а сепак да е големо место (град) , да има за излегување и да е пораздвижено, не сакам село.
Така поголемо место ти е Неа Мудања, друго се' се селца. Евентуално Ставрос да видите. Ама и тоа е село, нема големи градови на краците. Секако во сезона е раздвижено кај и да сте, горе долу сите села имаат шеталиште. Плажите се скоро секаде убави, на вториот крак ми се поубави, видете Никити, Торони, можеби Сарти, ама не ми е баш за со мало дете
Таа комбинација тешко во Грција. Можеби Неи Пори би ти одговарало, така поголемо село е или Парга како град , ама таму не се баш тука плажите на дофат. Незнам како ги замислуваш селата во Грција, ама убавите плажи се надвор од град.
Не е и тоа толку големо, а градската плажа не е убава. Подобра е Амолофи што е во близина, ама треба секој ден со кола да одите до таму. На сама плажа немаше сместување кога бевме ние, сега не знам. Додуша ниви и приватни имоти беа спроти плажата, па може и некој изградил нешто. А за шетање, шеталиштето не беше ништо посебно. И вриеше Бугари, сите во хостели се сместуваа, со едно купатило за цел спрат.
Ако е голем град, ке има пристаниште, а не сакаш да се бањаш таму кај што има бродови. Полихроно е раздвижено од прв, Никити на втор. Каликратиа ако ти е за ептен блиску. Ама тоа се села, со многу наши туристи и Срби.
Сарти или Никити. Не се огромни ама има се што бараш и плажите и центарот не се на големо растојание. Полани бевме Никити, сега ќе одиме Сарти ние
Некој да не бил Неа Потидеа лани годинава? Бевме со мм кога бевме дечко и девојка мн мирно место, убави големи плажи ама памтам немаше ништо продавници, се беше затворено, крај на август.
Ако не ви смета возење, ние лани бевме Парга. Малата имаше 3 години. Гратчето е преубаво а и плажите во околина. (Нас ни беше второ одење таму) Оваа година ќе идеме на Лефкафа, малата има 4 год. Возењето саат плус од Парга. Од краците за поблиску на втор крак најголем град е Неос Мармарас, има градска плажа од страна што е солидна според мене. Другото се е мало населено место. Исто и Сарти е така пораздвижено и плус од таа страна има убави плажи за посета. Првиот крак не ми се свиѓа ништо од плажи и туристички места. Едино може јужниот дел од кракот. Од острови исто и Кефалониа ми се свиѓа ама и до таму има пат. Ако трпи детето возење тој дел натака е многу убав. Ние од мала ја челичиме нашава да сака да патува и да ужива во што би рекла она - одиме на нова авантура.
Никити може да ти биде таман, плитко е, само на оние места кај што бев има ситни камчиња, не песок. Има продавнички за сувенири, долго шеталиште со многу кафичи и ресторани, супермаркети меѓу кои и Лидл. На 10 минути возење е Ормос Панагиас и го има баш тоа што и јас го сакам, долг плиток дел, на почеток се камчиња после тоа ситна песок. Се спуштивме до Сарти, убаво грратче, но бранови огромни, ветар постојано. Неас Мармарас бевме само на плажа ама немав прилика да прошетам.